Петар Стевановиќ, еко-активист: „Од Козјак собравме 150 ќеси ѓубре од несовесни граѓани, мора да се сменат навиките на Македонците“

„Еден од одговорите што сум ги добил кога ќе се обратам на несовесен граѓанин, е дека фрлил на место каде што веќе има ѓубре, па немало разлика. Тешко е, но не е невозможно да се променат вкоренетите лоши навики на Македонците“ - открива за CRNOBELO.com Петар Стевановиќ (23), еко-активист од Скопје кој преку проекти се грижи за природата.

petar stevanovikj eko aktivit tesko e no ne i nevozmost da se menuvaat losite naviki na lugjeto sto ne se grizat za prirodata 2

Петар Стевановиќ (23) од Скопје, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“ – факултет за туризам и бизнис логистика е од оние еко-активисти кои преку сопствено дејствување се трудат да им посочат на луѓето колку е важно да се грижат за природата.

Љубовта кон природата и планините му се има родено уште на 7 години. Секое лето поминувал по месец дена во селото Витолиште кај дедо му. За него најубавото село во Мариово.

Како мал ги обожавал прошетките со баба му и дедо му низ околните ридови, реки, шуми…

Петар се смета за активен планинар од 2015 година кога за првпат се искачил на Љуботен со неформалното планинарско друштво „Witness the Fitness“, а потоа следувале уште низа врвови кои ги освоиле до крајот на истата година. Годинава почнал да се занимава и со планински велосипедизам.

Оние што го знаат Петар можат да го опишат како страстен љубител на природата. Речиси секој викенд е на некој планински врв, во посета на некое село, водопад, клисура … Тоа многу кажува за него како личност.

Поразговаравме со Петар, а тој за CRNOBELO.com одговара на неколку интересни прашања:

Петар, веќе неколку месеци си дел од проектот „European Youth at the frontlines of active citizenship: A Roadmap towards a collective South-North-East-West Momentum“ организиран од Волонтерски центар Скопје, а поддржан од Европската комисија и ја водиш неформалната организација „За почиста Македонија“.

Може ли да ни откриеш повеќе детали за проектот? Од каде иницијативата за такво нешто?

За проектот видов повик за пријавување некаде во средината на февруари оваа година и без размислување се пријавив. Уште пред да се пријавам на проектот, имав една идеја каде што сакав да почнам нешто во врска со промена на однесувањето на луѓето коишто ја посетуваат природата.

Во март имавме десетдневна тренинг обука во која научивме како нашата идеја да допре до поголемата јавност и како да добиеме поддршка за истата, и многу други корисни методи во врска со реализирање на некоја идеја која има за цел општествена промена.

Летото во јуни ја оформив „За почиста Македонија“ заедно со моите најблиски пријатели кои одма прифатија да се дел од промената која сакаме да ја видиме.

Најпрво на Инстаграм ги повикавме нашите следбеници да ни се придружат во онлајн кампањата каде што секој што посетил некое село, езеро, планина, клисура или каде било што престојувал во природа, треба да ни прати слика како се грижи за природата и ја остава почиста од што ја нашол.

Подоцна почнавме со организирање на поголеми групни еко-акции на различни локации.

petar stevanovikj eko aktivit tesko e no ne i nevozmost da se menuvaat losite naviki na lugjeto sto ne se grizat za prirodata 9q

Секое нешто во овој свет има и своја цел, кон какви промени се стремиш со проектот? Тешко ли е да се променат вкоренетите навики на Македонците?

Да, тешко е, но не е невозможно да се променат вкоренетите лоши навики на Македонците и општо за сите кои не се грижат за природата.

Мојата цел е да им се објасни и покаже на луѓето дека не може да имаме здрав живот доколку немаме здрава природа, затоа што сепак телото и природата се нашите домови и треба за двете да се грижиме.

Се надевам и верувам дека за неколку години ќе можеме сите да уживаме во чистата природа на нашата земја, а за тоа да се случи ќе мора сите да придонесеме кон целта на различни начини: едукација, казни, еко-акции...

Периодов со голем број на волонтери и активисти имавте неколку еко-акции за зачувување на природата и одржување на чиста животна средина.

Прво го чистевте Водно, потоа Козјак… Каков е ентузијазмот на младите спрема ваков вид на настани? Ги здруживте ли силите со некого?

Морам да признаам дека сум многу задоволен од ентузијазмот на младите кои сакаат да се вклучат во нашите еко-акции. Со секоја наредна акција се зголемува бројот на волонтери кои доаѓаат своеволно, но исто така морам да признаам дека има и голем број компании кои ни помогнаа и ни донираа производи за време на акциите.

Втората еко-акција ја организиравме заедно со Планинарското друштво „I love hiking“, и истата се случуваше на терасата на Козјак. На акцијата присуствуваа шеесетмина волонтери и беа собрани околу 150 ќеси отпад којшто го оставиле несовесни граѓани.

Третата еко акција ја организиравме заедно со волонтерите од Волонтерски Центар Скопје, а го чистевме излетничкото место на Марков Манастир.

Собрани беа 30 кеси ѓубре, но на местото му треба уште една поголема еко акција во подобри услови кога ќе помине корона кризата.

petar stevanovikj eko aktivit tesko e no ne i nevozmost da se menuvaat losite naviki na lugjeto sto ne se grizat za prirodata 6

Верувам дека постојат луѓе на кои им смета несоодветното однесување на човекот во природата.

Како можат истите да бидат дел од неформалната група „За почиста Македонија“ и да присуствуваат на еко-акциите?

Секој кој сака да се приклучи во нашите еко-акции е повеќе од добредојден.

Им препорачувам на сите да нè следат на нашите Инстаграм и Фејсбук профили, каде што навремено најавуваме на нашите следни еко-акции или некои предизвици каде што бараме од луѓето да се вклучат.

Сигурно, како и секој од нас, си имал случки кога со свои очи си видел како некој уништува нешто или ја загадува природата.

Сподели со нас такви случки - какви била твојата реакција? А каква на оние на кои им се имаш обратено?

Најчесто одбирам на кој ќе се обратам, затоа што сакам мојата реакција да има цел односно да ја свестам таа особа дека направила неубав чин, а не да прерасне во конфликт.

Еден од одговорите што сум ги добил е дека фрлил на место каде што веќе има ѓубре, па немало разлика, напротив тој придонел да има уште повеќе ѓубре.

Затоа и се потребни овие еко-акции за да се исчистат тие диви депонии, бидејќи поголем дел од луѓето не би фрлиле на земја доколку е чисто, но можеби би фрлиле во куп ѓубре насобран до некоја грмушка.'

petar stevanovikj eko aktivit tesko e no ne i nevozmost da se menuvaat losite naviki na lugjeto sto ne se grizat za prirodata 9

Откако започна пандемијава и патувањето надвор од Македонија стана недостижно, речиси сите се свртевме кон домашниот туризам. И токму преку ова нешто се виде сликата и неодговорноста на луѓето што се дрзнале да ја загадуваат природата.

Имате ли конкретни практики, методи, примери преку кои би сакале да ја менувате свеста на луѓето за зачувување на природата?

Моментално работиме на тоа и би сакале да се посветиме на таа цел во наредните години. Потребно е неформално образование за најмладите да се едуцираат како треба да се однесуваат во природата и како да се грижат за истата, бидејќи светот на младите останува.

Редовно бараме да се вклучат и надлежните во нашата мисија затоа што за тие што не ги почитуваат законите треба да следат соодветни казни коишто можеби ќе ги освестат за своите грешки и не би ги повториле во иднина.

Конкретен пример сме самите ние и сите коишто ни се приклучија во нашите еко-акции и предизвици. Мораме како општество да престанеме да бидеме игноранти кон проблемите и да почнеме да ги менуваме нашите навики, односно да стекнеме нови навики од кои ќе имаме бенефит и ние и природата.

petar stevanovikj eko aktivit tesko e no ne i nevozmost da se menuvaat losite naviki na lugjeto sto ne se grizat za prirodata 7

Како за крај, како најлесно да се мотивираат оние луѓе што до некаде се свесни за проблемот, а не можат да го направат првиот чекор?

Еве нека не биде проблемот ѓубрето во природа, имаме уште еден тон други проблеми во државата. Како што рекле старите „прво скокни па кажи оп“, потребни ни се млади коишто се желни да работат на решавање на проблемите коишто ги имаме, затоа ги охрабрувам сите коишто сакаат да почнат некаква промена да не се плашат да почнат сами.

Потоа, нека го споделат тоа по социјалните мрежи, нека дадат пример како тие се борат со проблемот, а луѓето ќе препознаат кој е сериозен во намерата и сами ќе се приклучат.

Исто така, секогаш нека ја споделат својата идеа со најблиските, сигурен сум дека голем дел од нив ќе сакаат да им се придружат и заедно да ги менуваат нештата.

Секојдневно читаме секаде за секакви проблеми, но никој не презема ништо во врска со истите, затоа морам да сфатиме дека промените почнуваат од нас самите, па затоа нашето мото е „не барајте човек за пример, бидете еден!“

petar stevanovikj eko aktivit tesko e no ne i nevozmost da se menuvaat losite naviki na lugjeto sto ne se grizat za prirodata 8petar stevanovikj eko aktivit tesko e no ne i nevozmost da se menuvaat losite naviki na lugjeto sto ne se grizat za prirodata 8petar stevanovikj eko aktivit tesko e no ne i nevozmost da se menuvaat losite naviki na lugjeto sto ne se grizat za prirodata 8petar stevanovikj eko aktivit tesko e no ne i nevozmost da se menuvaat losite naviki na lugjeto sto ne se grizat za prirodata 8

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg