Како изгледа денес Елеонора Капсималева – девојчето што ја испеа „Дувна ветре развигорче“ во 1990-та година?

Очекуваше ли тогаш некој песната да стане хит и да се пее со генерации наваму?

Песната си беше секако хит, јас можеби само ѝ дадов нов шмек за да продолжи да се пее со секоја наредна генерација, па до денес.

Дали некогаш се обиде да изградиш кариера во музиката или тој настап ти беше единствен?

Секако дека продолжив и „Дувна ветре развигорче“ не ми беше единствена песна.

Во 1991 година ја испеав песната „Умна глава“, која е исто така доста интересна детска песна.

Потоа во 1994 година испеав песна на фестивалот „Плетенка“ (фолклорен фестивал) и ја испеав песната „Пролетна песна“ со доста познат рефрен: „Жолта дуња зелен бор, брзо чекам одговор…“

После тоа веќе годините не ми дозволуваа и не можев да продолжам да одам на „Златно славејче“ и продолжив со пеење во хорот на Македонската радио-телевизија.

Настапувавме насекаде, пеевме божиќни песни што исто така беше доста интересно и уникатно искуство.

Сè до моето запишување во средно училиште, каде што дефинитивно веќе завршува мојата кариера со музиката, а и моментот каде што решив мојата кариера да продолжи во друга насока.

https://www.youtube.com/watch?v=tw_KBWsFWpA

Ти се случува ли и денес луѓето да те препознаат како девојчето што ја отпеа песната „Дувна ветре Развигорче“? Како реагираш вообичаено кога ќе те препознаат?

Па, искрено се гордеам со тој период од мојот живот, сум имала безгрижно детство исполнето со песна насекаде каде и да одам.

Според физичкиот изглед, не може баш некој така лесно да ме препознае бидејќи не сум во сферата на музиката околу 25 години, а и не сум јавна личност.

Меѓутоа ми се случувало на работа кога очекуваш дека никој не те познава и не знае која си, да те изненадат со тоа што ќе почнат да ја пеат „Дувна ветре развигорче“ и тоа предизвикува убаво чувство, морам да признаам.

kako-izgleda-denes-eleonora-kapsimaleva-devojcheto-shto-ja-ispea-duvna-vetre-razvigorche-vo-1990-ta-godina-04.jpg

Сметаш ли дека тоа што беше славна во детството на некој начин ти го промени животниот правец? Како?

Не можам да кажам дека славата ми го променила животот и животниот правец, меѓутоа можам да кажам блискоста со музиката и те како имала влијание на мене.

Со текот на годините, јас се определив за друга кариера која не е поврзана со музиката, меѓутоа можам со сигурност да кажам дека музиката имала големо влијание во понатамошниот мој живот, тргнувајќи од начинот на живот, комуникацијата со луѓе, врските со надворешниот свет и воопшто мојата личност, до зголемената способност за решавање проблеми и поголемата емоционална отпорност и интелигенција.

kako-izgleda-denes-eleonora-kapsimaleva-devojcheto-shto-ja-ispea-duvna-vetre-razvigorche-vo-1990-ta-godina-05.jpg

Како се чувствуваш денес кога ќе ја слушнеш песната и дали им ја пееш понекогаш на деца?

Горда. Знам многупати да си премолчам кога сме на родендени, а не постои роденден каде што не се пушта песната, меѓутоа колку и да молчам ќерките мои ќе дотрчаат да кажат мамо еве си ти, твојата песна...

Еднаш ме поканија во едно основно училиште на часот по музичко да ме видат во живо и да им ја испеам песната.

Бев пресреќна, сите деца ја пееја песната и не постоеше дете што не ја знае.

Потоа следуваа автограми, па ливчиња да им се потпишам, па честитки кои тие ги направиле за мене. Преубаво и емотивно искуство за мене.

kako-izgleda-denes-eleonora-kapsimaleva-devojcheto-shto-ja-ispea-duvna-vetre-razvigorche-vo-1990-ta-godina-13.jpg

Што би им порачала на родителите што имаат деца што сакаат да пеат и да учествуваат на фестивали?

Доколку детето има желба и покажува значи на музички талент, би препорачала родителот да посети одредена аудиција и фестивал каде што би можел да го вклучи своето дете.

И ден-денес има доста фестивали каде што би можеле децата да посетуваат проби и да пеат на фестивал.

Бенефитите од ваквите настани се огромни како по самите деца, така и по детската култура и социјализација.

Би му препорачала секој родител да го расте своето дете со песна, да им пуштаат детски песнички во текот на нивниот раст и развој, бидејќи музиката гради патишта во нивниот мозок и секоја детска песна има некаков мотив и порака до децата.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg