Николче има сопруга Украинка: „Ја запросив во Украина, синот ни се роди во Германија, а свадба ќе правиме во Демир Хисар“

„Со мојата сопруга Јулија се запознавме преку интернет. Јас ја запросив кога бев на гости во нејзиниот роден град, Каменское во Украина. После тоа полетавме за Македонија каде што само се потпишавме во регистарот на венчаните, а на 6-ти август оваа година веќе имаме закажано венчавка заедно со крштевка на синот и една мала фамилијарна веселба во мојот роден град Демир Хисар“, раскажува Николче Талевски (34) од Демир Хисар, кој живее во Германија.

nikolche-talevski-ima-sopruga-ukrainka-ja-zaprosiv-vo-ukraina-sinot-ni-se-rodi-vo-germanija-a-svadba-kje-pravime-vo-demir-hisar-01.jpg

Николче Талевски (34) од Демир Хисар, дипломиран економист, по своите студии се вработил во странска инвестициска компанија во неговиот роден град, каде што работел 7 години како „менаџер на организационен процес на претпријатието“.

Но, по останувањето без работа, одлучил да се пресели во Германија.

Во Германија живее веќе две години каде што основал и свое семејство, односно станал сопруг и татко, на сега 3-месечен син. Неговата сопруга Јулија е Украинка.

Во Германија Николче работи во фабрика од автомобилската индустрија, оператор на машина и вели дека направил чекор назад, за да отиде два напред.

Николче ја споделува својата приказна за CRNOBELO.com:

Како ја донесе одлуката за преселба во Германија?

Одлуката за преселба во Германија ми беше многу брза и за повеќето неочекувана.

Причините се повеќе, како прво со појавувањето на корона вирусот останав без работа, фабриката се затвори, иако не ги подмири сите обврски кон вработените и фирмите.

Потоа се почувствував незаштитен од системот во Македонија и разочаран од нефункционалноста на институциите. Секако, дека голема улога за преселбата игра подоброто здравство, образование и правната држава.

nikolche-talevski-ima-sopruga-ukrainka-ja-zaprosiv-vo-ukraina-sinot-ni-se-rodi-vo-germanija-a-svadba-kje-pravime-vo-demir-hisar-43.jpeg

Беа ли тешки почетоците? Кога појде ти првпат? Како изгледаше процесот на снаоѓање, наоѓање дом итн.?

Секој почеток во нова околина е многу тежок, а тоа уште повеќе го отежнува незнаењето на јазикот од државата во која се преселуваш. За да можеш полесно да се снајдеш потребно е да имаш помош од луѓе кои се тука подолго време, го знаат јазикот и сите процедури околу документацијата.

Наоѓање дом е една од потешките работи во Германија, но воедно и најголемиот трошок. Во тој поглед мене ми се укажаа убави прилики и брзо го решив тоа прашање.

nikolche-talevski-ima-sopruga-ukrainka-ja-zaprosiv-vo-ukraina-sinot-ni-se-rodi-vo-germanija-a-svadba-kje-pravime-vo-demir-hisar-02.jpeg

Имаше ли таму роднини/пријатели? Како донесе одлука во кој град да живеете?

Доколку не би имал другари со кои претходно искомуницирав, немаше да се одлучам на таков чекор, знаејќи дека сам во нова држава каде што не го знаеш јазикот и работата на системот е многу тешко да се снајдеш.

Како што кажав претходно исконтактирав со мој другар исто од Демир Хисар, кој е поодамна тука во Германија, ме покани кај него дома и потоа ми помогна за пронаоѓање работа, стан, средување на документи итн. Сакам тука јавно да му се заблагодарам за тоа, а секако и на неговиот брат и другите кои на некаков начин ми помогнаа и ми помагаат сè уште.

Значи градот во кој живеам „Фаинген ан дер енц“ го избрав токму поради другарите кои се таму повеќе од 10 години.

nikolche-talevski-ima-sopruga-ukrainka-ja-zaprosiv-vo-ukraina-sinot-ni-se-rodi-vo-germanija-a-svadba-kje-pravime-vo-demir-hisar-04_1.jpeg

Сопругата е Украинка, како и кога се запознавте? Колку време имавте врска на далечина, каде беше свадбата?

Да, мојата сопруга е од Украина. Се запознавме на сега најпопуларниот и најдостапен начин – интернетот, некаде на почетокот на летото 2021 година.

nikolche-talevski-ima-sopruga-ukrainka-ja-zaprosiv-vo-ukraina-sinot-ni-se-rodi-vo-germanija-a-svadba-kje-pravime-vo-demir-hisar-13.jpeg

После еден месец комуникација таа дојде на гости кај своја другарка, за тоа време ние се запознавме подобро и поблиску.

Тоа беше љубов на прв поглед и потоа сè ни се случи многу набрзина и заедно среќни сме што нашата љубов ја крунисавме со добивањето на нашиот син.

nikolche-talevski-ima-sopruga-ukrainka-ja-zaprosiv-vo-ukraina-sinot-ni-se-rodi-vo-germanija-a-svadba-kje-pravime-vo-demir-hisar-40.jpeg

Што се однесува до нашата свадба, јас својата сопруга ја запросив кога бев на гости во нејзиниот роден град, Каменское во Украина.

nikolche-talevski-ima-sopruga-ukrainka-ja-zaprosiv-vo-ukraina-sinot-ni-se-rodi-vo-germanija-a-svadba-kje-pravime-vo-demir-hisar-34.jpg

После тоа полетавме за Македонија каде што само се потпишавме во регистарот на венчаните, а на 6-ти август оваа година веќе имаме закажано венчавка заедно со крштевка на синот и една мала фамилијарна веселба во мојот роден град Демир Хисар.

nikolche-talevski-ima-sopruga-ukrainka-ja-zaprosiv-vo-ukraina-sinot-ni-se-rodi-vo-germanija-a-svadba-kje-pravime-vo-demir-hisar-26.jpeg

nikolche-talevski-ima-sopruga-ukrainka-ja-zaprosiv-vo-ukraina-sinot-ni-se-rodi-vo-germanija-a-svadba-kje-pravime-vo-demir-hisar-24.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Зимница од Македонија, „криза“ за турско кафе: 8 навики на секој македонски иселеник, според Николче... „Ништо не поминува без правото оро и македонското знаме. Се вози и по 200km до м...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg