Сара Вуков, мајка на предвремено родено бебе: „Разговорите низ прозорчето од инкубаторот ќе ни останат најемотивен спомен“

„Имав ризична бременост со контракции од 20-та недела, а се породив во 32 недела, Лина имаше 1.660 грама. Таа беше 20 дена во инкубатор и се галевме само преку прозорчето, а јас оставав млеко кое ѝ беше давано преку сонда. Таа се роди за време на божиќните празници, а си одевме сами дома - поголема празнина не сме почувствувале никогаш“.

sara-vukov-majka-na-predvremeno-rodeno-bebe-razgovorite-niz-prozorcheto-od-inkubatorot-kje-ni-ostanat-najemotiven-spomen-01.jpg

Сара Вуков (28) од Скопје е мајка на предвремено родено бебе, Лина, која денес има 1 година и 3 месеци и е активно бебе кое многу сака да шета и да си игра.

Но, иако денес уживаат во прекрасна семејна идила, почетокот на оваа приказна за Сара и нејзиниот сопруг не бил воопшто лесен.

Лина се родила со 1.660, грама, во 31-вата недела од бременоста, поминала 25 дена во болница, а единствениот контакт кој го имале родителите со неа во тој период, бил преку прозорчињата на инкубаторот, за што Сара вели дека ќе остане како еден од најемотивните спомени.

Во интервју за CRNOBELO.com Сара отворено зборува за бременоста, породувањето и периодот на закрепнување: 

Во која недела се породи и колку тежеше бебето? Која беше причината за предвремено породување?

Се породив денот кога влегував во 31-ва недела, Лина тежеше 1.660 грама, и беше долга 40 сантиметри.

Имав ризична бременост од самиот старт, проследена со контракции уште од 20-тата недела, кои успевавме да ги контролираме и смириме, но веќе последните 2 дена пред породувањето станаа сè поинтензивни.

sara-vukov-majka-na-predvremeno-rodeno-bebe-razgovorite-niz-prozorcheto-od-inkubatorot-kje-ni-ostanat-najemotiven-spomen-16.jpeg

Каква бременост имаше? Дали внимаваше на нешто за да се спречи предвремено породување?

Можам да кажам дека имав прилично тешка бременост, која бараше многу голема дисциплина.

90% од бременоста ја поминав лежејќи, покриена со многу терапија, секојдневни контроли и слушање на сè што ќе ми каже докторот.

Текот на самата бременост нè предупреди за можни несакани ризици, па со тоа од 28-ма недела започнавме со подготовки за предвремено породување, и зреење на белите дробови на бебето.

sara-vukov-majka-na-predvremeno-rodeno-bebe-razgovorite-niz-prozorcheto-od-inkubatorot-kje-ni-ostanat-najemotiven-spomen-05.jpeg

Какво беше породувањето, имаше ли некакви компликации? Какво беше чувството кога за првпат ја виде? 

Прва асоцијација за предвремено породување на секој човек би му била стресно породување, но напротив, јас имав едно прекрасно искуство без обѕир на целосната ситуација.

Истото се должи на тоа што можам да кажам дека имав еден извонреден тим од доктори, сестри, болничари покрај мене.

Се породив со царски рез, и моментот кога сите ја слушнавме дека заплака, буквално ни падна камен од срце. Дишеше самостојно.

Тоа беше една од најважните работи кога станува збор за предвремено родено бебе.

Имав прилика на многу краток контакт со неа, бидејќи беше неопходно веднаш да биде префрлена на делот за неонатална интензивна нега.

sara-vukov-majka-na-predvremeno-rodeno-bebe-razgovorite-niz-prozorcheto-od-inkubatorot-kje-ni-ostanat-najemotiven-spomen-03.jpeg

Колку време помина бебето на интензивна нега? Каква ѝ беше состојбата во тој период?

Лина беше 25 дена во болница, од кои 20 дена во инкубатор, останатите денови беа наменети за адаптација со надворешниот свет.

Благодарение на најдобриот тим кој деноноќно се грижеше за неа, но пред сè ѝ благодарам на неа што излезе толку силна и храбра.

sara-vukov-majka-na-predvremeno-rodeno-bebe-razgovorite-niz-prozorcheto-od-inkubatorot-kje-ni-ostanat-najemotiven-spomen-04.jpeg

Колку беше стресно тоа за вас како родители? Како минувавте низ овој период? Добивавте ли доволно информации за состојбата?

Првите неколку дена ни требаше да се адаптираме на новата ситуација, и делумно бевме добри сè до моментот кога сфаќаш дека сабајлето треба да ја напуштиш болницата, сам.

Неубаво чувство дефинитивно, колку и да си свесен дека ќе биде добро и за брзо ќе биде покрај нас.

За наша среќа, честите посети, секогаш достапните информации, беа од многу голем плус.

Лина е родена на 20-ти декември, па така - Нова година, Бадник, Божиќ - ги поминавме сами, поголема празнина не сме почувствувале никогаш.

sara-vukov-majka-na-predvremeno-rodeno-bebe-razgovorite-niz-prozorcheto-od-inkubatorot-kje-ni-ostanat-najemotiven-spomen-12.jpeg

Ви дозволуваа ли да ја гледате и колку често? Дозволен ли беше контакт кожа на кожа? Како изгледаа средбите?

Да, имавме дозвола за посета двапати во денот со сопругот. Утринската посета беше наменета и за средба со педијатарот кој ја водеше, каде што добивавме извештај за сите нејзини промени во изминатите 24 часа.

Не можам да ви ја опишам среќата кога ќе ни кажеа дека во изминатите 24 часа добила 5 грама плус на тежината, и дека наместо 5 милилитри, испила 7 милилитри млеко.

Целосен контакт имавме дури кога ја извадија од инкубатор, после долги 20 дена. Во меѓувреме, постојано се галевме само низ едни отвори на инкубаторот.

Колку и да ни беа тешки сите тие денови, сите тие мали разговори низ прозорчето од инкубаторот ќе ни останат засекогаш едни од најубавите и најемотивните спомени.

sara-vukov-majka-na-predvremeno-rodeno-bebe-razgovorite-niz-prozorcheto-od-inkubatorot-kje-ni-ostanat-najemotiven-spomen-02.jpeg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Д-р Иво Паункоски: „Опериравме срце на 2-месечно бебе, првпат користевме 3Д модел да се подготвиме з... „Бебето е првиот пациент со комплексна вродена срцева мана во Македонија, з...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Роки од бендот на Тоше: „Со него не ни требаа проби, без грешка пееше од прва - ќе беше светска ѕвез... „Ми се јави Ристо Вртев од „Архангел“ и ми вели: „Роки, вистина ли загинал Тоше?...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg