Мајката на 5-годишна тенисерка од Скопје: „Меланија почна да тренира тенис на 3 години, сега учествува на натпревари“
- Детали
- петок, 13 мај 2022
„Иако започна многу мала, Меланија покажа голем интерес, амбиција и желба да ги совлада техниките на тенисот, што е реткост за дете од 3 ипол годишна возраст, одлично се вклопи и може успешно да се натпреварува и со деца постари од неа. Започна да тренира со 2 часа неделно, па по нејзина иницијатива часовите и тренинзите се зголемија на 3 или повеќепати неделно...“, раскажува мајката на Меланија Петковска (5) за CRNOBELO.com.
Меланија Петковска од Скопје, има 5 години и е најмалата тенисерка која што започнала да тренира тенис од 3 ипол годишна возраст. Меланија тренира во тенискиот клуб „Радишани“, кај тренерот Ацо Латиновски кој што има голема улога за досегашните постигнати резултати.
За CRNOBELO.com Кристина Петковска, мајката на Меланија вели:
„Карактеристично за Меланија е тоа што се започна како еден вид хоби, за да се насочи детската енергија во здрав и позитивен правец.
Овој вид на спорт е индивидуален - што подразбира дека беше одличен избор за да се започне во време на пандемија, каде што сè беше затворено или ограничено и немавме многу опции за избор, но досегашниот тек и постигнатите резултати ни кажуваат дека одиме во одличен правец.
Иако започна многу мала, таа покажа голем интерес, амбиција и желба да ги совладува техниките на тенисот, што е реткост за дете од 3 ипол годишна возраст. Меланија одлично се вклопи во тенисот, па може успешно да се натпреварува и со деца постари од неа.
Започна да тренира со 2 часа неделно, па по нејзина иницијатива часовите и тренинзите се зголемија на 3 или повеќе пати неделно.
Специфично за неа е тоа што е левак, па тоа ја прави доста карактеристична и незгодна за противникот.
Придобивките од овој спорт за неа се покажаа доста позитивни, таа одлично се развива, има одлична моторика и координација, голема амбициозност и натпреварувачки дух, како и одговорност за навремена припрема за тренинзи и слично.
Среќни сме што кај неа од најрана возраст успеавме да вметнеме желба за здрави навики и да се занимава со спорт.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





