Мајката на 5-годишна тенисерка од Скопје: „Меланија почна да тренира тенис на 3 години, сега учествува на натпревари“
Откако наполни 5 години почна да оди на државни натпревари во категоријата црвен тенис, кадешто има деца од целата држава и има натпреварувачи од 6 до 8 години.
Таа веќе има искуство на неколку турнири кои се организираат во различни градови во нашата држава, и веќе има постигнато неколку победи.
Овие натпревари се организираат со цел за дружба на дечињата, и немаат целосно натпреварувачки карактер како во портокаловиот и зелениот тенис, но се одлично искуство и вовед во тенисот за децата од помала возраст.
Доста интересно кај оваа група на мали тенисери е тоа што сите добиваат диплома за учество, и така никој не се чувствува поразен и им дава дополнителна мотивација за да продолжат понатаму.
Голема подршка за сите оние кои се занимаваат со кој било спорт, без разлика на годините да се започне со здрави навики нема старосна граница.“
Повеќе фотографии од малата тенисерка:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело