Македонец кој живее со ХИВ, стана татко на ХИВ негативно бебе: „Моите стравови беа поголеми од оние на сопругата“

„Кога ѝ кажав на сопругата дека сум ХИВ позитивен, нашата љубов уште повеќе се зацврсти, стана како бедем кој нè штити до ден денешен. Во мојот случај, јас наидов на разбирање и поддршка“, вели за CRNOBELO.com Македонец (40) инфициран од ХИВ.

makedonec-inficiran-od-hiv-koj-stana-tatko-na-hiv-negativno-bebe-moite-stravovi-bea-pogolemi-od-onie-na-soprugata-01.jpg

40-годишен Македонец е еден од 688 лица во земјава кои се ХИВ позитивни. Тој дознал дека се инфицирал со ХИВ пред околу 10 години, а, вели, ова се случило при првиот и единствен пат кога имал сексуален однос без кондом.

И покрај тоа што е носител на вирусот, тој од неодамна е татко. Неговата сопруга, но и детето се ХИВ негативни.

На денот за заштита од ХИВ и СИДА, 1-ви декември, тој анонимно (идентитетот е познат на редакцијата) во интервју за CRNOBELO.com, раскажа како се инфицирал, низ што сè поминал во последната деценија, но и за татковството.

Прочитајте го целото интервју:

Како се инфициравте и какво беше првото чувство кога дознавте дека имате ХИВ?

Тоа се случи при мојот прв и единствен незаштитен сексуален однос.

Горчливо чувство, бев изгубен во времето и просторот.

На почетокот бев во неверување и неприфаќање на информацијата...

Кои беа најголемите стравови со кои се соочивте во првиот момент?

Се плашев од тоа кој сè ќе дознае и каде би се селел со цел да се спасам.

Дали тие стравови се намалија со текот на времето или се и сега присутни?

Се намалија, да. Јас имав голема поддршка од вработените на Инфективна клиника, особено од социјалниот работник Руми, на којашто ќе ѝ бидам вечно благодарен.

makedonec-inficiran-od-hiv-koj-stana-tatko-na-hiv-negativno-bebe-moite-stravovi-bea-pogolemi-od-onie-na-soprugata-05.jpg

Дали бевте во врска или брак кога дознавте дека сте ХИВ позитивен?

Бев во врска.

Како ѝ кажавте на сопругата дека сте ХИВ позитивен и дали тоа, на некој начин, влијаеше на вашата врска?

Нашата љубов уште повеќе се зацврсти, стана како бедем којшто нè штити до ден денешен.

Не велам дека тоа треба да е услов за поврзување, но, во мојот случај наидов на разбирање и поддршка.

Вие неодамна добивте дете, кое е ХИВ негативно, исто како и вашата сопруга. Дали имавте дилеми околу родителството пред забременувањето на сопругата, стравови кои постоеја и кај двајцата?

Моите стравови беа поголеми отколку оние на сопругата.

Сепак, разговаравме со социјалниот работник и докторите на клиника, добивме одговори на многу прашања, ни се разјаснија сите дилеми...

Претпоставувам бременоста е планирана и контролирана за да се следи состојбата и на мајката и на плодот... Почувствувате ли олеснување кога дознавте дека бебето е ХИВ негативно?

Секако, тоа беше голем товар, затоа што носите на совест брачен другар и неродено дете.

Стравовите се големи, но потоа и олеснувањето беше големо.

makedonec-inficiran-od-hiv-koj-stana-tatko-na-hiv-negativno-bebe-moite-stravovi-bea-pogolemi-od-onie-na-soprugata-02.jpg

Дали добивате емоционална поддршка од пријателите, семејството или околината?

Ова не е информација со којашто би шетале со транспаренти наоколу.

Многу малку луѓе знаат, Румена, двајца доктори, сопругата и пријатели од Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ, а со коишто делиме иста судбина.

Каква терапија примате? Дали терапиите кај нас се современи?

Сега земам две таблетки на ден - Доравин/Трувада, што е нова и современа терапија, без особени несакани ефекти.

Порано земав една таблетка на ден, но имаше потенцијално токсични ефекти на долг рок и докторите ми ја сменија.

Дали живеете „нормален“ и квалитетен живот и покрај вирусот или и понатаму постојат стравови со кои се соочуватe?

Живеам сосема нормален живот, внимавам многу на сопственото здравје затоа што не сакам да бидам повторно во ситуација „подобро да спречам отколку да лечам“.

Имате ли совет за лицата кои биле во ризик и треба да направат ХИВ тест, но и за ХИВ позитивните лица кои можеби размислуваат за родителство?

Задолжително тестирање, затоа што постои ризик не само од ХИВ, туку и од многу други сексуално преносливи инфекции.

Заштитата е најдобра превенција (после апстиненцијата секако).

Родителството за мене е најубавата работа што ми се случила во животот, нешто што ми го смени животот од корен, ми донесе насмевка и безбројни секојдневни радости.

Затоа советот би бил: дајте ѝ шанса на љубовта, разговарајте отворено со партнерот (мора да имате голема доверба и да сте сигурни со кого споделувате) и правете потомство.

Нема поблагодарна работа. Истиот совет за потомство се однесува и за оние што немаат ХИВ инфекција (секако доколку ја имате вистинската личност покрај себе).

Но, сосема е во ред и многу легитимно да останете само со партнерот или да бидете сингл, затоа што доколку не сте спремни за живот во заедница и дете, немојте да носите никого на душа.

makedonec-inficiran-od-hiv-koj-stana-tatko-na-hiv-negativno-bebe-moite-stravovi-bea-pogolemi-od-onie-na-soprugata-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: Freepik.com

Би можело да ве интересира:

Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg