Милена од Куманово за посетата на Копенхаген: „Паркот Тиволи е магичен, но скап - влезницата чини 1.400 денари, а греено вино 500 денари“

„Во паркот Тиволи владее новогодишна атмосфера која ретко се гледа и во филмовите. Позитивната работа е што има нешто интересно буквално за секоја возраст, а негативно е тоа што има премногу гужва, а цените може да ви паднат ’тешко‘“ – вели Милена Станишковска за посетата на Копенхаген пред празниците.

milena-od-kumanovo-za-posetata-na-kopenhagen-parkot-tivoli-e-magichen-no-skap-samo-vleznicata-chini-1-400-denari-01.jpg

Милена Станишковска (28) е кумановка која живее и работи во Скопје. Таа по професија е дипломиран новинар и менаџер за односи со јавност, а во слободно време обожава да патува и да посетува голем број земји.

Таа оваа зима заедно со нејзиниот дечко беше во посета на Данска, каде имале можност да прошетаат низ Копенхаген и да уживаат во зимската бајка во паркот Тиволи.

Со Милена поразговаравме за тоа како изгледа Копенхаген пред новогодишните празници, што е она што задолжително треба да се види и какви се цените на базарите.

milena-od-kumanovo-za-posetata-na-kopenhagen-parkot-tivoli-e-magichen-no-skap-samo-vleznicata-chini-1-400-denari-02.jpg

Проследете го интервјуто со Милена во целост:

Како изгледа Копенхаген пред празниците? Што е она што ти остави најголем впечаток?

Копенхаген е град кој навистина вложува во празничната атмосфера, па насекаде низ градот можете да начекате мини базари каде што освен што ќе видите украсени куќички и интересни декорации, можете да пробате и вкусни пијалаци.

Интересното кај Копенхаген е што целиот град потполно е внесен во новогодишниот дух, што значи нема да видите само добро уредени плоштади, туку секој хотел, кафуле, излог на бутик или продавница е посветен на овој период од годината.

Најголем впечаток ми остави паркот Тиволи, бидејќи првпат имам можност да видам ваков забавен парк во зимска атмосфера. Тиволи би го сместила веднаш после Дизниленд во Париз доколку гледаме на европско ниво.

milena-od-kumanovo-za-posetata-na-kopenhagen-parkot-tivoli-e-magichen-no-skap-samo-vleznicata-chini-1-400-denari-03.jpg

Што е она што задолжително треба да го купиме оттаму и кој специјалитет задолжително треба да се проба?

Јас сум љубител на греено вино во зимскиот период, но во Данска и Шведска го прават на навистина повкусен начин.

Станува збор за Gløgg, греено вино во кое се додава посилен алкохол (по избор), цимет, портокал, ѓумбир, суво грозје и слични додатоци. Одличен начин да се згреете во студениот Копенхаген, секако да не претерувате.

Исто така имаат и превкусни колачиња и слатки кои можете да ги пробате на самите базари. Од нивните домашни специјалитети немав желба да пробам бидејќи, да бидам искрена, не ми се допаѓа многу нивната кујна, затоа се држев до некоја стандардна храна.

milena-od-kumanovo-za-posetata-na-kopenhagen-parkot-tivoli-e-magichen-no-skap-samo-vleznicata-chini-1-400-denari-04.jpg

Како изгледа паркот Тиволи во овој период од годината? Што е она што најмногу ти остави впечаток?

Тиволи е место кое не може, а да не ви измами насмевка на лицето без разлика како се чувствувате во моментот.

Во паркот владее новогодишна атмосфера која ретко се гледа и во филмовите. Позитивната работа е што има нешто интересно буквално за секоја возраст.

Претстави за малите дечиња, како и за возрасни, адреналински атракции за дечиња и за возрасни, ресторани, аквариум, кафулиња, лизгалиште, најразновидни панаѓурски игри па дури и казино (иако можеле да поминат и без тоа).

Паркот е 100% украсен и нема ниту мал простор кој изгледа темно или запуштено. Музика и прекрасни миризби го исполнуваат целиот простор, а доколку погледнете нагоре ќе забележите како над вас се вратат луѓе за 360 степени на ролеркостер и најразлични други атракции. Да, врескањето од возбуда е еден од звуците кои одекнуваат низ целиот парк.

Од негативните страни е фактот дека доколку го погодите моментот на гужва, нема да можете целосно да уживате во паркот. За среќа, ние немавме таков проблем и иако имаше многу луѓе, имаше простор и за движење и релаксирано уживање во паркот. Исто така „тешко“ можат да ви паднат и цените во паркот.

Данска е скапа сама по себе, но Тиволи е дополнително „украсен“ со високи цени. На пример, само влезот во Тиволи, без можност за возење на која било атракција е 1.400 денари по човек, имате и карти со дел или со сите атракции, а тие се значително поскапи.

Доколку сакате да влезете и да се одлучите за само неколку атракции, цените почнуваат од 700 денари за едно возење.

За да се напиете нешто треба да одвоите 500 денари од човек, а цените за храната сè уште „посолени“ за нашите стандарди. Сепак за споредба, Тиволи е поевтин од Дизниленд, Париз.

milena-od-kumanovo-za-posetata-na-kopenhagen-parkot-tivoli-e-magichen-no-skap-samo-vleznicata-chini-1-400-denari-05.jpg

Колку чини грееното вино, а колку сендвичите?

Грееното вино во Тиволи нè чинеше 500 денари од чаша, а сендвичите беа околу 600 денари.

Надвор од Тиволи цените се малку пониски, но не и премногу. Две кафиња и две парчиња колач нè чинеа околу 1.600 денари во едно скромно кафуле во близина на центарот на Копенхаген.

milena-od-kumanovo-za-posetata-na-kopenhagen-parkot-tivoli-e-magichen-no-skap-samo-vleznicata-chini-1-400-denari-07.jpg

Дали може да се прошета пеш или потребно е да се користи јавен превоз?

Бидејќи јас и мојот дечко сме љубители на планинарење, одењето пеш ни е омилена активност кога посетуваме некој град.

Никогаш не користиме превозно средство доколку дестинацијата е до 3-4 километри од нашата моментална локација.

Сметам дека Копенхаген е одличен за пешачење, затоа што сите интересни локации се блиску една до друга, но исто така верувам и дека само пеш можете вистински да го доживеете бидејќи на секој чекор има интересни работи и знаменитости кои вреди да се видат.

Еден совет доколку се одлучите да шетате пеш во зимски период, обезбедете си добри зимски чизми и јакна, климата може да биде сурова.

milena-od-kumanovo-za-posetata-na-kopenhagen-parkot-tivoli-e-magichen-no-skap-samo-vleznicata-chini-1-400-denari-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg