Скопјанката Марија чува бенгалска мачка: „Се продаваат и по 1.400 евра, но јас ја вдомив бесплатно“
Потребно ли е да се одвои многу време за грижа за овие мачки? Што е она што е неопходно да ѝ го обезбедиш за да биде среќна?
Времето за грижа на бенгалски мачки е еднакво на времето што треба секој да го одвои за каква било мачка или милениче, генерално.
Внимание, љубов и трпение. И прифаќање дека мачките се ноктурни животни што значи често ќе ве остава со малку сон.
Мора ли да се обезбеди посебна храна за неа, или не треба премногу да се внимава на исхраната?
Храната за бенгалските мачки е посебна.
Како природни предатори, храната треба да им се состои од околу 70 % сурово месо, како лосос, пилешко или телешко.
Треба да се знае, бидејќи се хибридна раса, дека овие мачки имаат скратен интенстинален систем.
Тоа значи дека имаат прилично сензитивна дигестија и треба да им се дава храна која е богата со животински протеини и со отсуство на житарици.
Сувата храна што ѝ ја даваме на Уми е од локални произведувачи, избегнувам да купувам храна од големите синџири за животинска храна.
Кога подготвуваме вечера обично подготвуваме и за неа, што во превод значи: „јаде подобро од нас“.
Како се однесува Уми кога во домот ќе ти дојдат гости?
Супер е. Многу е љубопитна и таа сама приоѓа на нови луѓе.
И бидејќи е толку убава, на сите им е задоволство да се моткаат околу неа.
Ептен е дел од нас и од нашето функционирање.
Често патуваш... Кој се грижи за Уми кога не си дома и се навикнува ли лесно кога некој друг треба да ја преземе одговорноста за неа?
Да, точно е, како дел од работата или приватно, често патувам.
Кога патувам сама, партнерот ми е дома и се грижи за неа.
Кога патуваме заедно, секогаш наоѓам некој што е во можност да доаѓа секој ден или да престојува кај нас.
Ако ниту тоа не е можно, во тој случај изнајмувам дадилка за мачки.
Што треба да знаат сите оние што размислуваат да земат бенгалска мачка како милениче?
Не треба да се размислува. Преубави се за да се размислува што било.
Секој почеток е предизвик, но штом се навикнете еден на друг, ќе имате најверен другар засекогаш.