Филип Николоски: „Живеам со церебрална парализа, но животот е преубав ако се знае како да се живее“
Што би им порачал на другите кои се соочуваат со инвалидитет од каков било тип? Зошто за соништата не смеат да постојат пречки?
Само нека веруваат во себе и сè е возможно ако доволно се сака.
Зошто Прилеп е убав град за живеење?
Прилеп е едно посебно место за живеење, имам доста другари и убави места за излегување, ја имаме и Прилепската саат кула, која што е симбол на нашиот град.
Твојата најголема авантура што си ја направил досега е…
Мојата најголема авантура е моето неодамнешно патување во Италија на кое си поминав преубаво.
И можам да кажам дека треба да се угледаме на Италија како држава во поглед на организација и пристапност за лицата со попреченост.
Што ти е лек на тмурен ден?
Добра музика.
Колку девојките гледаат поинаку на момците со попреченост?
Морам да кажам дека имам многу пријателки од кои сум сосема уредно прифатен и ми се многу блиски, сметам дека попреченоста не треба да биде пречка за дружбата со девојките.
Колку во Македонија локалите се прилагодени за лица со попреченост?
Има и такви и такви, но сметам дека нема доволно локали во кои има пристап за лицата со попреченост, се надевам дека во иднина ќе се поводи сметка за таквите локали, кина, театри и останато за да бидат сè повеќе пристапни за лицата со попреченост.
На што си најгорд во животот?
Најгорд во животот сум на заедничкиот настап на концертот со Меморија.
Што ти е сон да изреализираш на поле музика, а што имаш изреализирано досега?
Па, досега имам изреализирано три авторски песни: „Тебе те нема“, „Вози вози ме“ и „Само на добро нека е“, којашто на моја огромна чест ја препеа култниот бенд Меморија и се појавив на нивниот концерт.
На сите три песни автор е сегашниот гитарист на Меморија, Рубин Димкоски.
Сон ми е да изреализирам еден голем солистички концерт.
Слушнете ја неговата песна „Само на добро нека е“:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело