Каква мајка, таква ќерка – Нашите балерини Марија и Стефанија се доказ дека гените се чудо
Секогаш нè тешеше помислата - нема лесна успешна приказна, мора да се почувствува маката, жртвата, посветеноста, откажувањето, макотрпната работа за да успееш чесно, а мене ми е тоа најважно.
Со мајка ми секогаш се поддржуваме, советуваме и нормално конструктивните критики се секогаш присутни.
После секоја проба и претстава се слушаме и си споделуваме детали и впечатоци. Секогаш сме функционирале како две другарки и многу луѓе мислат дури и дека сме сестри.
Сме настапувале заедно на сцената на МОБ во балетските престави „Петар Пан“, „Снежана и седумте џуџиња“, „Дон Кихот“, а се надевам ќе имаме уште можности.
Би сакала да ме поканат во Скопје да одиграм претстава и пред мојата публика, би ми значело многу.
Во Русија сум од мои 14 години, Русија ми даде образование, знаење и челичен карактер. Мојот сон беше да играм тука, но секако Македонија е мојот дом и би сакала и во мојата земја да ме видат како настапувам, посебно со мајка ми на иста сцена, искрено се надевам дека ќе имам можност“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело