Двајца Македонци искрено за работата на брод: „Зошто заминавме на печалба?“

Ивана Лазарова, по професија дипломиран машински инженер, вели: „Одбив работна понуда во една македонска фирма каде што ми понудија и повеќе од смешна плата. Беше ненадејна, но доста цврста одлука – јас ќе си одам од овде. Ќе одам да работам на брод. По три ипол месеци јас се качив на мојот прв брод“.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-01.jpg

Водени од желбата за патување, желни за нови предизвици и авантури, добра заработка, но и забава, Македонците често се одлучуваат да го напуштат домот и со авионска карта во еден правец својата среќа да ја бараат на другите краеви од светот.

Во последниве години работењето на брод станува еден од полесните начини за да се замине од државата, со загарантирано работно место, солидна плата и многу егзотични дестинации. За многу млади работењето на брод стана начин на живот, па се навикнаа да живеат меѓу копно и море.

За CRNOBELO.com Ивана од Скопје и Срѓан од Тетово раскажуваат за животот на брод, за патувањата и работата на пловните хотели кои седум месеци ги нарекувале свој дом.

Ивана Лазарова: Еднаш морнар, цел живот морнар

По седум години поминати на брод Ивана Лазарова вели дека би се вратила во истиот момент кога ќе ја повикаат.

Во својата долга кариера како модерен морнар таа секогаш била дел од Фото тимот, почнала како фотограф, потоа техничар во лабораторија за печатење на фотографии, фотограф во приватно студио и асистент на фото менаџер.

По професија е дипломиран машински инженер, а фотографијата секогаш ѝ била хоби и пасија.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-07.jpg

За тоа како ја донела одлуката да работи на брод таа вели:

„Беше тоа еден прекрасен декемвриски ден. Надвор паѓаше снег, а јас само што одбив работна понуда во една македонска фирма каде што ми понудија и повеќе од смешна плата. Талкав бесцелно каде што ме носеше патот, а мозокот ми работеше со 300 на час.

Беше ненадејна, но доста цврста одлука – јас ќе си одам од овде. Ќе одам да работам на брод. По три и пол месеци јас се качив на мојот прв брод“.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-16.jpg

Во седумгодишното бродско искуство, кое го прекинала поради здравствени проблеми, таа вели дека работела на три компании и секогаш била дел од Фото тимот.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-08.jpg

„Мојата прва компанија беше Image Group кои во тоа време беа концесионери на флотата на Royal Caribbean. Потоа долго време бев дел од MSC Cruises, а мојата последна компанија беше NCL Norwegian Cruise Line“ – појаснува Ивана која насмеано додава дека најкраткиот договор и бил осум месеци, а најдолгиот одмор три недели.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-12.jpg

На прашањето која е најголемата придобивка од работењето на брод, таа вели дека не може да одвои нешто конкретно, туку нејзиното целокупно искуство е една огромна придобивка.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-05.jpg

„Целокупното мое искуство со сите прекрасни и не толку прекрасни моменти беше една неверојатна лекција која ме направи личноста која сум денес и бескрајно сум благодарна за истата.

Работата на брод е нешто што многу луѓе го потценуваат, и во мое мислење, а верувам дека многу мои колеги и колешки ќе се согласат со мене, цврсто сум убедена дека тоа е една од најголемите грешки што било кога ги направиле во животот.

Првенствено, затоа што еден морнар е буквално војник кој има запознаено, видено, научено и усовршено еден широк дијапазон на карактеристики кои му дозволуваат да се адаптира брзо и прецизно во каква било средина и да биде оптимално оперативен под каков било притисок“.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-17.jpg

Според неа, за многумина, негативната страна од работењето на брод е тоа што со текот на времето се оддалечуваат од блиските, но и тоа што сметаат дека им поминало времето за создавање на свое семејство додека биле на брод.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-02.jpg

„За мене лично, она најлошото што мене ми се случи е што јас физички се потрошив. Имено, проблеми со половината, колената и десниот лакт. Ако случајно слушнам дека некој се жали на болка јас се претворам во супер бабичка и веднаш знам што да им препорачам.

И да бидам најискрена, да не беше овој проблем со колената, јас сега не би била овде, тука некаде надвор од Македонија, на некоја палуба, впивајќи го секој миг од тој мал рај на земјата кој многу луѓе не знаат да го ценат“ – вели таа за своето лично искуство, и додава, дека за неа важи она старото „Еднаш морнар, цел живот морнар“.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-11.jpg

Ивана вели дека на брод научила многу работи, но и животната лекција и дека и покрај сите подеми и падови, кога ќе го искусиме нашиот личен пад, треба да знаеме како да застанеме исправени на нозе и со високо крената глава да тргнеме напед кон нашиот нов успех.

Вели дека има посетено многу места, градови, пристаништа, на нејзината мапа ѝ недостасуваат Јужна Африка, Австралија и Алјаска.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-03.jpg

„Омилени места… Амстердам. И Даблин. И Консумел, Мексико. И Пукет. И Хонингшваг, и Ибица, и Малага, и Тенерифе, Барселона…

Секое пристаниште е со своја прекрасна приказна, па така не можам да издвојам омилено место“ - завршуваа таа и додава дека се надева дека наскоро повторно ќе заплови во нова бродска авантура, но дека здравјето ѝ е пред сè.

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-09.jpg

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-04.jpg

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-14.jpg

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-06.jpg

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-13.jpg

makedonski-moderni-pechalbari-ivana-srgjan-raskazhuvaat-kako-e-da-se-bide-moderen-mornar-18.jpg

На следната страна прочитајте ја приказната на уште еден модерен морепловец од Македонија...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела Врските на брод се познати по својот краток рок на траење, многу авантури за едн...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg