Александра Јорева Михајловски за ракот на матка: „Сопругот ми беше поддршка, синот сам на интернет дознал за дијагнозата“

„Син ми Максим, кога по последната хемотерапија виде дека косата ми расте и не паѓа повторно, дојде и ми рече: ‘Мама ти си меѓу ретките кои го победиле канцерот’.  Ме тресна од земја со ова, се налутив и почнав да го прашувам кој му кажал дека сум имала канцер, за да ми каже дека он на интернет видел и ќутел“, вели Александра Јорева Михајловски (45) за CRNOBELO.com.

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-01.jpg

Александра Јорева Михајловски (45) од Скопје, советник за односи со јавност и маркетинг, во брак е со актерот Тони Михајловски 13 години, а заедно во љубов се 16 години и го имаат синот Максим.

Таа пред 5 години го доживеа најголемиот животен предизвик - дијагнозата рак на матка, но храбро се соочи со него и продолжи посилна понатаму.

Пет години по дијагнозата, како и по направената превентивна мастектомија на градите во меѓувреме, таа вели дека е нова личност и дека секогаш наоѓа утеха во молитвата.

За CRNOBELO.com Александра говори за патот кој го изодела:

Твојата операција беше на 24.10.2019 година, сега, 5 години подоцна, доби одлични резултати… Колку големо олеснување е ова, долови ни што значи таа „чиста петка“ (5 години) за луѓето кои се соочиле со дијагнозата рак?

Да, 5 години поминаа од операцијата. На 3 месеци, па на 6 месеци, па на година дена контроли континуирани и секоја контрола проследена со убав поточно добар резултат, тоа значи чистата 5-ка.

Олеснувањето мислиме дека ќе дојде после 5 години или барем јас така мислев, но се соочив со измешани емоции. Некако се радував во себе, а очекував дека ќе скокам и ќе викам на цел глас, веројатно уште го џвакам моментот.

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-10.jpg

Ајде да се вратиме малку наназад, во можеби најтешкиот период – периодот на дијагноза … Како се случи, на колку години ја доби дијагнозата рак на матка, кои беа симптомите?

Да се вратиме назад. Таа година телото и имуниот систем кажуваа дека нешто се случува.

Јас во животов сум посетувала редовно само стоматолог и гинеколог, ете толку од доктори – односно сум била супер имунолошки и сум немала потреба да одам по доктори, но таа година некако сè „фаќав“ од синот Максим, што за мене не беше својствено и единствен симптом беше продолженото крварење во циклус.

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-03.jpg

Одеше ли претходно на редовни прегледи? Имаш ли во семејството историја на рак?

На прегледи одев редовно кај мојот Доц. д-р Митко Ивановски, кој виде миом на чудно место, помеѓу двата ѕида на ендометриумот.

На мое инсистирање не се направи биопсија и затоа на преглед одев почесто од вообичаено.

Во семејството да, има историја на рак, но никако поврзан со мојот, што значи не е генетски.

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-04.jpg

Колку време по дијагнозата направи операција? Беше ли тешко закрепнувањето?

Дијагнозата ми беше соопштена телефонски. Ивановски е прекрасен човек, професионалец до коска и ја имам таа среќа да е мој доктор, мислам дека повеќе од 20 години. Ме знае како дишам.

Во суштина, заради тоа што сите контроли и резултати ми беа супер, јас решив дека ќе го вадиме миомот, мислејќи дека крварењето продолжено ми е од него и само така ние, поточно доктор Митко, го виде канцерот.

Веднаш се направи киретажа и бидејќи резултатите ги чекав повеќе од тоа што е нормално, точно знаев дека нешто не е во ред, па направив драма и пред него. 

Ми се јави и ми рече: „Слушни ме сега, ти си паметна и точно ти е јасно сè, ова е канцерогено и треба да се оперира веднаш, што би се рекло ‘уште вчера’“.

Следниот ден имав закажана консултација со него, свесен дека без него не влегувам во операциона сала.

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-09.jpg

Ми понуди опција од други двајца колеги да одберам со кого сакам да ја прави операцијата и со должна почит кон двајцата, мене ништо не ми значеа, ми значеше само мојот доктор и одлуката му ја оставив нему.

Ме прати кај колегата м-р д-р Костадиновски, сега веќе во пензија (златен човек со професионален и емпатичен пристап кон онколошки пациент, доктор каков што, за жал, сè поретко можеме да сретнеме).

Така и ја договоривме операцијата. Фактички 5 дена после дијагнозата, јас веќе бев во сала.

Операцијата траеше долго, ако добро паметам некаде околу 5 часа.

Во целата несреќа, имав и среќа затоа што семејно имаме приватно здравствено осигурување и операцијата беше во Аџибадем Систина, каде грижата пост оперативно беше одлична и супер закрепнав.

Со оглед на тоа дека бев превозбудена и едвај чекав да го извадат „ѓаволот“ од мене, полна со адреналин дека тоа се случи, јас немав болки.

Не знаев како да одам затоа што знаев дека сум оперирана внатре, а чудно ништо не ме боли.

Првото излегување на воздух беше до црквичката Света Петка. Се спуштив до црквичката долу и си запалив свеќа, си се молев на Бога и сè уште без молитва не заспивам.

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-21.jpg

Да се прима хемотерапија значи…

Информацијата дека ќе треба да примам хемотерапија првично ја добив од м-р д-р Костадиновски кога отидовме да ми вадат конци.

Мислам дека мојот сопруг Тони многу тешко ја прифати, а јас некако бев тотално опуштена затоа што ја чекав средбата со онколог, иако веднаш по излегувањето од кај докторот му се јавив на д-р специјалист онколог и радиотерапевт Милан Ристески, кој за моја среќа ми е другар.

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-12.jpg

Му поставив 100 прашања, добив одговори и веќе следниот ден бев на закажана консултација кај професор Дева Петрова, онкологот кој сè уште ме води.

Хемотерапијата е нужно зло, лек во облик на отров, кој тече низ вените, барем јас така го доживеав.

Од болки во коските до секое едно место коешто и не може да се претпостави дека може да боли до губење на косата, којашто е најмал проблем кога душата боли, ама за сè има алтернатива, а мојата беше во Центарот за биоинформатика, каде откако ми направија терапија за нус појавите од хемотерапијата бев раат од сите болки што ги чувствував по првите две хемотерапии.

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-14.jpg

Да се изгуби косата за една жена во овој процес е…

Бидејќи го знаев процесот за губење на косата, прво сакав да го подготвам синот Максим којшто беше само трето одделение и знаеше дека мама оди да се оперира затоа што има бактерија.

Отидовме заедно да се шишаме, за да си направам наводно фраерска фризура, за некој ден подоцна му соопштам дека од инјекциите ќе ми падне косата, ама дека пак ќе порасне.

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-06.jpg

Му покажував слики од познати без коса заради имиџ, мислејќи дека е малечок и дека сум успеала да го излажам за да му го олеснам мојот процес.

Бев да пробувам перики, всушност тоа прво го направив и решив дека нема да ставам перика.

Сметав дека нема потреба, ќе се научам да си врзувам турбан и точка, затоа што кога паѓа косата боли темето, и не паѓа само косата, паѓаат трепки, веѓи и што ќе скријам со периката? Ништо.

aleksandra-joreva-mihajlovski-soprugot-mi-beshe-najgolema-poddrshka-sinot-sam-na-internet-doznal-za-dijagnozata-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Александра од Скопје, мајка што постојано се качува на Водно со синот (3): „Го носев во кенгур на Во... „Првата работа која бев возбудена да ја купам додека бев бремена беше ранецот-но...
Ивана од Прилеп го победи ракот: „Ќерка ми (5) ми ја скрати косата кога почна да ми паѓа од хемотера... „Кога ми кажаа дека ракот е минато и тоа како се изнаплакав! Цела една година во...
Љубица Димовска, дефектолог: „Родителите тешко прифаќаат дека се виновни за екранизмот на децата“ „Она што им паѓа најтешко на родителите е дека мора да го исклучат екранот, а со...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg