Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми го покажа вистинскиот пат“

„Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облека, е нешто што не само што не може да се опише, едноставно не сакам никој никогаш да го доживее. Ако за првиот син се помирив со дијагнозата, за мојата втора радост никогаш, ама баш никогаш нема да се помирам“ – вели за CRNOBELO.com Ивана Лескаровски, охриѓанка која со својата храброст и упорност е пример за сите жени.

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-01.jpg

Ивана Лескароски од Охрид е мајка на Роман Лескароски и сопруга на поранешниот фудбалер Дејан Лескароски, кој во моментов работи како помошник тренер во фудбалскиот клуб „Трим Љум“.

Благодарение на објавите на нејзината пријателка Миа Костова, цела македонска јавност имаше можност да дознае за тешката животна приказна на Ивана, а сега таа за читателите на CRNOBELO.com си ја отвори душата и зборуваше за сето она со коешто се соочила и се соочува во моментов.

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-03.jpg

По загубата на две деца и 10 спонтани абортуси, Ивана Лескароски имала можност да остане повторно бремена.

Но, и овој пат животот ја ставил во искушение, па иако предвреме го добила својот син Роман, таа истовремено морала да се бори и за животот на сопругот.

Потоа следувал период на затишје, а сега семејството Лескароски се соочува со нова бура.

Ивана води битка против рак на тироидната жлезда, а кај нејзиниот син Роман, на 9-годишна возраст се утврдени пет различни дијагнози со кои тој секојдневно се бори.

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-02_copy.jpg

Иако животот не ја галел, туку напротив, ѝ приредил голем број искушенија и борби, Ивана наоѓа сила да биде позитивна и на социјалните мрежи се обидува да покаже дека со секој предизвик мора да се избориме гордо и достоинствено.

Кога ќе ја слушнете нејзината приказна, чувствувате дека вашите проблеми се толку неважни и безначајни.

Си помислувате: „Колку удари може да издржи една личност во животот и што е она што ѝ дава сила да остане исправена и да се бори?“

Ивана, за читателите на CRNOBELO.com, како што вели, за последен пат си ја отвори душата, а овој пат сподели голем број детали што досега не ги кажала никаде.

Искрено зборува за тоа како смртта на нејзините две дечиња влијаела врз неа како личност и како со помош на најблиските и пријателите, нашла сила да се избори со сето она што животот ѝ го приредил.

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-04.jpg

Во продолжение следува целото интервју со Ивана:

Кажете ни накратко што се случи во првите две бремености. Имаше ли нешто што укажуваше дека може да дојде до компликации со бебињата и дека за жал има можност да ги загубите?

Како што во повеќе интервјуа имам кажано, првите две бремености од еден најубав чин за секоја жена, за мене се претворија во вистински кошмар.

Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговите облека, е нешто што не само што не може да се опише, едноставно не сакам никој никогаш да го доживее.

Првиот син го изгубив премногу млада, на само 21 година и ако сега ме прашате како го преживеав тоа, ќе ви одговорам дека јас стварно не можам до ден-денес да сфатам како се носев со сето тоа.

Ако за првиот син се помирив со дијагнозата, за мојата втора радост никогаш, ама баш никогаш нема да се помирам и одговорно тврдам дека ако неговиот третман беше подобар, тој денес ќе беше со нас.

Но, на оваа тема не сакам многу да зборувам, зашто отворањето на старите рани само го разгорува гневот во мене со кој фала му и слава му на Бога, после долго време мислам дека се изборив.

Еден ден мислам дека ќе имам сила да проговорам детално во врска со мојата втора бременост и загубата на моето веќе пораснато бебе, кое од спремно за дома заврши со краен епилог смрт и со свои 23 години јас се соочив со уште една загуба.

Загуба која боли и пече толку силно што срцето ти го прави парампарче.

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-08.jpg

По две загубени деца, дали кај вас постоеше стравот од нова бременост? Се откажавте ли веднаш или, пак, бевте упорни за да забремените?

Е, веќе потоа се појави една нова Ивана, Ивана која беше многу сурова, Ивана која беше лута на цел свет, Ивана која бремена жена и бебиња не сакаше да види со очи.

Ивана на која ѝ сметаше сè и Ивана која се обиде да посегне по својот живот.

Мислам дека тоа беше пресуден момент кога јас го одбрав животот и кога Бог повторно ми го покажа вистинскиот пат.

Со полна рака таблети во рака, јас имав само две опции: дали ќе живеам или не.

Го одбрав животот, мојот сопруг и семејството и одново се родив.

Безрезервна поддршка ми беше сопругот кој е мое вчера, мое денес и мое утре…

Да не бев толку сакана и чувана како капка вода, јас немаше денес да сум оваа непобедлива жена за која само небото е граница.

Моето семејство, моите родители, родителите на мојот сопруг, моите браќа, сестрата на сопругот и нејзиниот сопруг се оние на кои им должам сè во животот.

Првпат сум толку емотивна кога одговарам на вакви прашања, но сега и цела моја ситуација ме прави посебно осетлива.

Тие беа тука за мене и кога бев добра и кога бев лоша, и кога ги сакав и кога ги мразев, никогаш не ми ја пуштија раката и не се откажаа од мене.

Не можам да ви опишам колку бев сурова кон нив, но денес тие се моето сè.

Има работи кои никогаш нема да си ги простам поради болката што им ја нанесов со моето однесување, но тие во суштина беа сигурни дека јас ќе успеам да се изборам и дека јас ќе бидам повторно нивната Ивана, Ивана која денес е сила за сите нив и Ивана која денес срце од гради би откорнала за сите нив.

Следуваа низа абортуси кои, верувајте, за мене не беа ни еден процент болка во споредба со смртта на моите чеда.

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-13.jpg

Абортусите ми беа сите спонтани и со аномалија на плод, но, првпат ќе кажам дека од тие 10 абортуси еден беше по моја сопствена желба и иницијатива и тој момент беше моментот кога јас бев решена никогаш повеќе да не родам зашто јас не можев да помислам дека би можела повторно да изгубам чедо.

Мислам дека ни една нормална личност тоа не би го поднела.

Моите планови беа посвојување на дете и бев помирена со тој факт и морам да кажам дека мојата одлука беше поддржана.

Но, за волја на вистината, кога Бог сака, ние пред него сме немоќни.

Ниедни таблети за спречување на бременост не можат против Бога. Јас останав бремена, овој пат со мојот единец Роман.

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-14.jpg

Какво беше чувството кога ви кажаа дека сте бремена со Роман? Бевте среќни или, напротив, за време на целата бременост стравувавте? Опишете ни накратко, како се чувствувавте.

Немаше среќа, немаше радост на позитивниот тест. Мојата одлука беше донесена, дека јас нема никогаш да родам.

Е, тогаш Бог сосем случајно ми ја донесе во животот Миа Костова, онаа Миа која сите добро ја знаеме… Без влакна на јазикот, а душа голема колку целиот универзум.

Миа која тогаш беше мајка на едно малечко бебуле кое сега е вистински дечко, на 40 степени ме фати за рака и ме однесе кај д-р Дракулевски во Систина.

Тој момент беше пресуден. Миа, Дракулевски и мојот сопруг беа убедени дека ова дете треба да се роди и ќе се роди.

Тој момент не можам да ви го доловам зашто за мене беше пресврт во животот. Овие тројца и Бог се тие поради кои Роман денес има скоро 10 години.

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-05.jpg

Како влијаеше врз вас дијагнозата на сопругот за време на бременоста? Од каде црпевте сили за да се справите со целата ситуација?

Бременоста со Роман, за разлика од моите претходни бремености, беше високоризична и ја поминав во кревет, сè до моментот кога Бог ме стави на ново искушение и одненадеж мојот сопруг добива ехинококоза (кучешка тенија) на бели дробови и црн дроб, па мораше итно да заврши на две операции.

Тогаш моето мирување поради високоризична бременост заврши и јас застанав и го молев Бога ако треба и ова дете што ми е во стомакот нека го земе, само Дејан да преживее.

Мене дете без него не ми беше потребно. И, ако денес ме прашате, ќе ви кажам дека и денес тоа го мислам.

Дејан во оперативна сала во Ремедика, јас во породилна сала во Систина.

Роман се роди на крајот на шестиот и на почетокот на седмиот месец со тежина - нешто малку повеќе од килограм.

Прво, кога ги отворив очите, го стегнав мојот д-р Дракулевски за рака и го прашав дали Роман почина… Не дали е жив туку - дали почина?!

Од тој ден почна нова животна борба. Роман на интензивна нега во Систина, Дејан на интензивна нега во Ремедика.

Во еден момент јас почнав да се чувствувам како прав робот, без емоции.

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-19.jpg

Роман се роди во шестиот месец од бременоста. Колку време поминавте во болница со предвреме родено бебе и кој ви беше најголема поддршка во тој период? Што беше она што ви даваше мотивација да го издржите и овој тежок период?

Четириесет дена живеев на релација Ремедика и Систина и целиот тој лекарски тим немаше ни зборови со кои може да ми се обрати, зашто јас мислам дека друг кога би бил јас не сум сигурна дека би го издржал тоа.

Моментот кога во ист ден од болница успеав да ги земам и Дејан и Роман е вистински филм.

Тој момент, верувајте, како да не е реалност, како да е еден сон кој го живеам до денес. Тој ден е еден од моите повеќе победи и битки кои ги имам освоено.

Следуваше претежок период за мене. Дејан имаше многу постоперативни компликации и долг период беше со висока температура, го хранев него, измолзував млеко за Роман, едниот го држев во рака, другиот за рака.

Сите беа околу мене, но Роман и Дејан како да беа моја сопственост, ни секунда не се делев од нив.

И до ден-денес ноќе слушам дали дишат и едниот и другиот. Тоа е траума од тие денови.

ivana-leskaroski-za-teshkata-zhivotna-borba-po-dvete-zagubeni-deca-posegnav-po-zhivotot-no-bog-mi-go-pokazha-vistinskiot-pat-25.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg