Александра од Скопје 4-ти пат беше на финалето на Вимблдон: „Билетите се од 250£ нагоре, аплицирав уште во октомври“

Иако како публика немаме можност да стигнеме до бројните славни личности, оваа година имав средба со еден од најинтересните ликови во светот на тенисот, Австралијанецот Ник Киријос.

Тој беше во прес боксот каде што даваше интервју и на минување само пружи рака во знак на поздрав, но, за жал, многу брзаше, па не можевме да се фотографираме заедно.

aleksandra-od-skopje-4-ti-pat-beshe-na-finaleto-na-vimbldon-biletite-se-od-250-nagore-aplicirav-ushte-vo-oktomvri-10.jpg

aleksandra-od-skopje-4-ti-pat-beshe-na-finaleto-na-vimbldon-biletite-se-od-250-nagore-aplicirav-ushte-vo-oktomvri-13.jpg

Но, без разлика дали се работи за познато лице кое ќе го видите како седи во кралската ложа или ќе забележите некој реномиран актер или пејач како го бодри својот омилен играч, овие личности навистина му даваат уникатен шарм на Вимблдон.

Машкото финале и оваа година беше рај за сите сетила.

Пиевме Pims и уживавме во вкусот на јагоди и крем - оригинално британско летно искуство.

aleksandra-od-skopje-4-ti-pat-beshe-na-finaleto-na-vimbldon-biletite-se-od-250-nagore-aplicirav-ushte-vo-oktomvri-11_copy.jpg

aleksandra-od-skopje-4-ti-pat-beshe-na-finaleto-na-vimbldon-biletite-se-od-250-nagore-aplicirav-ushte-vo-oktomvri-14.jpg

Сепак, не е лесно да се стигне до билети за финалето.

Јас сум член на Лондонската тениска асоцијација (LTA) и на Вимблдон, па уште лани во октомври аплицирав за билети, а годинава во март добив потврда дека ми се одобрени.

Инаку, зависно од местото на седење, билетите за машкото финале, чинат од 250 фунти, па нагоре.

aleksandra-od-skopje-4-ti-pat-beshe-na-finaleto-na-vimbldon-biletite-se-od-250-nagore-aplicirav-ushte-vo-oktomvri-02_1.jpg

aleksandra-od-skopje-4-ti-pat-beshe-na-finaleto-na-vimbldon-biletite-se-od-250-nagore-aplicirav-ushte-vo-oktomvri-09.jpg

На крај, уште ќе кажам дека сум голем обожавател на Новак Ѓоковиќ, но за жал, тој не беше во идеална форма, најмногу поради скорешната повреда на коленото.

Од друга страна, Карлос Алкараз беше жесток и магичен и сосема заслужено ја освои титулата“.

aleksandra-od-skopje-4-ti-pat-beshe-na-finaleto-na-vimbldon-biletite-se-od-250-nagore-aplicirav-ushte-vo-oktomvri-04.jpg

aleksandra-od-skopje-4-ti-pat-beshe-na-finaleto-na-vimbldon-biletite-se-od-250-nagore-aplicirav-ushte-vo-oktomvri-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Каменка од Богданци има пилатес студио во Лондон: „Тука лесно се отвора мал бизнис, потоа давачките ... „За време на факултетските години почнав да барам функционален начин на вежбање ...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg