Јована М. Петревска: „На ќерка ми Софи ѝ беше дијагностициран Даунов синдром 2 седмици по раѓањето - таа е совршена“

„Имав уредна бременост сè до 34 недела, кога на последниот скрининг докторката виде дека Софи има проблем со срцетo, па Софи имаше тешка операција на 7-месечна возраст од страна на д-р Владимир Чадиковски“, ја започнува приказната Јована Младенова Петревска (27) од Скопје за CRNOBELO.com.

jovana-m-petrevska-na-kjerka-mi-sofi-i-beshe-dijagnosticiran-daunov-sindrom-2-sedmici-po-ragjanjeto-taa-e-sovrshena-01.jpg

Јована Младенова Петревска (27) од Скопје е мајка на девојче со Даунов синдром. Малата Софи има речиси 3 години, а дијагнозата ѝ била поставена 2 седмици по раѓањето.

Најголема поддршка на Јована во секој миг ѝ бил нејзиниот сопруг Дејан Петревски (31), вработен како доставувач во скопска пицерија.

Тие уживаат во улогата на рдоители на Софи и велат дека таа е најдоброто нешто што им се случило во животот.

Во интервју за CRNOBELO.com Јована говори за животот со Софи:

Кога ѝ беше дијагностициран Даунов синдром на Софи? Дали во текот на бременоста или по породувањето? Што ти мина низ глава, како реагиравте со сопругот?

На Софи ѝ беше дијагностициран Даунов синдром две недели откако се роди.

Претходно имав уредна бременост сè до 34 недела, кога благодарение на д-р Гордана Петревска (за среќа) по редовните контроли на последниот скрининг виде дека кај Софи има проблем со срцето.

Од тој момент започнавме со понатамошни прегледи на кои ни соопштија дека Софи ќе има вродена срцева аномалија – тетралогија на фало.

jovana-m-petrevska-na-kjerka-mi-sofi-i-beshe-dijagnosticiran-daunov-sindrom-2-sedmici-po-ragjanjeto-taa-e-sovrshena-16.jpg

Со д-р Владимир Чадиковски уште пред да се роди Софи јас и мојот сопруг се видовме и убаво ни објасни што нè очекува и како би се одвивал целиот процес.

По 7 месеци Софи помина тешка операција на срцето и има вградено и пејсмејкер.

Сега после сè можам да кажам само: „Фала ти Господе, ми даде прекрасно дете“…

jovana-m-petrevska-na-kjerka-mi-sofi-i-beshe-dijagnosticiran-daunov-sindrom-2-sedmici-po-ragjanjeto-taa-e-sovrshena-11.jpg

Но, во тој момент кога ми соопштија доживеав голем шок, а мојот сопруг веќе кога ни соопштија за аномалијата имал сомнеж дека аномалијата е поврзана со некој од синдромите.

Имавме многу прашања на кои немавме никаков одговор.

Во тие моменти го запознавме д-р Александар Сајковски, кој ни одговори многу прашања и нè охрабри за денес да сме добри родители на Софи.

jovana-m-petrevska-na-kjerka-mi-sofi-i-beshe-dijagnosticiran-daunov-sindrom-2-sedmici-po-ragjanjeto-taa-e-sovrshena-17.jpg

Кои беа првите симптоми? Како изгледаше нејзиниот развој уште од најрана возраст?

Веќе напоменав дека прв симптом беше аномалијата на срцето, потоа сè си дојде на свое, закосените сјајни очиња, хипотомијата (синдром на млитавост кај бебе, односно состојба на намален мускулен тонус) и слаб развој на говор.

Развојот на Софи го следи д-р Сајковски од првите месеци како педијатар, д-р Светлана Крстевска - кардиолог и д-р Елена Шукарева - ендокринолог.

jovana-m-petrevska-na-kjerka-mi-sofi-i-beshe-dijagnosticiran-daunov-sindrom-2-sedmici-po-ragjanjeto-taa-e-sovrshena-14.jpg

Досега Софи напредува подобро и од очекуваното. Редовно посетуваме и дефектолог и Софи има супер резултати.

Исто така, активно работиме и со Бранкица од логопедскиот кабинет „Логоигра“ за да го стимулираме задоцнетиот говор кај Софи.

jovana-m-petrevska-na-kjerka-mi-sofi-i-beshe-dijagnosticiran-daunov-sindrom-2-sedmici-po-ragjanjeto-taa-e-sovrshena-20.jpg

Како изгледа комуникацијата со неа? Што ви е најголема тешкотија?

Комуникацијата со Софи според нејзината возраст се одвива исто како и кај секоја мајка со дете од скоро 3-годишна возраст.

Нејзините секојдневни потреби се одвиваат без пречки, а целото секојдневие го претвораме во игра и насмевки, преку кои ја развиваме комуникацијата.

За нас потешкотии нема - ние сме борци, ние сме тим.

jovana-m-petrevska-na-kjerka-mi-sofi-i-beshe-dijagnosticiran-daunov-sindrom-2-sedmici-po-ragjanjeto-taa-e-sovrshena-03.jpg

Јас и сопругот  правиме сè за потешкотиите да се поминат со леснотија и за нас како сопружници, а најмногу и за Софи.

Ние сме родители кои на својата ќерка ѝ кажуваат дека животот е еден и ние го славиме двапати (денот кога се роди и денот кога се оперираше).

jovana-m-petrevska-na-kjerka-mi-sofi-i-beshe-dijagnosticiran-daunov-sindrom-2-sedmici-po-ragjanjeto-taa-e-sovrshena-13.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg