Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испуштав раката“

Кој е најголемиот гаф што си го направил како татко?

Кога беше Матео помал, нонстоп му пуштав гласна музика и игравме. Една од омилените песни му беше „Dame tu cosita“.

Во тој период Матео почнуваше да оди во градинка и знаеше многу често да си пее Dame tu cosita ai ai ai

По некое време една од учителките, која е по потекло од Јужна Америка, ни кажа дека песната всушност има сексуална конотација.

Ете тоа некако ми е некој гаф на којшто до ден денес се смееме кога ќе ни текне.

darko-ilievski-za-tatkovstvoto-sinot-prvata-nokj-po-ragjanjeto-beshe-na-monitoring-jas-ne-mu-ja-ispushtav-rakata-02.jpg

Колку од својот карактер препознаваш во карактерот на Матео?

Матео и јас имаме премногу слични карактери. Секогаш сака да бара правда и да докажува дека неговиот став е многу важен.

Сака да е информиран за сè што се случува и во повеќе наврати неговиот глас беше подеднакво важен во носењето на семејните одлуки.

Среќен сум што во мене гледа пример и сака да ги прави истите работи што ги правам и јас.

darko-ilievski-za-tatkovstvoto-sinot-prvata-nokj-po-ragjanjeto-beshe-na-monitoring-jas-ne-mu-ja-ispushtav-rakata-12.jpg

А на кого личи повеќе, на тебе или на мајка му?

Додека беше помал мене ми личеше повеќе на Ивана, но како расте и има посилни црти на лицето, сè повеќе и повеќе личи на мене.

Имам неколку слики од детството на кои си личиме многу.

darko-ilievski-za-tatkovstvoto-sinot-prvata-nokj-po-ragjanjeto-beshe-na-monitoring-jas-ne-mu-ja-ispushtav-rakata-10.jpg

Кој го бираше името? Колку се слушаше твојот глас?

За Матео, идејата за името беше на Ивана, а за неговото средно име, Ноа, беше заедничка.

За ќерката која ја очекуваме во секој момент, одлучивме да се вика Ана, а главни виновници за тоа сме Матео и јас.

Нејзиното средно име ќе биде Ирена, во чест на мојата прерано почината вујна, а која има посебно место во нашиот живот.

darko-ilievski-za-tatkovstvoto-sinot-prvata-nokj-po-ragjanjeto-beshe-na-monitoring-jas-ne-mu-ja-ispushtav-rakata-06.jpg

Која ти е најубавата работа поврзана со татковство? А која ти е најстресна?

Најубавото нешто поврзано со татковството е тоа што без разлика на сè, љубовта која ја добиваш од детето е секогаш чиста и најискрена.

Исто така, секојдневниот напредок на детето и кога гледаш како тоа се оформува во личност е прекрасно чувство.

А најстресно е тоа што во 21-иот век, трката за подобар живот е премногу брза, особено тука во Америка, а тоа се шири и насекаде во светот, па не дозволува да се посветиш на семејството потполно.

Балансирањето на работните и приватните обврски е стресно само по себе.

darko-ilievski-za-tatkovstvoto-sinot-prvata-nokj-po-ragjanjeto-beshe-na-monitoring-jas-ne-mu-ja-ispushtav-rakata-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Д-р Иво Паункоски: „Опериравме срце на 2-месечно бебе, првпат користевме 3Д модел да се подготвиме з... „Бебето е првиот пациент со комплексна вродена срцева мана во Македонија, з...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg