Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубов“

„Откако станав мајка веќе немам време да се релаксирам, сфатив дека ова е хаос и дека веќе никогаш нема да бидам одморена. Но, кога ќе го видам, па кога ќе ми се „искези“, можам да се измочам во гаќи од среќа“, вели Марија Шерифовиќ во интервју за CRNOBELO.com.

marija-sherifovikj-za-crnobelo-site-majki-za-svoite-deca-velat-deka-se-najmili-ama-mojot-sin-e-ljubov-01.jpg

Една од најголемите балкански музички ѕвезди, Марија Шерифовиќ, на 2 ноември ќе одржи голем концерт во арената „Борис Трајковски“.

Неколку дена пред својот настап, победничката на Евросонг од 2007 година, дојде во Скопје и се сретна со македонските новинари.

marija-sherifovikj-za-crnobelo-site-majki-za-svoite-deca-velat-deka-se-najmili-ama-mojot-sin-e-ljubov-02.jpg

Иако рече дека самата на себе си ветила дека нема да раскажува многу за својот син Марио и нема да одговара на прашања за него, откако заврши прес конференцијата и седнавме настрана за да направиме интервју за CRNOBELO.com, таа сепак во еден момент го извади телефонот за да ми покаже неколку негови фотки.

„Мора да ти го покажам да го видиш каков е. Види какви зелени очи има. Тој е совршен, пресовршен“, рече Марија со голема љубов и нежност во гласот.

Низ разговорот сфатив дека мајчинството навистина ја променило, дека малку и ја омекнало, бидејќи ова е моја трета средба со неа, а таа првпат како да немаше гард затоа што разговара со новинар.

marija-sherifovikj-za-crnobelo-site-majki-za-svoite-deca-velat-deka-se-najmili-ama-mojot-sin-e-ljubov-13.jpg

А во интервјуто зборувавме за сè - песните на кои „откачува“ во кафеана, животните одлуки за коишто жали, за „Ѕвездите на Гранд“, но и за мајчинството:

За неколку дена ќе полните 40 години... Ве плашат ли годините?

Ма не, не ме плашат. Знаеш како - нема смрт без судниот ден, така што, нема од што да се плашам.

Само е важно секој ден да оставаме по некоја убава трага зад нас, да се трудиме да бидеме што подобри луѓе од ден на ден. Само тоа ни преостанува.

Што ќе си посакате оваа година на себе за роденденот?

Здравје, трпение и мудрост.

marija-sherifovikj-za-crnobelo-site-majki-za-svoite-deca-velat-deka-se-najmili-ama-mojot-sin-e-ljubov-05.jpg

После неколку години ќе имате голем концерт во Скопје.. Што ќе ѝ понудите овој пат на публиката?

Не знам, искрено не знам. Ама искрено ќе кажам дека на последниот концерт во 2018 година, воопшто не ми се пееше.

Бев облечена, спремна за настап, а знам дека нозете ми се враќаа назад, не сакав да се качам на сцената.

Кога излегов, кога ја видов полната арена, кога почна публиката да пее, неубавото чувството исчезна, и тоа беше еден од оние концерти што ќе ги памтам додека сум жива.

Мислам дека не постои песна што не сте ја испеале со длабока емоција... Колку љубов, страст, тага, радост носите во себе за лесно да ја извлече таа емоција во гласот, а за песната да звучи совршено?

Уф, ова ти е тешко прашање. Јас не мислам дека секоја моја песна е снимена или отпеана совршено, но, да, емотивна е. Јас снимам таква музика.

Всушност, знаеш кој е одговорот на твоето прашање? Јас не снимам песни во кои не верувам, нешто што не сум доживеала или проживеала.

Па во таа смисла, најверојатно секојпат отпочеток минувам низ сето она низ што сум минувала кога сум ја снимала.

marija-sherifovikj-za-crnobelo-site-majki-za-svoite-deca-velat-deka-se-najmili-ama-mojot-sin-e-ljubov-08.jpg

Вие не сте личност што публиката или ја сака или не ја сака. Имате армија обожаватели и луѓе кои ви велат дека ве сакаат, но се случило ли некогаш да ви пријде некој за да ви каже дека не му се допаѓа вашата музика, па и вие како личност?

Не мора некој да дојде да ми каже, јас имам доволно искуство, знаење и мудрост за да препознаам со каков нагон ми приоѓа некој.

И сосема е во ред некому да не му се допаѓате, тоа е валиден дел и од животот и од работата.

Но, тоа што некој не ме сака, навистина не ме ремети.

Женските срца се вообичаено мојата публика, па некогаш ми се случува на концертите да прашам има ли меѓу луѓето некој маж кој дошол затоа што е приморан и на сила. И секогаш некој таков ќе се јави.

И му велам: „Па добро, која мака те натера да дојдеш?“ а тој вели дека морал да си ја доведе сопругата или девојката.

Прашувам и дали е мој фан и најчесто одговорот е дека не е и дека не ги слуша моите песни.

И му велам: „Ајде ти и јас да се кладиме дека ќе бидеш мој фан до крајот на концертот“.

marija-sherifovikj-za-crnobelo-site-majki-za-svoite-deca-velat-deka-se-najmili-ama-mojot-sin-e-ljubov-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg