Катерина Јовановиќ, Maкедонка што глумеше во турска серија: „Проблем беше турскиот јазик, но се запознав со моите идоли“
Снимавме во битолското село Маково и на различни локации низ Скопје.
Го уживав секој момент за време и вон снимањето, најмногу поради прецизната и брза работа. Единствена тешкотија или „блага мака“ ми беше турскиот јазик кој сè уште не го владеам, но се надевам во најскоро време ќе биде и тоа.
Како помала почесто гледав турски серии и филмови, веројатно поради поголемото слободно време, но отсекогаш сум сакала да следам и читам нешта во кои зборуваат за длабоко суштински теми како што се, љубовта, семејството итн.
Секој снимачки ден од серијата ми беше интересен, а најмногу поради тоа што нашата заемна комуникација се одвиваше на неколку јазици, па секогаш ни беше потребно доста време за да се разбереме и започнеме со снимање на сцена.
Снимањето беше само во Македонија, сѐ уште немам никогаш снимано во Турција и секако доколку би имала шанса, не би се размислувала многу и би прифатила.
Сум ја посетила Турција двапати и оваа земја воопшто не ги разочара моите очекувања.