Јован и Никола имаат бурекчилница во Австралија: „Продаваме скоро 30 вкусови на бурек, ама најбарани се со месо и сирење“

Дали беше тешко да се отвори бурекчилница, како течеше целиот процес?

Како што е сè во животот, беше голем процес, долги и неспани ноќи. Но, ако се има желба и верба, но искрено работа и желба, сите коцки ќе ти се наредат.

Која е тајната за вкусен бурек?

Квалитетот на мајсторите е првично, потоа квалитетот на состојките и материјалите, а на крај, љубовта и посветеноста кон работата.

Дали планирате да го проширите бизнисот и на други локации?

Секако дека секој би сакал да се прошири, но со секоја нова локација, по наше мислење, би можело да се изгуби на квалитет, затоа засега немаме планови за проширување.

Јас и брат ми сме единствените луѓе што го прават бурекот и би сакале секогаш нашите муштерии да се на прво место за квалитет и сервис. Правењето бурек е многу посложено од, на пример, донер или гиро.

Во ваквите бизнис модели лесно е некој да обучиш да прави гиро, бургер и така натаму, па секако дека е полесно и да се прошириш. Но, кај нас занаетот е малку посложена работа, пред сè правењето бурек.

Покрај традиционалните македонски состојки и вкусови, дали имате експриментирано со нови вкусови кои се познати во Австралија, како македонско-австралиски микс?

Како што рековме претходно, имаме скоро 30 вкусови на менито, каде што може да се види на нашиот Инстаграм профил.

Имаме многу популарни вкусови надвор од нашите македонски класики, а како едни од најпопуларните се Quattro formaggi Burek, Lasagna Burek, Vegan Burek, ајвар и сирење, со јајца и Nutella мазник за десерт.

Покрај бурек, кои други македонски производи или деликатеси ги има на вашето мени?

Продаваме наши производи од Македонија, како ајвар, мед и сторени пиперки (туршија).

Во Австралија има голема македонска заедница, каков е животот, дружбите и поддршката од Македонците во Австралија?

Има голема заедница, особено во населби како Rockdale, по наше мислење, секако дека има дружење и помагање. Имаме многу успешни организации и бизниси што се раководени од македонски сопственици.

Ние, како еден од тие бизниси, сакаме да се дружиме и соработуваме со нашите луѓе и институции, но сепак секако дека може и подобро.

Но, по наше мислење има многу луѓе што се трудат и организираат македонски дружби преку нивните платформи и можности.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Мија (20) е успешен модел и поранешен кик-бокс шампион на Македонија: „Девојката на Марко Митев ми е... „Со Марко сме заедно скоро 3 години. Не е лесно да си во врска со професионален ...
Инспиративна жена: Сузана од Скопје е успешна деловна дама која ужива во патувања и дружби со синот „Иако убавината може да понуди предности, потпирањето само на изгледот е ретко о...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg