Диџеј Мац: „На журки ми бараат песни од Ерзана и Врчак“
Првата ваква забава ја направи заедно со Ламбе Алабаковски. Каква беше журката?
Да, премиерата на забавите беше токму со Ламбе.
Се знаеме и почитуваме со години, па кога му ја кажав идејата, ми рече дека му се допаѓа и веднаш ја прифати.
Забавата помина предобро, многу публика, хитови испеани во еден глас со него.
Ламбе е извонреден изведувач и има многу хитови кои ги пееше за гостите.
Мислам дека немаше некој што не се забавуваше.
Која ти е тебе омилена македонска песна?
Уф, не е една туку ќе кажам две песни: „Во дилема“ на Бојана Скендеровски со Роберт Билбилов и Тони Зен, и „Итно ми требаш ти“ од Јован Јованов, Тони Зен и Ламбе.
А каква музика слушаш приватно?
Приватно слушам сосема поинаква музика, смирена.
Ги сакам Енја, Селин Дион, сакам балади и сè она што влегува во романтична музика, бидејќи добро ме смирува и одмора.
Ти работиш како медицински техничар веќе 15 години. Која е поврзаноста меѓу медицината и музиката?
Спојот меѓу медицината и музиката е музиката. Кога си смирен и одморен подобро се зема крв, ха, ха.
Секако и двете работи се за доброто на луѓето - едната е за добро здравје и добра крвна слика, а другата за позитивна енергија.
Твои венчални кумови се Сара Мејс и Димитар Атансовски. Ја тераш ли Сара да ви пее кога се дружите дома?
Со кумовите знаевме да си направиме караоке забава. Па, покрај Сара која пее прекрасно, одлично пее и мојата сопруга која неодамна беше дел од музички настани.
Но, имавме ситуација кога јас запеав на караокето и оттогаш Сара веќе не сака да имаме вакви забави. Вели, ѝ го оштетувам слухот.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело