Илија Каниковски, стјуард во Wizz Air: „Ова не е само женска професија, досега сум посетил 40 земји на 3 континенти“

„Иако постојат стереотипи дека ова е женска професија, многу патници позитивно реагираат кога на еден лет е присутен само машки кабински екипаж. Оваа професија станува сè популарна меѓу мажите последниве неколку години, особено на нашите простори, а разлика со жените речиси и да не постои“, вели Илија Каниковски, кој работи како стјуард и е заштитно лице на Wizz Air за Македонија.

ilija-kanikovski-stjuard-vo-wizzair-ova-ne-e-samo-zhenska-profesija-iritira-koga-patnicite-ne-gi-pochituvaat-pravilata-za-bezbednost-01.jpg

Илија Каниковски (30) од Скопје повеќе од 4 години работи како стјуард во авиокомпанијата Wizz Air.

Овој дипломиран економист, во еден момент посакал да ја смени работата со нешто позабавно и повозбудливо, а да се разликува од она што го работел претходно.

Се пријавил на оглас во авиокомпанијата каде што денес е и заштитно лице за Македонија.

Во овие години тој посетил околу 40 земји и вели дека работата му дава можност за посета на многу други држави и градови, а тоа е и една од најголемите предности на оваа професија.

ilija-kanikovski-stjuard-vo-wizzair-ova-ne-e-samo-zhenska-profesija-iritira-koga-patnicite-ne-gi-pochituvaat-pravilata-za-bezbednost-02.jpg

За своето искуство, како се справува со нервозни патници и со оние кои се плашат од летање и како реагира на коментарите дека ова е „женска професија“, Илија ни раскажа во разговорот за CRNOBELO.com:

Колку време си стјуард и која е најдобрата, а која е најлошата страна да се биде дел од оваа професија?

Со оваа професија се занимавам четири и пол години.

Предностите на оваа работа се запознавањето многу луѓе, можностите за патување, тоа што е динамична работа, каде секој ден е различен од претходниот.

Не е вообичаена работа со фиксно работно време, се работи за викенди и празници, во раните утрински и доцните вечерни часови кога има и најмногу летови, меѓутоа со добар план и организација, предностите преовладуваат.

ilija-kanikovski-stjuard-vo-wizzair-ova-ne-e-samo-zhenska-profesija-iritira-koga-patnicite-ne-gi-pochituvaat-pravilata-za-bezbednost-09.jpg

Што те привлече најмногу кон оваа професија?

Работата како стјуард излезе сосема случајно.

Ми требаше промена од претходните работни искуства, нешто ново, поразлично, несекојдневно, возбудливо.

ilija-kanikovski-stjuard-vo-wizzair-ova-ne-e-samo-zhenska-profesija-iritira-koga-patnicite-ne-gi-pochituvaat-pravilata-za-bezbednost-07.jpg

Си летал ли често со авион пред да решиш да аплицираш за стјуард?

Да, многу често. И речиси на секое патување со авион си замислував дека можеби треба да пробам и јас да ја работам таа работа и да бидам дел од авијацијата.

ilija-kanikovski-stjuard-vo-wizzair-ova-ne-e-samo-zhenska-profesija-iritira-koga-patnicite-ne-gi-pochituvaat-pravilata-za-bezbednost-21.jpg

Како изгледаше твоето интервју за работа? Какви критериуми требаше да исполниш?

Искрено, тоа беше како и секое мое претходно интервју за работа.

Покрај физичкиот изглед, значителна улога имаат и познавањето странски јазици, комуникациските вештини и желбата за работа со луѓе.

ilija-kanikovski-stjuard-vo-wizzair-ova-ne-e-samo-zhenska-profesija-iritira-koga-patnicite-ne-gi-pochituvaat-pravilata-za-bezbednost-19.jpg

Како стана заштитно лице на Македонија за Wizz Air?

Компанијата си одбира претставник кој ќе биде заштитно лице во секоја држава каде што има база.

Тоа подразбира сликање за медиуми, рекламни кампањи, отворање нови линии, присуство на настани како што е Wizz маратонот и постојано рекламирање на брендот и компанијата.

ilija-kanikovski-stjuard-vo-wizzair-ova-ne-e-samo-zhenska-profesija-iritira-koga-patnicite-ne-gi-pochituvaat-pravilata-za-bezbednost-18.jpg

Постои ли дискриминација, со оглед на тоа што си машко? Колку се мажите застапени во оваа професија и дали се жените попривилегирани или нема разлика?

Не, напротив. Иако постојат стереотипи дека ова е женска професија, многу од патниците позитивно реагираат кога на еден лет е присутен само машки кабински екипаж.

Може да се каже дека оваа професија станува сè популарна за мажите во последниве неколку години, особено на нашите простори.

Застапеноста на мажите е сè поголема, а разлика со жените речиси и да не постои.

ilija-kanikovski-stjuard-vo-wizzair-ova-ne-e-samo-zhenska-profesija-iritira-koga-patnicite-ne-gi-pochituvaat-pravilata-za-bezbednost-003.jpg

Најубавата работа која ти се случила за време на некое патување е…

Од секое патување се враќам со многу нови искуства и спомени.

Како најубави и највозбудливи искуства можам да ги издвојам спуштањето со падобран и погледот од Бурџ Халифа.

ilija-kanikovski-stjuard-vo-wizzair-ova-ne-e-samo-zhenska-profesija-iritira-koga-patnicite-ne-gi-pochituvaat-pravilata-za-bezbednost-002.jpg

А, која е најнепријатната работа која ти се случила за време на некој лет?

Имавме принудно слетување заради влошена здравствена состојба на патник.

Кабинскиот екипаж е обучен за давање прва помош, но некогаш е неопходно лицето да го преземат здравствени работници.

Најважно е што се заврши во најдобар ред. Безбедноста на патниците е секогаш наш приоритет.

ilija-kanikovski-stjuard-vo-wizzair-ova-ne-e-samo-zhenska-profesija-iritira-koga-patnicite-ne-gi-pochituvaat-pravilata-za-bezbednost-14.jpg

Како се справуваш со нападни, пијани, гласни патници или со патници кои се исплашени поради турбуленциите? Има ли често неубави ситуации?

Пробуваме да ги избегнеме тие ситуации преку „филтрирање“ на патниците при влегување во авионот и контролирано служење алкохол.

„Филтрирањето“ значи дека правиме дополнителна проверка на нивната моментална состојба, дали консумирале алкохол повеќе од дозволеното, за да избегнеме инциденти на подолги летови.

А, оние кои се исплашени ги смируваме со разговор, објаснување, поддршка и постојана грижа за нив, но и за останатите патници за време на летот.

ilija-kanikovski-stjuard-vo-wizzair-ova-ne-e-samo-zhenska-profesija-iritira-koga-patnicite-ne-gi-pochituvaat-pravilata-za-bezbednost-11.jpg

Кои се најиритирачките работи кои ги прават патниците во авионите?

Непочитувањето на правилата и процедурите за време на летот, иако тие се претходно објаснети, а се создадени за нивна безбедност и удобност во патувањето.

ilija-kanikovski-stjuard-vo-wizzair-ova-ne-e-samo-zhenska-profesija-iritira-koga-patnicite-ne-gi-pochituvaat-pravilata-za-bezbednost-13.jpg

Имате ли контакт со пилотите? Се однесуваат ли тие надмено поради својата работа?

Не, напротив, меѓусебната комуникација е клучен фактор за еден лет.

Во постојана комуникација сме за сите случувања во кабината, патниците, временските услови, предвиденото време на слетување и слично.

ilija-kanikovski-stjuard-vo-wizzair-ova-ne-e-samo-zhenska-profesija-iritira-koga-patnicite-ne-gi-pochituvaat-pravilata-za-bezbednost-15.jpg

Која е најдалечната дестинација што си ја посетил? А, која е најубавата?

Најдалечната, а воедно и најубавата дестинација се Обединети Арапски Емирати.

Тоа е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот.

Прекрасни плажи, градини, палати, стаклени облакодери и трговски центри.

Познат како еден од најпрогресивните региони во регионот на Блискиот Исток со најголема трансформација во изминатите години.

ilija-kanikovski-stjuard-vo-wizzair-ova-ne-e-samo-zhenska-profesija-iritira-koga-patnicite-ne-gi-pochituvaat-pravilata-za-bezbednost-7.jpg

Како ги поднесуваш временските и температурни разлики на патувањата?

Најчесто летаме на дестинации со иста временска зона и минимални температурни разлики.

А кога патувам приватно, многу лесно се справувам со истите.

ilija-kanikovski-stjuard-vo-wizzair-ova-ne-e-samo-zhenska-profesija-iritira-koga-patnicite-ne-gi-pochituvaat-pravilata-za-bezbednost-9.jpg

Колку држави си посетил досега?

Повеќе од 40 држави на 3 континети и целам кон тоа оваа бројка постојано да расте.

ilija-kanikovski-stjuard-vo-wizzair-ova-ne-e-samo-zhenska-profesija-iritira-koga-patnicite-ne-gi-pochituvaat-pravilata-za-bezbednost-05.jpg

Во која земја/град се враќаш со задоволство, а каде не би сакал веќе никогаш да одиш?

Поради мојот авантуристички дух не постои место каде што не би се вратил.

Со добро друштво би се вратил повторно на која било веќе посетена дестинација.

ilija-kanikovski-stjuard-vo-wizzair-ova-ne-e-samo-zhenska-profesija-iritira-koga-patnicite-ne-gi-pochituvaat-pravilata-za-bezbednost-013.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg