Наталија од Битола се избори со ракот на 26 години: „По хемотерапијата во време на корона, конечно повторно се чувствувам добро во своја кожа“

Најголема поддршка во целиот процес ти беше …

Семејството, другарките и моето момче. Нивниот однос кон мене не се промени во текот на целото лекување.

natalija-mihajlovska-od-bitola-na-25-godini-mi-beshe-dijagnosticiran-rak-na-dojka-primav-hemoterapija-za-vreme-na-korona-03.jpg

Те промени ли болеста?

Секојдневниот стрес ги потиска луѓето сè дури не дојде до нешто вакво и после се менуваш целосно и знаеш дека за ништо не вреди да се нервираш и да се секираш.

Ако имаш здравје можеш да имаш сè и да постигнеш сè.

natalija-mihajlovska-od-bitola-na-25-godini-mi-beshe-dijagnosticiran-rak-na-dojka-primav-hemoterapija-za-vreme-na-korona-10.jpg

Како се чувствуваш сега кога заврши со целиот процес?

По завршувањето чувствувам големо олеснување, како болеста да ме држеше во своите канџи и дури сега ме ослободи.

Чувството е незаменливо само оние кои одат по овој трнлив пат, можат да ме разберат. После 6 месеци конечно повторно се чувствувам добро во своја кожа.

natalija-mihajlovska-od-bitola-na-25-godini-mi-beshe-dijagnosticiran-rak-na-dojka-primav-hemoterapija-za-vreme-na-korona-13.jpg

Колку го промени својот животен стил?

Не сметам дека драстично го променив животниот стил, единствено сум повнимателна спрема себе, не си дозволувам да бидам под стрес и повеќе внимавам на имунитетот, односно внесувам повеќе витамини и ја отстранив мрсната, конзервирана и зачинета храна од мојата исхрана.

natalija-mihajlovska-od-bitola-na-25-godini-mi-beshe-dijagnosticiran-rak-na-dojka-primav-hemoterapija-za-vreme-na-korona-07.jpg

Што си посакуваш за 10 години отсега, покрај добро здравје, се разбира?

За 10 години од сега се гледам како успешен фармацевт. Се надевам дека ова искуство ќе ми биде плус знаење кое ќе го употребам за да помогнам на секој кој се справува со овој тип на болест.

Јас сум сведок дека овој рак го добиваат и помлади девојки како мене и многу други со кои се запознав во текот на моето лекување, па затоа сметам дека прегледите треба да бидат задолжителни за сите, наместо само за жени над 40 години.

natalija-mihajlovska-od-bitola-na-25-godini-mi-beshe-dijagnosticiran-rak-na-dojka-primav-hemoterapija-za-vreme-na-korona-16.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Д-р Мери Берат, онколог: „Сонцето е една од причините за појава рак на кожа, најголем ризик има кај ... „Хронична изложеност на сонце е директно поврзана со појавата на одреден тип рак...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg