Излезете од секојдневната монотонија и запознајте ги дечките од „Флека“ и нивните скечеви

Сите имаме моменти кога со своите блиски сакаме да се „глупираме“, да ги извадиме од себеси и околината нештата со кои можеме да се мајтапиме на нивна сметка.

izlezete-od-sekojdnevnata-monotonija-i-zapoznajte-gi-deckite-od-fleka-i-nivnite-skecevi_2.jpg

Е, па, нешто во овој стил се почетоците на Флека, јутуб канал за хумористични видеа составен од тројца шегаџии: Марко Џамбазоски (25), дипломиран филмски и ТВ монтажер и дел од македонскиот алтернативен рок бенд Визија, Александар Алексовски (26), недипломиран ФИНКАШ, кој се занимава со актерство, фотографија и Марко Гапо (25), магистар на Факултетот за музичка уметност, кој не знае каде тера со животот, а во слободно време скита па планини, улици и пее во бендот Визија.

„Под името Флека се оформивме во далечната 2016. И бездруго, постојано си правевме слични „глупирања“, па решивме тоа да почнеме да го правиме пред камера. Затоа се собравме во нашите канцеларии (подрумот на Аце) кај што почнавме да ги смислуваме нашите први идеи. Бевме инспирирани од нашето секојдневие, а по малку бевме и бесни на монотонијата која владее во нашето општество и сакавме да направиме нешто различно, нешто што ќе нè размрда и нас, но и публиката.

Но, пред да почнеме да снимаме моравме да имаме име, па така собрани си рековме „Како ќе се викаме?“ Во истиот момент еден од нас посочи кон бемка на ногата и рече „Ај да се викаме бемка!“ Друг одговори „Не, ај Флека!“ И наеднаш сите се согласивме. Побрза одлука никогаш не сме донеле.“, раскажуваат членовите на Флека за нивните почетоците, кои велат дека за нив хуморот претставува начин на изразување и излез од секојдневната монотонија.

izlezete od sekojdnevnata monotonija i zapoznajte gi deckite od fleka i nivnite skecevi 5

„На македонската публика пред сè и недостасува хуморот - воопшто. Луѓето, поради времето во кое живееме, секојдневно се оптоварени со сериозни политички теми, а хуморот е единствено нешто кое може да им понуди излез од македонското секојдневие. Хуморот е алатка за спас од монотонијата која владее“, се изјаснуваат шегобијците.

izlezete od sekojdnevnata monotonija i zapoznajte gi deckite od fleka i nivnite skecevi 1

Тимот на Флека во моментот работат на нивен прв професионален ангажман, односно рекламна кампања за подигнување на свеста за рециклирање во соработка со Пакомак.

izlezete od sekojdnevnata monotonija i zapoznajte gi deckite od fleka i nivnite skecevi 4

Напоредно со тоа, ги планираат и нивните наредни видеа кои наскоро ќе бидат снимени и објавени на нивниот јутуб канал. Ако до сега немате погледнато видео од Флека, во истиот момент оставете сé што работите и сторете го тоа!

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Мија (20) е успешен модел и поранешен кик-бокс шампион на Македонија: „Девојката на Марко Митев ми е... „Со Марко сме заедно скоро 3 години. Не е лесно да си во врска со професионален ...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Роки од бендот на Тоше: „Со него не ни требаа проби, без грешка пееше од прва - ќе беше светска ѕвез... „Ми се јави Ристо Вртев од „Архангел“ и ми вели: „Роки, вистина ли загинал Тоше?...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg