Емилија од Велес, мајка на дете со аутизам: „Андреј (10) беше напредно дете, но по вториот роденден сè се промени“

Најтешки мигови имате кога…

Кога има некоја мака, го боли нешто или сака нешто, па сака да ни каже, а не знае како, па станува нервозен, фрустриран, плаче и вика.

emilija-od-veles-majka-na-dete-so-autizam-andrej-10-beshe-napredno-dete-no-po-vtoriot-rodenden-se-se-promeni-13.jpg

Која ви е омилена заедничка активност?

Андреј многу сака вода и сака многу да плива, па летото ни е најомилено годишно време кога можеме да уживаме во сите водени активности.

Многу сака и да се вози со автомобил и да патува, како и останатите членови од семејството, па секое слободно време го користиме да шетаме низ нашата убава земја.

emilija-od-veles-majka-na-dete-so-autizam-andrej-10-beshe-napredno-dete-no-po-vtoriot-rodenden-se-se-promeni-17.jpg

Што го вознемирува најмногу? Како реагира на нови познаници, со кој член од семејството, покрај тебе, се чувствува најдобро? Колку вашите други деца се ангажирани околу него?

Андреј најмногу се вознемирува кога нешто сака да ни каже, а не знае како, па станува нервозен зашто не го разбираме.

Сака луѓе, од мал е многу социјализиран и ние сме луѓе што секогаш сме опкружени со многу луѓе, па немаме проблем со тоа.

emilija-od-veles-majka-na-dete-so-autizam-andrej-10-beshe-napredno-dete-no-po-vtoriot-rodenden-se-se-promeni-02.jpg

Со сите членови од семејството има посебна релација, со татко му сака многу да шета, брат му е многу голем пример и го смета поголем авторитет и од мене и татко му, многу му е послушен на него и многу учи од него – тој го поттикна говорот кај Андреј. Со сестра му сака многу да игра, да се гушка и гали. Сака да заспива со неа.

emilija-od-veles-majka-na-dete-so-autizam-andrej-10-beshe-napredno-dete-no-po-vtoriot-rodenden-se-se-promeni-14.jpg

Иако и другите деца имаат свои обврски, свои потреби, сепак поминуваат и му посветуваат многу време на Андреј.

emilija-od-veles-majka-na-dete-so-autizam-andrej-10-beshe-napredno-dete-no-po-vtoriot-rodenden-se-se-promeni-05.jpg

Што преземате за поттикнување на развојот кај Андреј?

Правиме многу работи – посветени сме најмногу на социјализација и комуникација со врсниците, зашто сме виделе дека тоа најмногу влијае на развојот на Андреј.

Се обидуваме да му обезбедиме добро образование и потребни дополнителни третмани од дефектолог, логопед, психолог и сл.

Истражуваме и бараме новитети. И секогаш мислам дека има уште нешто повеќе што може да се направи.

emilija-od-veles-majka-na-dete-so-autizam-andrej-10-beshe-napredno-dete-no-po-vtoriot-rodenden-se-se-promeni-09.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg