Стефанија Видовски: „Инстаграм ми е безбедна зона, далеку од негативноста и бизарноста на Фејсбук“

Во светот постои една мала група на луѓе кои сакаат да го зачуваат секојдневието и да го замрзнат моментот преку фотографија, токму во таква категорија припаѓа Стефанија Видовски од Скопје, дипломиран правник, кој неуморно трага по инспирација во секој можен сегмент од животот. 

stefanija-vidovski-instagramot-mi-e-eden-vid-na-bezbedna-zona-daleku-od-siviloto-negativnosta-i-bizarnosta-na-facebook_1.jpg

За себе вели дека е екстремен хедонист, content writer и љубител на мачки. Инстаграмот ѝ е слаба страна, а на нејзиниот профил @svidovski се труди да ги ослободи моментите што самата ги има замрзнато.

Слободното време го користи за враќање кон своите корени (природата) и истражување на сета убавина што ја нуди нашава земја.

„Иако на моменти имам потреба да се исклучам и од таму, сепак Инстаграм ми е еден вид safe-place далеку од сивилото, негативноста и бизарноста на Фејсбук. Ме радува фактот што константно стимулира креативност кај корисниците. Всушност, благодарение на Инстаграм, имам запознаено еден куп убави луѓе и извонредни креативци со кои делам и слични интереси“, открива Стефанија Видовски.

„Сакам да сум дел од овој виртуелен свет затоа што ме инспирира комплетната слобода во изразување на мислата и емоцијата на еден уникатен и индивидуализиран начин. Ме радуваат несекојдневни фотографии, весели и колоритни инста-профили. Ме инспирираат луѓе кои на еден посебен, својствен начин пренесуваат едно мало делче од нивниот свет и имаат моќ така вешто да ти ја доловат нивната емоција, што за миг ќе се почувствуваш дека си навистина таму.“

 

*birds chirping, waterfalls roaring* I've finally found my home far away from home ? #ИстражијаИсточнаМакедонија #Брегалница #БрегалничкиСлив #Пехчево #exploremacedonia #explore #wanderlust #wanderfolk #livefolk #folklife #naturephotography #nature #rsa_nature #woods #intothewoods #waterfall #water #истражијамакедонија

A post shared by Stefanija Vidovski (@svidovski) on

 

#rome #italy #romestreets #sky #wander #summer #summerinrome #streetgems #romeitaly #explore #explorerome #fororomano #fororomanoepalatino

A post shared by Stefanija Vidovski (@svidovski) on

Уште од кога памети за себе љубовта кон естетиката и потребата да зачува еден миг како еден вид на memento е дел од Стефанија. Без разлика дали тоа било со тогашните мобилни камери, или оние пластично, аналогни апарати од времето. Но, официјално, со фотографија почнала да се занимава пред три години.

„Kако еден страстен и вечен авантурист, трагач по убавините низ Македонија, би кажала  дека пејзажите ми се дефинитивно слаба страна. Не можам да останам рамнодушна на убаво доловен кадар од природа. Но, да не ја заборавам и магијата на уличната (candid) фотографија.

Спонатно замрзнатите моменти од секојдневието на луѓето со кој често си го разминуваме патот знаат да раскажат мнооогу интересни приказни, доколку си доволно вешт и трпелив“, раскажува нашата инстаграмџика, која користи Canon 700D, и prime lens 50mm f1.4 и во моментот чувствува дека треба да си ја надополни колекцијата со zoom lens.

„Според мене најинспиративно место во Скопје за фоткање е Илинденска. Не знам дали е спојот на ретро, винтиџ моментот на старите згради со урбаниот дух на графитите исцртани по старите врати, golden hour моментот зачинет со врвулицата од автомобили кои пак доловуваат перфектна bokeh позадина или грандиозната MCM зграда. Не знам. Само знам дека Илинденска ми буди некои топли чувства. Ме враќа во некое спокојно и минато време“, додава Стефанија Видовски, која ги советува луѓето кои сакаат да се занимаваат со фотографија да експериментираат со светлината и да се играат со она што сегашноста им го нуди.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg