Филип Николоски: „Живеам со церебрална парализа, но животот е преубав ако се знае како да се живее“

„Мојата дијагноза е церебрална парализа, но животот е преубав и покрај сè, ако се знае како треба да се живее. Уживам во животот, а најгорд сум на настапот на концертот на Меморија“, вели Филип Николоски (25) од Прилеп за CRNOBELO.com, момчето кое нè стопи со својата заразна позитивна енергија.

filip-nikoloski-mojata-dijagnoza-e-cerebralna-paraliza-no-zhivotot-e-preubav-ako-se-znae-kako-da-se-zhivee-01.jpg

Филип Николоски (25) од Прилеп е вработен како административен работник во прилепската болница, но негово омилено хоби е музиката.

Oва момче години наназад настапува низ разни локали, има три свои песни, од кои една сега ја препеа групата Меморија и со која тој настапи заедно со нив на сцената на нивниот концерт, по повод 40 години постоење на бендот.

Со изведбата на „Само на добро нека е“ и насмевката која не ја тргна од лицето, Филип покажа како треба да се живее.

filip-nikoloski-mojata-dijagnoza-e-cerebralna-paraliza-no-zhivotot-e-preubav-ako-se-znae-kako-da-se-zhivee-02_2.jpg

filip-nikoloski-mojata-dijagnoza-e-cerebralna-paraliza-no-zhivotot-e-preubav-ako-se-znae-kako-da-se-zhivee-05_1.jpg

Поразговаравме со него за неговата љубов кон музиката, a за CRNOBELO.com тој открива:

Твојата љубов кон музиката е заразна.... Моментот кога се појави на сцената на концертот на „Меморија“ буквално ја наежи публиката... Не ја тргна насмевката од лицето, какво беше чувството?

Чувството во тој момент беше неописливо… Лавина од емоции, овации од публиката.

На сите им посакувам да доживеат таков успех во своите полиња.

filip-nikoloski-mojata-dijagnoza-e-cerebralna-paraliza-no-zhivotot-e-preubav-ako-se-znae-kako-da-se-zhivee-03.JPG

Како и која дијагноза им беше соопштена на твоите родители по раѓањето? Каков е животот со оваа дијагноза, кои се предизвиците?

Мојата дијагноза е церебрална парализа.

Животот е преубав и покрај сè, ако се знае како треба да се живее.

Предизвици има еден куп, но никогаш не сум гледал на својата состојба како болест. Уживам во животот.

filip-nikoloski-mojata-dijagnoza-e-cerebralna-paraliza-no-zhivotot-e-preubav-ako-se-znae-kako-da-se-zhivee-01_1.JPG

Како успеваш да балансираш помеѓу работата во администрација и ноќните музички настапи? Колку темпото те изморува понекогаш?

Ако го работите она што најмногу го сакате со љубов и со огромна желба и волја ништо не е напорно.

filip-nikoloski-mojata-dijagnoza-e-cerebralna-paraliza-no-zhivotot-e-preubav-ako-se-znae-kako-da-se-zhivee-06.JPG

Кој ти е најголема поддршка во извршување на секојдневните обврски?

Моја најголема поддршка се моите родители и се движам со нивна помош, а за излегување си имам моторче со кое се движам низ град.

filip-nikoloski-mojata-dijagnoza-e-cerebralna-paraliza-no-zhivotot-e-preubav-ako-se-znae-kako-da-se-zhivee-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Меморија“ пред скопскиот концерт: „Секој што бил дел од бендот во овие 40 години, оставил свое парч... „Само 10 дена по заминувањето на Вики, сопругата на Поце, Меморија не го откажа ...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Давид (Јанг Дади) за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Лична карта' во кафеана“ „Еднаш земав да се бричам со на татко ми бричот на мои 3-4 години, и останатото ...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Филип Костовски, чевлар: „Ги поправив најскапите чизми што сум ги видел, чинат над 4.500 долари“ „Чизмите за поправка ги донесе Македонка која работи во странство. Нè пофали за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg