Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат помеѓу 50 и 65 години“

„Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме славата Свети Тито. Дрес кодот е црвена марама, со бело и плаво. Оние кои доаѓаат првпат мислат дека сме некоја секта луди млади старци“ - вели за CRNOBELO.com Зоран Спасов - Ѕоф - урбан скопски лик, писател, драматург, претприемач.

zoran-spasov-dzof-urban-skopski-lik-skopje-ne-bi-bilo-isto-bez-sharmot-na-onie-koi-denes-imaat-pomegju-50-i-65-godini-01.jpg

Урбан скопски лик, писател, страстен патувач и човек кому Тито му е и идол и „домашна слава“, бидејќи секој 25-ти мај во домот на Зоран Спасов - Ѕоф се прави голема пионерска журка, инспирирана токму од Маршалот.

Со него муабетите се долги, и секогаш има теми кои ќе останат неистражени, недокажани, неначнати...

Но, овој пат, во интервју за CRNOBELO.com, со Ѕоф разговаравме за сè по малку - за новата книга „Јас сум Сирма“ која ќе има промоција на 14.11.2024, за патувањата со неговата сакана Весница, за култните места во Скопје кои и денес му се при срце, но и за неговите животни страсти.

zoran-spasov-dzof-urban-skopski-lik-skopje-ne-bi-bilo-isto-bez-sharmot-na-onie-koi-denes-imaat-pomegju-50-i-65-godini-03.jpg

Во продолжение, целото интервју со Зоран Спасов - Ѕоф, кој за себе вели:

„Од пред некој ден имам 59 години, а по професија би рекол дека сум - мултитаскинг, но работам во Aristocrat, најголемата компанија во светот за гејминг, како потпретседател за операции“.

Бизнисмен, писател, драматург, скопски урбан лик... која од овие работи најдобро те опишува? Како, всушност, би се опишал за луѓето кои не те познаваат, но ја знаат твојата работа?

Ова „бизнисмен” веднаш би го сменил со „претприемач”, затоа што ми асоцира на некој олигарх, син на олигарх или лик со демоде одело и актовка во која ги шета печатите од фирмата и кочанот бланко фактури.

Хмм, себеси би се опишал како последен Мохиканец што се обидува да ја сочува скопската ДНК и преродбеник којшто гордо успева да ги натера луѓето да читаат книги.

Посебно оние на кои последна прочитана книга им е „Зоки Поки”.

zoran-spasov-dzof-urban-skopski-lik-skopje-ne-bi-bilo-isto-bez-sharmot-na-onie-koi-denes-imaat-pomegju-50-i-65-godini-09.jpg

Неделава ја очекуваме промоцијата на новата книга „И јас сум Сирма“, за која издавачот вели дека е „книга што ќе ви ја разнесе душата“... Која е Сирма? Која е темата што ја обработува книгата и дали е повторно напишана во твој стил - со доза на хумор и во скопски жаргон?

Сирма Војвода е наша историска личност и олицетворение на силна жена, рамо до рамо со Роза Луксембург и Клара Цеткин.

Жанрот е ултра феминистички фрагментиран роман, во кој не постои граница помеѓу вистината и фикцијата.

Сирма, тука, патува низ времето и… и не кажувам повеќе, нека откријат читателите.

Во книгата има и одредени ликови кои зборуваат скопски, има и хумор, емпатија, но има и омраза…

Се обидов читателот да го прошетам од историски настани за кои никогаш не слушнал, до откачени приказни својствени за филмовите на Тарантино.

zoran-spasov-dzof-urban-skopski-lik-skopje-ne-bi-bilo-isto-bez-sharmot-na-onie-koi-denes-imaat-pomegju-50-i-65-godini-12.jpg

Не е фер да прашаш писател која му е омилена книга, но сепак, кое твое дело би го издвоил како четиво кое ти е најблиско до срцето и коешто би сакал да го прочитаат сите што можеби не прочитале ништо твое досега?

Тука нема место за дилема. Дефинитивно „Цепај сине” е она со што се гордеам и што сум 100% јас.

Тоа е воедно и најтежок облик на пишување, затоа што со неколку збора треба да го натераш читателот да се „подмоча“ од смеење.

Ова четиво треба да го има секое семејство во својата библиотека и кога некој е даун да се консумира како лек против депресија, анксиозност, апатија и демотивираност.

zoran-spasov-dzof-urban-skopski-lik-skopje-ne-bi-bilo-isto-bez-sharmot-na-onie-koi-denes-imaat-pomegju-50-i-65-godini-02_copy.JPG

Ја постави и претставата „Торонто експрес“… Дали си горд на тоа што го направивте со Александар Микиќ?

Мал е зборот „горд”. Три месеци зад затворени врати ја спремавме со Микиќ и Јоцо Симонов, за да на крајот поставиме една вонсериска претстава.

Успеавме и да ја постигнеме задачата што сами си ја зададовме: гледачите да не знаат дали е комедија или трагедија и на крајот сѐ да се сведе на пола саат скришно смешкање, пола саат умирање од смеење и десет минути подзаплачување.

Инаку, овој моноспектакл стана најгледана монодрама во нашата историја.

zoran-spasov-dzof-urban-skopski-lik-skopje-ne-bi-bilo-isto-bez-sharmot-na-onie-koi-denes-imaat-pomegju-50-i-65-godini-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg