Драшко од Скопје рачно изработува парчиња од дрво: „Не може да се повторат две исти парчиња – самото дрво дава уникатност“

„Што се однесува до процесот на изработка, најчесто изработуваме со дрво од орев кое е најмеко и многу инспиративно со своите шари и годови кои даваат посебен дизајн“ - раскажува Драшко за CRNOBELO.com

drashko-od-skopje-rachno-izrabotuva-parchinja-od-drvo-ne-mozhe-da-se-povtorat-dve-isti-parchinja-samoto-drvo-dava-unikatnost-01.jpg

Драшко Колев од Скопје се занимава со изработка на уникатни рачно изработени парчиња од дрво.

Она што почнало како хоби и изработки за своја лична употреба, денес е претворено во мал бизнис, за кој Драшко сака да се зборува повеќе од уста на уста од задоволни клиенти. 

Поразговаравме со него за тоа како дошол до идејата, како изгледа процесот на изработка и преработка на дрво, а во неговата работилница може да се најдат клуб и трпезариски маси, даски за сервирање, пепелници, држачи за пури, икони и многу други работи. 

drashko-od-skopje-rachno-izrabotuva-parchinja-od-drvo-ne-mozhe-da-se-povtorat-dve-isti-parchinja-samoto-drvo-dava-unikatnost-12.jpg

За почетоците и идејата, за хобито кое прераснало во бизнис, Драшко за CRNOBELO.com вели:

„Морам да признаам дека овој бизнис испадна многу спонтано, најпрво со изработки за себе во својот дом, па за најблиските пријатели и така некако дојдов до идеја, а зашто не би почнал малку посериозно.

Реакциите беа супер и тоа ми даде мотив да продолжам сè помотивирано и повеќе да навлегувам во тајните на оваа работа.

Отсекогаш ме фасцинирало дрвото кое е секогаш неизбежен дел од секој дом, градина и секаде околу нас.

drashko-od-skopje-rachno-izrabotuva-parchinja-od-drvo-ne-mozhe-da-se-povtorat-dve-isti-parchinja-samoto-drvo-dava-unikatnost-02.jpg

Ми се допаѓа неограниченоста, тоа што постојано може да се изменува и дообработува нештото. Навистина е широка неговата примена.

Можам да кажам дека ова сè повеќе ми станува примарна работа иако долго време беше како хоби од кое солидно се заработува, а сепак уживаме во тоа што го работиме.

Не сакав да се промовирам по социјалните мрежи, напротив, јас го одбрав побавниот пат да се рекламирам преку самата работа и од задоволни клиенти кои ме препорачуваат на свои блиски“.

drashko-od-skopje-rachno-izrabotuva-parchinja-od-drvo-ne-mozhe-da-se-povtorat-dve-isti-parchinja-samoto-drvo-dava-unikatnost-09.jpg

За процесот на изработка на парчиња од дрво, колку време му одземаат изработките, дизајнот на истите, но и нивното одржување, Драшко открива:

„Нема баш правило за тоа колку време е потребно за изработка, секогаш е индивидуално. Зависи што се изработува, зависи од самото парче дрво итн.

Највеќе време одземаат масите, тие имаат посебен третман кој одзема доста време. Помалите работи се изработуваат побрзо, како на пример даските за сервирање храна и слично.

drashko-od-skopje-rachno-izrabotuva-parchinja-od-drvo-ne-mozhe-da-se-povtorat-dve-isti-parchinja-samoto-drvo-dava-unikatnost-07.jpg

Што се однесува до процесот на изработка, најчесто изработуваме со дрво од орев кое е најмеко и многу инспиративно со своите шари и годови кои даваат посебен дизајн.

Секако изработуваме и со даб кој е посветол, но исто квалитетно, а тука е секако костенот, јасенот, црешата и многу други.

Дрвото најпрво се сече на талпи, па потоа се суши во специјални печки и се вари за да бидеме сигурни дека нема некој штетник во него што би направил некој проблем во самото дрво.

drashko-od-skopje-rachno-izrabotuva-parchinja-od-drvo-ne-mozhe-da-se-povtorat-dve-isti-parchinja-samoto-drvo-dava-unikatnost-08.jpg

Со самото варење, исто така се ослободуваат самите чворови во дрвото и станува полесно за работа.

Така сувото дрво може да се работи, па се рамни на машини, а потоа се оформува зависно што изработуваме.

drashko-od-skopje-rachno-izrabotuva-parchinja-od-drvo-ne-mozhe-da-se-povtorat-dve-isti-parchinja-samoto-drvo-dava-unikatnost-13.jpg

На крај се премачкува со масло како заштита, но и за да добие сјај. 

Дизајнот зависи од моменталната инспирација, од шарите на самото дрво и секако што изработуваме.

drashko-od-skopje-rachno-izrabotuva-parchinja-od-drvo-ne-mozhe-da-se-povtorat-dve-isti-parchinja-samoto-drvo-dava-unikatnost-10.jpg

Секако, не може да се очекува да се повторат две исти парчиња со исти димензии и дизајн, бидејќи самото дрво му дава уникатност на секое парче.

Што се однесува до истрајноста, ако производот е добро истретиран, навистина рокот е подолг и може да трае и повеќе од 100 години.

Одржувањето е многу лесно, треба само да се внимава да не се остава надвор на надворешни влијанија“.

drashko-od-skopje-rachno-izrabotuva-parchinja-od-drvo-ne-mozhe-da-se-povtorat-dve-isti-parchinja-samoto-drvo-dava-unikatnost-14.jpg

За најпопуларните производи и што Македонците најчесто бараат, Драшко вели:

„Па од дрвото скоро и да нема нешто што не може да се изработи. Највеќе се бараат малите производи, но и трпезариски и клуб маси.

Избегнуваме да изработуваме со дрво на клиентот поради тоа што не знаеме како е третирано, како е чувано, а не правиме ниту преправки на веќе постоечки производи.

drashko-od-skopje-rachno-izrabotuva-parchinja-od-drvo-ne-mozhe-da-se-povtorat-dve-isti-parchinja-samoto-drvo-dava-unikatnost-11.jpg

Морам да кажам и да бидам искрен, кај нас сè повеќе дрвото наоѓа примена и е сè повеќе присутно во ентериерот на Македонците.

Исто така многу се применува и во локалите, кафулињата и рестораните.

Не би можел да издвојам баш една омилена изработка, некако сите си имаат свој печат, но имало изработки коишто на крај се многу поубави од првичната замисла“.

drashko-od-skopje-rachno-izrabotuva-parchinja-od-drvo-ne-mozhe-da-se-povtorat-dve-isti-parchinja-samoto-drvo-dava-unikatnost-17.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...
Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg