Кристијан од Кавадарци е бармен во Хрватска: „Одам 3 лета по ред, се заработува и за заштеда“
Работиш како бармен и во Македонија – кои се најголемите разлики што ги забележуваш меѓу Македонија и Хрватска?
Најголемите разлики се во однос на платата и напредувањето во кариерата.
Работеше како бармен и на фудбалското првенство во Катар. Раскажи нешто за тоа искуство…
Работев како бар менаџер на еден од стадионите (Al Thumama) на Светското првенство во фудбал во Катар 2022 година.
Најголемо искуство во досегашната моја кариера - мојата одговорност како бар менаџер беа шест шанкови (контрола, вработени, пописи...)
Како дојде до таа работна позиција – се пријави ли некаде, некој те предложи…?
Добив понуда од мојот менаџер, каде што работев првата година во Хрватска.
Како изглед да се работи на настан од таков размер? Како изгледа организацијата?
Да се работи како бар менаџер на Светско првенство за мене беше привилегија и големо позитивно искуство.
Организацијата беше одлична.
Имаше ли можност да го видиш Катар? Што ти остави најголем впечаток? Што те разочара најмногу?
Уште од мал сум голем љубител на фудбалот, и имав можност да ги изгледам најголем дел од натпреварите, кои за мене беа сон.
Имав можност да ја прошетам Доха главниот град на Катар, центарот на градот е преубав, чист, големите облакодери и трговските центри му даваат посебна убавина на градот.
Најмногу се разочарав од храната и околината надвор од центарот на градот.
Ако би имал можност, би се вратил повторно.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Софија Спирова | Црнобело