Светлана од Скопје: „Имам колекција од 754 книги дома, татко ми ми ја пренесе љубовта кон читањето“

По кој критериум ги подредуваш книгите?

Книгите најчесто ги подредувам по издавачки куќи, по автори. И по прочитани и непрочитани.

Би се обидела еднаш да ги подредам и по боја, но тогаш не би имале совршен ред за мене, но за да пробам како сето тоа би изгледало, зошто да не?

svetlana-od-skopje-imam-kolekcija-od-754-knigi-doma-tatko-mi-mi-ja-prenese-ljubovta-kon-chitanjeto-15.jpg

Кој ти е омилен странски, а кој домашен автор?

Книги имам од сите издавачки куќи, но од секоја издавачка куќа имам омилен автор, од секој жанр исто така.

На пример од „Матица“ автори на трилери би ги издвоила Донато Каризи, Тес Геритсен, Линдвуд Баркли, по драми Лусинда Рајли и Јона Греј.

Од „Сакам книги“ пиедесталот на трилери го зема Крис Картер, Себастијан Фицек, а драми би ја издвоила Кристин Хана.

Ако е од „Антолог“ тогаш се Ирса Сигурдардотир, Јуси Адлер.

svetlana-od-skopje-imam-kolekcija-od-754-knigi-doma-tatko-mi-mi-ja-prenese-ljubovta-kon-chitanjeto-10.jpg

Од издавачката куќа „Култура“ ги обожувам историските книги на Гортнер, од „Три“ го почитувам Мураками, Ју Несбе и многу други.

Има многу добри автори од кои на македонски јазик е преведена само една книга и издавачките куќи прекинале да преведуваат од истиот.

„Муза“ како издавачка куќа (која е сè уште релативно нова и во подем) би ја издвоила со убави книги, добри автори и превод и нешто поразлично од книгите кои сме навикнати да ги читаме.

Исто така „Или-Или“ и „Артконект“ имаат многу добра литература.

svetlana-od-skopje-imam-kolekcija-od-754-knigi-doma-tatko-mi-mi-ja-prenese-ljubovta-kon-chitanjeto-24.jpg

Од македонските писатели би ги издвоила Игор Станојоски, Јована Матевска Атанасова, Лилјана Пандева, Фросина Пармаковска, Гоце Смилевски, Венко Андоновски и уште многу други.

Македонија има да се пофали со многу квалитетни автори чии книги се преведени и на други јазици и се продаваат не само во Македонија, туку и пошироко.

svetlana-od-skopje-imam-kolekcija-od-754-knigi-doma-tatko-mi-mi-ja-prenese-ljubovta-kon-chitanjeto-06.jpg

Колку чини твојата колекција? Ти носат луѓето книги на подарок?

Не би знаела да кажам во пари колку чини, затоа што за мене оваа колекција е со непроценлива вредност.

Не би ја продала за ниедни пари на светов. Имам книги кои ги нема да се најдат во продажба, а се многу убави.

Да, книгата е најубавиот подарок кој би можел некој да ми го подари, иако е многу тешко да се одбере која книга би ми ја подариле.

svetlana-od-skopje-imam-kolekcija-od-754-knigi-doma-tatko-mi-mi-ja-prenese-ljubovta-kon-chitanjeto-03_copy.jpg

Имам многу книги кои се подарени од драги личности и пријатели, некои кои поминале низ мојот живот, а некои се сè уште присутни, со многу убави посвети напишани на нив, кои не би ги дала никогаш.

Најубава посвета досега која ја имам (односно аманет) е на книгата Пиреј, која ми ја подари мојот татко многу одамна, а ја имам прочитано 3 пати.

Истата се однесува на неговите внуци (моите деца и децата на мојата сестра), дека им ја остава книгата Пиреј, како аманет да ја прочитаат и да разберат нешто од неа.

svetlana-od-skopje-imam-kolekcija-od-754-knigi-doma-tatko-mi-mi-ja-prenese-ljubovta-kon-chitanjeto-22_copy.jpg

Се обидуваш ли на другите да им ја пренесеш својата љубов кон читањето?

Уште додека беа мали, многу мали на моите деца сум им читала секоја вечер.

Не сме легнувале без да прочитаме приказна, „Росица“ или некоја друга интересна книга за нивна возраст.

Иако едно време синот се заинтересира за енциклопедии и ги знаеше, и ги читаше, му ги имавме купено сите кои се наоѓаа во тоа време по книжарниците, некако со ова време на технологија и интернет му ја снема таа заинтересираност.

svetlana-od-skopje-imam-kolekcija-od-754-knigi-doma-tatko-mi-mi-ja-prenese-ljubovta-kon-chitanjeto-27.jpg

Ќерката знае да каже да прочита некоја книга, можеби на англиски, но сепак ја немаат таа љубов како што ја имам јас.

Којзнае, можеби ќе се сменат кога ќе созреат, па ќе им се роди таа љубов да читаат. Книгите ќе бидат тука, кога и да посакаат да прочитаат нешто.

Исто така, многу мои колеги и пријатели кои читаат, многу пати им давам препораки за некои книги кои ми имаат оставено особен впечаток.

Љубовта и желбата за читање едноставно е всадена во секоја личност различно, но јас како вљубеник во читањето едноставно и од срце им препорачувам да навлезат во мудроста и убавината на пишаниот збор.

svetlana-od-skopje-imam-kolekcija-od-754-knigi-doma-tatko-mi-mi-ja-prenese-ljubovta-kon-chitanjeto-11.jpg

svetlana-od-skopje-imam-kolekcija-od-754-knigi-doma-tatko-mi-mi-ja-prenese-ljubovta-kon-chitanjeto-25.jpg

svetlana-od-skopje-imam-kolekcija-od-754-knigi-doma-tatko-mi-mi-ja-prenese-ljubovta-kon-chitanjeto-19.jpg

svetlana-od-skopje-imam-kolekcija-od-754-knigi-doma-tatko-mi-mi-ja-prenese-ljubovta-kon-chitanjeto-17.jpg

svetlana-od-skopje-imam-kolekcija-od-754-knigi-doma-tatko-mi-mi-ja-prenese-ljubovta-kon-chitanjeto-12.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg