Емилија од Велес, мајка на дете со аутизам: „Андреј (10) беше напредно дете, но по вториот роденден сè се промени“

„Андреј до две години беше дете со типичен развој, дури беше и напреден во споредба со другите врсници – пред година прооде, почна да зборува, бременоста беше нормална и породувањето без проблем. Проблемот се јави по вториот роденден кога почна да плаче многу и без причина, а плачењето траеше сè до септември кога престана да плаче, но престана и да зборува – буквално се исклучи …“, ја започнува својата приказна Емилија Златкова-Анастасова (40) за CRNOBELO.com, мајка на 3 деца, која вели дека е среќна што нејзиното синче со аутизам е одлично прифатено од другарчињата на училиште.

emilija-od-veles-majka-na-dete-so-autizam-andrej-10-beshe-napredno-dete-no-po-vtoriot-rodenden-se-se-promeni-01.jpg

Емилија Златкова-Анастасова (40) е дипломиран професор по македонска книжевност и македонски јазик, главен уредник во издавачката куќа „Збор“ во Велес. Родена е во Кочани, од четири години живеела во Пробиштип, каде завршила основно и средно училиште, а сега живее и работи во Велес.

Таа е сопруга и мајка на три деца. Со пишување се занимава од детска возраст и вели дека откако се сеќава за себе сакала да чита и да пишува. Има издадено 9 книги.

Нејзиниот најмал син Андреј (10) е дете со аутизам, а таа ја споделува нивната приказна јавно за да помогне на други родители на дечиња со аутизам да знаат дека не се сами.

emilija-od-veles-majka-na-dete-so-autizam-andrej-10-beshe-napredno-dete-no-po-vtoriot-rodenden-se-se-promeni-18.jpg

Емилија за CRNOBELO.com ja споделува нивната приказна…

Кога му беше дијагностициран аутизам на Андреј? Дали во текот на бременоста или по породувањето? Што ти мина низ глава, како реагираше?

Андреј до две години беше дете со типичен развој, дури беше и напреден во споредба со другите врсници – пред година прооде, почна да зборува, физиолошки потреби почна да извршува сам на 13-14 месеци и сл.

Бременоста беше нормална и породувањето без проблем.

Проблемот се јави на 2-годишна возраст, многу брзо после вториот роденден кога почна да плаче многу и без причина, а до тогаш и како бебе беше мирно и неплачливо.

Во мај наполни две години и веднаш по роденденот започна со плачење и плачењето траеше сè до септември кога престана да плаче, но престана и да зборува – буквално се исклучи, како кога компјутер ќе го исклучиш директно од напојување на електрична енергија.

Престана да реагира на повикување на името или кога му се обраќавме, се повлекуваше сам и не комуницираше. Престана и сам да извршува физиолошки потреби и вративме пелени.

emilija-od-veles-majka-na-dete-so-autizam-andrej-10-beshe-napredno-dete-no-po-vtoriot-rodenden-se-se-promeni-10.jpg

Како му беше дијагностицирано?

Патот на дијагноза беше долг. Кога Андреј се промени, веднаш баравме совет од матичната докторка, но таа нè советуваше дека нема проблем, дека некои деца подоцна прозборувале (иако имаше претходно говор) дека можеби му е реакција зашто скоро имавме селидба од еден во друг стан и сл.

Но, ситуацијата не се менуваше и ние инсистиравме да нè испрати на специјалистички прегледи. И таму не наидовме ниту на одговори, ниту на решенија – ни велеа дека е мало детето, за само по една година да ни кажат дека веќе е големо.

Јас почнав сама да истражувам и се сетив дека имав пријателка од времето на студирањето што студираше дефектологија, па се консултирав со неа и таа ми даде првични насоки и почнавме со дефектолошки третмани. Таа беше прва која ми укажа на сериозноста на проблемот и дека не е проблемот само со говорот, но имаше и многу други сензорни проблеми, што јас претходно не ги гледав. Таа ми укажа и на тоа дека ова ќе биде долг процес на борби, а јас до тогаш си мислев со неколку третмани и ќе биде сè во ред.

Следуваа многу испитувања во Македонија и странство, терапии и сл. Дијагнозата како дијагноза, конечно ја доби дури на 7 години кога требаше да тргне на училиште.

emilija-od-veles-majka-na-dete-so-autizam-andrej-10-beshe-napredno-dete-no-po-vtoriot-rodenden-se-se-promeni-04.jpg

Како е да се биде мајка на дете со аутизам? Чувствуваат ли луѓето емпатија кон вас?

Да се биде мајка на дете со аутизам е исто како да се биде мајка на кое било друго дете – секој ден е полн со нови предизвици, само што ние имаме и некои малку поразлични и поинтензивни од другите.

Емпатија понекогаш да, но многу почесто наидувам на збунетост кај луѓето и незнаење како да реагираат и да се однесуваат со него.

Какво детенце е Андреј?

Андреј е мирно дете, послушен, полн со љубов, дружељубив, ги сака луѓето и сака да си игра со други деца и иако има проблем на комуникација сепак бара начин да им пријде на децата и да воспостави однос со нив.

emilija-od-veles-majka-na-dete-so-autizam-andrej-10-beshe-napredno-dete-no-po-vtoriot-rodenden-se-se-promeni-15.jpg

Оди ли Андреј на училиште? Како го прифаќаат соучениците?

Андреј сега ќе биде четврто одделение. Јас можам да кажам дека сме едни од оние среќните, каде околината го прифати и соучениците го прифатија и го сакаат и му помагаат секојдневно, а тоа влијае многу позитивно на неговиот напредок.

emilija-od-veles-majka-na-dete-so-autizam-andrej-10-beshe-napredno-dete-no-po-vtoriot-rodenden-se-se-promeni-07.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg