Двајца Македонци искрено за работата на брод: „Зошто заминавме на печалба?“

Срѓан Глигориевски: Најтешко е што ми недостасуваат блиските

Желбата за патувања и запознавање на светот го однела младиот Срѓан Глигориевски во светот на модерните морнари и бродски авантури. Изработил четири договори, два за MSC Cruises и два за Viking Cruises.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-29.jpg

„Желбата за работа на брод ми се роди уште од мали нозе. Сакав да го видам светот и да запознаам нови култури.

Исконтактирав неколку агенции во Македонија, но имав и блиски кои работеа на брод и го споделуваа нивното искуство со мене, па знаев што да очекувам од работењето на брод“ – вели Срѓан за почетоците на својата бродска кариера.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-28.jpg

Тој појаснува дека првото интервју му било за MSC Cruises, и бидејќи немал доволно искуство му дале ниска позиција, како bar boy, помошник во бар, но ја прифатил бидејќи видел можност за учење и професионално надоградување.

По две години добил понуда за работа на Viking Cruises како келнер во бар која веднаш ја прифатил.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-21.jpg

За него најголемата придобивка од работењето на брод е можноста за патување и секако запознавањето нови култури и луѓе.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-22.jpg

„Работењето на брод има повеќе придобивки, но најголемата дефинитвно е патувањето. Исто така и запознавањето нови личности, со кои до денес сум во контакт и кои можам да ги наречам пријатели. А и финансиската заработка е добра придобивка“.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-23.jpg

Од друга страна пак, единствената лоша страна, за Срѓан, е разделеноста од семејството и блиските. Па, вели секое слободно време го користел да најде добра интернет конекција и да се слушне со своите сакани.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-20.jpg

Од своето досегашно искуство со работењето на брод вели дека научил многу, се надоградил во работата, но и во приватниот живот.

Научил многу за други култури и нови јазици, а додава дека му е важно што имал вистинско интернационално работно искуство со колеги од целиот крај на светот, од кои учел не само за професијата, тука и за нивниот начин на живот, традиции и навики.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-27.jpg

На прашањето за враќањето на брод Срѓан вели дека ќе почека да се смири светската пандемија, па најверојатно во следната година повторно ќе ги спакува куферите и ќе заплови.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-30.jpg

Овој млад морепловец вели дека досега има посетено околу 40 земји на четири континенти.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-32.jpg

„Омилено место? Тоа е најтешкото прашање што секој ми го поставува. Секое место коешто го посетив ми беше убаво на свој начин, но ако морам да издвојам, Шангај, Хонгконг, Палма де Мајорка, Мелбурн и Сихануквил, Камбоџа“.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-33.jpg

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-24.jpg

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-25.jpg

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-26.jpg

Печалбарството е еден од најдлабоко врежаните корени во македонската култура и традиција. Уште од дамнешни времиња нашите Македонци оделе во туѓина да заработат за парче леб.

За маките во туѓина, за сопругите кои ги чекале дома, се пееле песни и се пишувале приказни и драми.

Парите се отепувачка, Печалбари, Бегалка, се едни од најтажните драми за тешката судбина на печалбарите. На сите страни од светот има Македонци, некои само на краткотрајна печалба, некои создале свои домови и семејства далеку од родната земја.

Времињата се менувале и сè уште се менуваат, но печалбарството останува дел од нашата македонска срж. Западноеверопските земји, Америка, Канада и Австралија се едни од најчестите дестинации за македонските „гастарбајтери“.

Но, со зголемување на популарноста на крстарењата многу млади Македонци се одлучуваат да запловат во морињата како модерни морнари, да уживаат во патувањата каде заработката е одлична.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / фото: приватна архива



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела Врските на брод се познати по својот краток рок на траење, многу авантури за едн...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg