Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубов“

Често доаѓате во Скопје поради соработката со Дарко Димитров... Но, освен во неговото студио, имате ли некое омилено место во градот кај што сакате да помнете малку време, каде што се чувствувате удобно?

Има еден ресторан, ама не знам како се вика.

А сакам таму да јадам домати, зашто вашите домати се „хаос“, а сакам да јадам и македонско сирење што се служи таму.

Концертот е закажан за 2-ри ноември, а јас планирам да дојдам тука на 1-ви и сигурно ќе отидам и до кафеаната, па ќе го снимам тоа и за мојот влог.

marija-sherifovikj-za-crnobelo-site-majki-za-svoite-deca-velat-deka-se-najmili-ama-mojot-sin-e-ljubov-04.jpg

На прес конференцијата самата кажавте дека сакате да отидете во кафеана, па дури и да скршите некоја чаша ако ве понесе атмосферата. Кои се тие песни што ве креваат до толку за да „откачите“ во кафеана?

Има многу такви песни. Но, би рекла дека најмногу откачувам на која било песна што ја пеат Шабан Шаулиќ, Џеј или Синан Сакиќ. Ако бирам вистински „народњаци“ - тогаш тоа е тоа.

Омилена македонска песна?

Ги има многу. Тоа се главно оние песни за кои не знаев ни дека постојат додека не ги слушнав во „Ѕвездите на Гранд“, во претставувањето на некои македонски кандидати.

Тоа се стари народни песни испеани пред стотина години.

marija-sherifovikj-za-crnobelo-site-majki-za-svoite-deca-velat-deka-se-najmili-ama-mojot-sin-e-ljubov-06.jpg

Постои ли музичар со кој би сакале да снимите дует, а досега не сте го реализирале?

Постоеше само еден, но во овој живот не успеавме да снимиме песна.

Во едно интервју изјавивте дека омилена личност од детството ви е вашата баба и дека таа многу ве чувала и разгалувала. Дали сега вашата мајка, го прави истото со вашиот син и целото свое внимание му го посветува нему?

Да, таа му го посветува најголемото внимание нему. Марио ѝ е сега на прво место, а јас паднав на второ.

Но сите ние целото свое време го насочивме кон мојот син, толку многу сме заљубени во него... секоја мајка за своето дете ќе каже дека е најубаво и најмило, но не знам, ова дете е љубов.

А сите ние сме до таа мера насочени кон него, што никој од нас нема веќе слободно време.

Откако станав мајка сфатив дека немам време да се одморам, да се релаксирам, сфатив дека ова е хаос и дека веќе никогаш нема да бидам одморена.

Но, кога ќе го видам, па кога ќе ми се „искези“, можам да се измочам во гаќи од среќа.

marija-sherifovikj-za-crnobelo-site-majki-za-svoite-deca-velat-deka-se-najmili-ama-mojot-sin-e-ljubov-10.jpg

Дали животот ви стана поубав откако се роди Марио? Дали сте вистински среќна, и покрај тоа што сте ненаспана?

Како да не сум среќна?! Што се однесува до мене, еве ако го земеме в предвид и пеењето, и сè што ми се случило во животот, јас можам да одам во пензија.

Можам сега да работам нешто друго, да одам да ѕидам згради, да отворам ресторан.

Навистина мислам дека постигнав некои убави работи во животот, особено сега кога се остварив во улогата на мајка.

Животот навистина знае да биде убав.

Генерално не сум мегаломан, мене отсекогаш ме радувале некои ситни работи, па да, може да кажам дека сум среќна, апсолутно.

marija-sherifovikj-za-crnobelo-site-majki-za-svoite-deca-velat-deka-se-najmili-ama-mojot-sin-e-ljubov-09.jpg

Со години сте дел од жирито во Гранд и тука не можете да ги скриете емоциите кога ви се допаѓа или не ви се допаѓа како некој пее... Се воздржувате ли некогаш од неубав коментар само за да не му ги срушите соништата?

Се воздржувам да не го кажам она што „дибидус“ го мислам.

Но, никогаш не се воздржувам кога треба да пофалам некого.

marija-sherifovikj-za-crnobelo-site-majki-za-svoite-deca-velat-deka-se-najmili-ama-mojot-sin-e-ljubov-03.jpg

Често се карате меѓу себе... Дали се тоа вистински караници или понекогаш е и малку шоу за публиката?

Верувај, така е како што гледате на телевизија.

Нема никакви местенки, кој би местел караница?

Понекогаш имаме различни мислења до таа мера, што тоа е неверојатно. Така што, сè е реално.

А како изгледа зад сцената, пред или по снимањето?

Е, тоа секогаш зависи од тоа колку сме се искарале на снимањето, па или се сакаме или очи не сакаме да си видиме, ха, ха.

Тоа ни е работа. Не значи дека јас некој свој колега ќе го сакам или почитувам помалку или повеќе поради тоа што се случило во шоуто.

Можам само да мислам дека е глув, или тој да мисли дека јас не слушам како што треба, но, Боже мој.

Со сите од жирито имам одличен однос, но не се дружиме приватно.

Доволно ми е што ги гледам на работа, па уште да треба и да се дружиме вон работата.

marija-sherifovikj-za-crnobelo-site-majki-za-svoite-deca-velat-deka-se-najmili-ama-mojot-sin-e-ljubov-07.jpg

И сосема за крај - жалите ли за нешто во 21-22-годишната кариера? Би направиле ли нешто поинаку?

Знаеш она кога некој ќе те праша дали нешто би сменила, а повеќето велат „ма нееее, ништо не би сменила, сè е фантастично...“.

Би сменила. Би сменила некои свои одлуки и би избрала да „прескокнам“ некои луѓе кои биле дел од мојот живот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg