Работам на царина и режирам спотови - запознајте го Мерт Арслан, човекот кој стои зад најдобрите македонски спотови

Се восхитуваме на нивните дела, но никогаш не сме погледнале во нивното студио. Овој пат тимот на Црнобело се појави во студиото на BMA Brothers. Додека едниот ја развива својата музичка кариера, другиот ги превзема сите обврски во Македонија. Не сакаат да работат затоа што им е така наложено, туку затоа што си ја сакаат професијата. Мерт завршил политички науки, но љубовта кон ова е посилна.

rabotam-na-carina-i-reziram-spotovi-zapoznajte-go-mert-aslan-covekot-koj-stoi-zad-najdobrite-makedonski-spotovi-07.jpg

Можете ли да си замислите цариник кој режира спотови? Мерт Арслан, лично и персонално, добро се снаоѓа и во двете професионални полиња.

Колку е тешко да се пробиеш со ваква професија?

Почетоците беа тешки. Ама искрено ако си добар и ако си ја знаеш работата, мислам дека стигнеш до некое ниво, ама си бара многу работа многу труд.

Колку време трае ова?

Па ние веќе функционираме, еве официјално 9 години, веќе 10-та година.

Зошто баш ова?

Јас имам завршено политички науки. Две години студирав во Грција и се вратив тука. Значи врска нема со ова сега што го работам приватно. Државно си работам  на царина. Ова ми е втора работа, ама повеќе си ја сакам.

rabotam-na-carina-i-reziram-spotovi-zapoznajte-go-mert-aslan-covekot-koj-stoi-zad-najdobrite-makedonski-spotovi-02.jpg

Значи ли тоа дека не можеш да опстоиш со оваа работа што ја сакаш?

Не дека не можеш, можеш. Ама јас некако веќе неколку години ги терам и двете работи. Се снаоѓам, се комбинираме некако.

Колку ви траел најдолгиот проект?

Најдолгиот проект беше, последниот за Македонија, Прљаво на Балкан за Тони Зен. Тој проект искрено можам да кажам дека две години беа. Не беше снимањето две години, ама прво имавме едно сценарио, па ајде сега и ова друго, па подоцна сосема трето сценарио се случи. А, се снимаше 5 дена и можам да кажам дека тој беше така најдолг проект.

Велиш, 2 години траел најдолгиот, а има ли репер за време колку трае снимање на еден спот?

Оваа работа си бара поинакви услови. Можеби порано си имав ставено во глава на пример да кажам дека ми требаат 10 дена за да направам сценарио за некоја песна, па сè на сè за еден месец ќе го имаш проектот. Ама веќе 3-4 години избегнувам такви проекти. Сакам да работам на проекти кои не ме обврзуваат со време. Може додека се туширам да ми дојде идеја за видеото, а може 5 месеци да ја слушам песната и да немам никаква идеја за видеото. Така да, најубаво е кога ќе ми дадат насока, па да знам во кој правец да размислувам и со тимот знаеме што да направиме.

Мерт, работите на видео спотови, на што друго работат БМА?

Работиме на видео спотови, песни, во Македонија скоро со најпознатите наши имаме соработувано, сега да не биде ние се фалиме не знам што. Имаме снимано реклами, 2D, 3D и тоа повеќе за странство. Кај нас малку тие работи уште не се сфаќаат. Фотографираме исто така.

Споменавме странски пазар, со кого е полесно да се работи?

Не дека е полесно, ама да зборуваме реално, кога работиме на странски пазар многу заработуваме. Нашите пејачи сакаат со малку пари да имаат многу добро видео. Тоа е исто како со малку пари да го купиш најновиот модел на некој автомобил. Ги разбирам јас нашиве пејачи, толку имаат и тоа е тоа. Затоа и последниве 2 години нè нема многу тука. Не дека ние сега нешто глумиме  лудило, ама подобро да направиме 2 добри проекти, отколку 20 проекти кои се туку така.

rabotam-na-carina-i-reziram-spotovi-zapoznajte-go-mert-aslan-covekot-koj-stoi-zad-najdobrite-makedonski-spotovi-03.jpg

Кои се најинтересните барања што сте ги имале за некој проект?

Проектот кога снимавме во Софија во филмскиот град. Снимавме видео за американски пазар. Имаат навистина барања кои ние од Македонија не можевме да им ги исполниме па отидовме во Софија. Во видеото имаше експлозиви, па место кое е направено како Авганистан, па воена зона, Американска амбасада, пукање со вистински пиштоли само не со вистински куршуми нели. Така да тука мислам дека имавме најмногу барања и беше баш поинакво искуство.

Кој е Мерт кога ќе завршат работните обврски?

Ау, хаха, многу обичен нормален човек.

Кога ќе заврши денот, сакам да?

Одма сакам да отидам дома да се истуширам и да легнам. Затоа што нашава работа знае да те заглави временски многу.

rabotam-na-carina-i-reziram-spotovi-zapoznajte-go-mert-aslan-covekot-koj-stoi-zad-najdobrite-makedonski-spotovi-04.jpg

Со кого би сакал да се смениш на еден ден?

Уф, па би сакал да се сменам со Квентин Тарантино.

Ако не би бил тука, каде би бил? Еве брат ти не е тука...

Да, брат ми 6 години веќе не е тука. Јас, ако не би бил тука, би бил во Холандија.

Зошто Холандија?

Па пред 3 години сите како БМА тим, 8 луѓе, цела екипа бевме низ Европа, снимавме документарец. Почнувајќи од Скопје, па цела Европа и назад, од сите тие места што ги посетивме, мене уште тогаш Холандија ми остави најубав впечаток. Но, откако се оженив, на мојата сопруга мајка и и нејзините браќа живеат таму. И веќе почнав таму да одам како дома. Сега ја чувствувам Холандија во вистинското светло. Се заљубив во таа држава.

rabotam-na-carina-i-reziram-spotovi-zapoznajte-go-mert-aslan-covekot-koj-stoi-zad-najdobrite-makedonski-spotovi-06.jpg

Како за крај, што е тоа што води секој ден?

Како прво јас во оваа работа се вклучив поради брат ми. Тој тогаш почна да пее и почнаа со спотови, јас гледав и сфатив дека можам да го правам тоа, ама не како режисер. Сфатив дека можам да организирам да бидам продуцент, почнав полека и сега еве ме тука. Ова секако дека го правам за пари, сите работиме за пари, ама ова го правам од љубов. Дури и кога ќе ме допре нешто може и без пари да се направи. Не сум само јас што работам. Дури и на најмало снимање ние сме 6 лица, а на најголемо повеќе од 30, и сите тие луѓе треба да земат пари. Имало случаеви кога нуделе и повеќе пари, ама ако песната не е добра, ако не е креативно, не го работиме. Само за пари не сме го правеле тоа. Така да, љубовта ме води низ ова.

Автор: Сања Стојковска
Фото: Костадин Калошев
(c) CRNOBELO.com 2016

Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg