Александра од Скопје, мајка што постојано се качува на Водно со синот (3): „Го носев во кенгур на Водно уште од бебе“
До Средно Водно е одлична прошетка за сите дечиња, а и достапно со автомобил доколку не сакате да се симнувате пешки од која било причина.
Нашата планинарка Ирина Дишовска има прекрасна иницијатива и група на мајки со бебиња за искачување на Водно, дружење и меѓусебна поддршка.
Многу е важно во постпородилниот период мајките да поминуваат што повеќе време во природа, поради здравјето на бебенцето, но и поради менталното здравје на мајката.
Морам да ја споменам и Елена Бубало која во секоја сала каде што држи часови има катче за дечиња, со многу едукативни играчки, каде секој родител е добредојден со своето бебе или поголемо детенце.
Се радувам што како мајки и родители имаме заедница со безрезервна поддршка и на дечињата од најмала возраст имаме можност да им покажеме здрав начин на живот.
Во денешно време каде детството на децата се сведува пред екрани и тоа како е важно од најмала возраст да им се претстави природата, но и ние родителите да служиме како пример со нашиот начин на живот и исхрана.
На децата не треба да им кажеме што е добро, туку да им покажеме, бидејќи ние сме нивното огледало“.