Зимница од Македонија, „криза“ за турско кафе: 8 навики на секој македонски иселеник, според Николче кој живее во Германија

„Ништо не поминува без правото оро и македонското знаме. Се вози и по 200km до македонски ресторан за да се проба тавче-гравче и сармичка“, шеговито вели Николче Талевски за CRNOBELO.com, плус покажува како изгледа подрумот со зимница и ракија на македонски иселеник.

zimnica-od-makedonija-kriza-za-tursko-kafe-8-naviki-na-sekoj-makedonski-iselenik-spored-nikolche-koj-zhivee-vo-germanija-01.jpg

Николче Талевски од Демир Хисар, дипломиран економист, по своите студии се вработил во странска инвестициска компанија во неговиот роден град, каде што работел 7 години како менаџер на организационен процес на претпријатието.

Но, по останувањето без работа, одлучил да се пресели во Германија.

Во Германија живее веќе неколку години каде што основал и свое семејство, односно станал сопруг и татко. Неговата сопруга Јулија е Украинка.

zimnica-od-makedonija-kriza-za-tursko-kafe-8-naviki-na-sekoj-makedonski-iselenik-spored-nikolche-koj-zhivee-vo-germanija-06.jpg

Во Германија Николче работи во фабрика од автомобилската индустрија, како оператор на машина и вели дека направил чекор назад, за да отиде два напред.

zimnica-od-makedonija-kriza-za-tursko-kafe-8-naviki-na-sekoj-makedonski-iselenik-spored-nikolche-koj-zhivee-vo-germanija-04.jpg

Во интервју за CRNOBELO.com тој сподели како му изгледа животот таму, а сега шеговито за CRNOBELO.com открива кои се 8-те навики на секој македонски иселеник.

Ќе се согласите ли?

Навики на секој македонски иселеник:

Прав Mакедонец си зема зимница од Македонија кога е отиден на посета со автомобил или си порачува по некој превозник да му стигне.

zimnica-od-makedonija-kriza-za-tursko-kafe-8-naviki-na-sekoj-makedonski-iselenik-spored-nikolche-koj-zhivee-vo-germanija-03.jpgПодрумот на Николче

Турското кафе е составен дел од секој иселенички дом, а се бара по рафтовите во турските продавници.

zimnica-od-makedonija-kriza-za-tursko-kafe-8-naviki-na-sekoj-makedonski-iselenik-spored-nikolche-koj-zhivee-vo-germanija-09.jpgфото: depositphotos.com

zimnica-od-makedonija-kriza-za-tursko-kafe-8-naviki-na-sekoj-makedonski-iselenik-spored-nikolche-koj-zhivee-vo-germanija-02_copy.jpg

Македонска забава или концерт не поминува без правото оро и македонското знаме напред.

zimnica-od-makedonija-kriza-za-tursko-kafe-8-naviki-na-sekoj-makedonski-iselenik-spored-nikolche-koj-zhivee-vo-germanija-10.jpgфото: depositphotos.com 

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Марија од Велес живее во Хамбург: „Се преселивме со другарка, Германците постојано ми бараат ајвар“ „Неодамна гости ми побараа ајвар. За среќа имав. Па, сега има проблем кога ќе им...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Младен од Валандово: „Почнав како чистач, денес сум директор на брод, таму ја запознав сопругата од ... „Претходната година се венчавме во Македонија, имавме прекрасна свадба, но ги ис...
Диџеј Мац: „На журки ми бараат песни од Ерзана и Врчак“ Крајот на 2023-та на музички план го одбележаа забавите со домашни хитови кои ди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg