Елена Поповска, сликарка: „Не сум фрлила платно, но знам да го преработам ако не ја гледам истата емоција“
Ви се случува да се разбудите во 4-5 наутро и да почнете да сликате затоа што имате креативен наплив во тој момент?
Не. Утрата се само мои.
А обратно, ви се случува ли да „заглавите“ и да не знаете како да довршите некое дело?
Сите мои слики сами се насликале и најчесто маратонски ги 'раѓам' поради креативниот наплив. И секогаш ми фали време и денот ми е краток за да ги довршам.
Сте фрлиле ли некогаш платно затоа што не сте биле задоволна од крајниот резултат?
Не. Но знам по одредено време, доколку моето око не ја пие емоцијата повеќе, да го преработам истото платно.
По колку часа на ден сликате во просек?
5-6 часа.
Што е со изложбите? Дали низ годините сте учествувале на групни изложби, сте имале ли самостојни изложби (и колку)?
Низ годините, досега имам преку 200 слики. Голем дел се вдомени во нашата земја, но и широко во светот како дел од приватни колекции.
Сум имала четири самостојни изложби, сум учествувала на 3 групни изложби и една меѓународна.
Имам 6 арт перформанси во живо, а најголемиот од нив беше на Виноскоп на плоштад пред околу 6.000 луѓе публика.
На што работите во моментов?
Се спремам да сликам арт перформанс во живо за францускиот бренд на парфеми Givenchy.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело