Сања Лефкова: „Работам како професор по музика во Дортмунд, не знам дали требаше да ја напуштиме Македонија“

Какви се на поле професија?

Обично тука има доста можности за школување и не постои старосна граница и овде можеш да сретнеш дури повозрасни луѓе да учат или да завршуваат некој курс.

На колку години Германците стапуваат во брак? Дали имаат модерни сфаќања? Го ценат бракот или има многу разводи?

Не би можела да кажам затоа што јас сум растена со друг менталитет во Македонија, но од страна гледано имаат доста модерни сфаќања, браковите не им се привилегија или ги склучуваат после 30-тата година и ретко се одлучуваат да имаат деца.

Тука има и многу истополови бракови.

sanja-lefkova-pejachka-rabotam-kako-profesor-vo-dortmund-ne-znam-dali-trebashe-da-ja-napushtime-makedonija-10.jpg

Колку е различна Германија за доживување како турист и како граѓанин таму?

Многу е различно. Најпрвин треба да се навикнеш да живееш и да оствариш социјални контакти и да можеш да работиш, да заработуваш и да функционираш и притоа да се чувствуваш дека припаѓаш тука.

sanja-lefkova-pejachka-rabotam-kako-profesor-vo-dortmund-ne-znam-dali-trebashe-da-ja-napushtime-makedonija-08.png

Не е исто да трошиш пари заработени и да одиш на одмор и да работиш и да живееш во некоја држава подолго време.

sanja-lefkova-pejachka-rabotam-kako-profesor-vo-dortmund-ne-znam-dali-trebashe-da-ja-napushtime-makedonija-16.jpg

Како те прифаќаат како дојденец? Има ли многу Македонци што живеат таму? Се запознавте ли, ти доаѓаат на забави?

Не постои разлика, зошто во последно време има доста странци што се населуваат тука.

Доколку го владееш јазикот и работиш сите те вреднуваат, во спротивно нема да можеш да се вклопиш и да напредуваш на кое било поле.

Јас сум прифатена и сè уште пејам и работам со различни луѓе. Има и доста Македонци кои живеат тука и се дружиме.

sanja-lefkova-pejachka-rabotam-kako-profesor-vo-dortmund-ne-znam-dali-trebashe-da-ja-napushtime-makedonija-09.jpg

Имам доста настапи и преку Македонската Православна Црква и македонските културни друштва, но почесто пејам и на фестивали и прослави кај Германци и за многу кратко време создадов и овде своја публика.

sanja-lefkova-pejachka-rabotam-kako-profesor-vo-dortmund-ne-znam-dali-trebashe-da-ja-napushtime-makedonija-19.jpg

Каде одат Германците на одмор?

Нема правила, одморите тука се планираат уште половина година однапред.

Обично одат во Шпанија, Франција, Италија или на крстарења.

sanja-lefkova-pejachka-rabotam-kako-profesor-vo-dortmund-ne-znam-dali-trebashe-da-ja-napushtime-makedonija-15.jpg

Какви се училиштата?

Има и државни и приватни. Имаат доста добра програма за работа.

Постои основно училиште до 4 одделение, потоа од 5-13 гимназија или училиште што е како кај нас основно до 9 одделение и потоа одиш во Средно образование.

По завршување на 13-то одделение се полага матура и може да се студира.

Се изучуваат германскиот јазик за странци, дури и со дополнителни часови, како и англиски, италијански, француски, португалскиот јазик.

sanja-lefkova-pejachka-rabotam-kako-profesor-vo-dortmund-ne-znam-dali-trebashe-da-ja-napushtime-makedonija-12.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Марија од Велес живее во Хамбург: „Се преселивме со другарка, Германците постојано ми бараат ајвар“ „Неодамна гости ми побараа ајвар. За среќа имав. Па, сега има проблем кога ќе им...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Сања е самохрана мајка со своја фарма во с. Четирце: „Мотив за бизнисот ми беше мајка ми да не се см... „Порано бев осудувана што сум самохрана мајка. Осудите беа од типот дека тоа сум...
Штипјанките Патриција и Андреа (21) за CRNOBELO: „Дечковците порано нè мешаа зашто сме идентични бли... „Би било криминал да имаш идентична близначка, а да не го „злоупотребиш“ тоа во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg