Александра од Скопје, мајка што постојано се качува на Водно со синот (3): „Го носев во кенгур на Водно уште од бебе“

„Првата работа која бев возбудена да ја купам додека бев бремена беше ранецот-носилка за планинарење. Неколку месеци по раѓањето синот Давид го носев во кенгур на Водно и веќе од 5/6 месечна возраст почнав да го носам во ранецот-носилка“, споделува Александра од Скопје за CRNOBELO.com.

aleksandra-od-skopje-majka-shto-postojano-se-kachuva-na-vodno-so-sinot-3-go-nosev-vo-kengur-na-vodno-ushte-od-nekolku-mesechna-vozrast-01.jpg

Александра од Скопје е сопруга, мајка на Давид (3), економист, сопственик на мал бизнис (@nallathepittieshop) и голем љубител на планините.

Таа инспирира со својата љубов кон Водно и со тоа како не дозволила таа нејзина љубов да згасне дури и кога била на породилно отсуство и нејзиниот син бил навистина мал.

Александра постојано го носела Давид на Водно уште од 5/6 месечна возраст во ранец-носилка, а таа нивна практика не сопира ниту денес, кога тој има 3 години и 15 килограми, иако сега и самиот успева да искачи дел од патот до врвот на Водно.

Александра споделува детали за CRNOBELO.com за оваа нејзина навика:

„Омилен дел од животот моментално ми е квалитетно поминатото време со моето дете кое ќе создаде доверба, сигурност и блискост помеѓу нас.

aleksandra-od-skopje-majka-shto-postojano-se-kachuva-na-vodno-so-sinot-3-go-nosev-vo-kengur-na-vodno-ushte-od-nekolku-mesechna-vozrast-16.jpg

Децата треба да поминуваат што повеќе време во природа и да ја истражуваат во безбедни услови.

Сензорната игра во природа ја зајакнува стабилноста, ги развива моторичките вештини и го подобрува имунитетот кај децата.

aleksandra-od-skopje-majka-shto-postojano-se-kachuva-na-vodno-so-sinot-3-go-nosev-vo-kengur-na-vodno-ushte-od-nekolku-mesechna-vozrast-19.jpg

Мислам дека првата работа за која бев возбудена да ја купам уште додека бев бремена беше ранецот-носилка за планинарење.

aleksandra-od-skopje-majka-shto-postojano-se-kachuva-na-vodno-so-sinot-3-go-nosev-vo-kengur-na-vodno-ushte-od-nekolku-mesechna-vozrast-17.jpg

Првото одење со Давид до Милениумскиот крст на Водно беше со количка по асфалтната патека, бидејќи тој имаше само два месеци.

aleksandra-od-skopje-majka-shto-postojano-se-kachuva-na-vodno-so-sinot-3-go-nosev-vo-kengur-na-vodno-ushte-od-nekolku-mesechna-vozrast-08.jpg

Потоа, неколку месеци го носев во кенгур и веќе од пет/шест месеци почнав да го носам во ранецот-носилка.

aleksandra-od-skopje-majka-shto-postojano-se-kachuva-na-vodno-so-sinot-3-go-nosev-vo-kengur-na-vodno-ushte-od-nekolku-mesechna-vozrast-22.jpg

Првата година многу често го качувавме Водно, неколкупати неделно.

Давид си спиеше во кенгурот или ранецот-носилка, па горе си уживавме двајцата во појадокот и мама на раат во природа со утринско кафе.

aleksandra-od-skopje-majka-shto-postojano-se-kachuva-na-vodno-so-sinot-3-go-nosev-vo-kengur-na-vodno-ushte-od-nekolku-mesechna-vozrast-14.jpg

Откако Давид почна да оди во градинка, ни останаа викендите и се трудам доколку немаме други обврски да биде одење на Водно.

aleksandra-od-skopje-majka-shto-postojano-se-kachuva-na-vodno-so-sinot-3-go-nosev-vo-kengur-na-vodno-ushte-od-nekolku-mesechna-vozrast-20.jpg

Многу се радувам што одењето во природа му е нешто нормално, се радува кога го спремам ранецот, а бидејќи сега е голем поголем дел од патот го оди сам до Средно Водно.

aleksandra-od-skopje-majka-shto-postojano-se-kachuva-na-vodno-so-sinot-3-go-nosev-vo-kengur-na-vodno-ushte-od-nekolku-mesechna-vozrast-23.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Александра од Скопје 4-ти пат беше на финалето на Вимблдон: „Билетите се од 250£ нагоре, аплицирав у... „Доаѓањето на Кејт, принцезата од Велс, предизвика бран на возбуда меѓу публикат...
Александра Јорева Михајловски за ракот на матка: „Сопругот ми беше поддршка, синот сам на интернет д... „Син ми Максим, кога по последната хемотерапија виде дека косата ми расте и не п...
Тоше Проески, Александра Шијакоска: Талентирана девојка од Скопје ги црта нашите познати личности и ... Од Тоше Проески до Калиопи и Стефан Лазаров, девојка од Скопје ги црта нашите сл...
Водителката Александра Пановска Илиевска за љубовта со сопругот: „Ме запроси со прстен стуткан во ша... „Запросувањето се случи во Барселона, не ни сонував дека ќе успее да ме изненади...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg