Македонец (28) инфициран од ХИВ: „Сè уште не сум спремен да им кажам на најблиските дека сум позитивен“

Колку долго примаш терапија? И дали живееш „нормален“ и квалитетен живот и покрај вирусот или имаш стравови поради кои се лишуваш од некои задоволства?

Терапијата ја примам од самото откривање на вирусот, иако откривањето кај мене беше доста рано, во неговата прва, таканаречена акутна фаза.

Но, сепак, тоа зависи и од спремноста на новиот пациент, од неговата општа состојба, а тука е и тимот од клиниката кои се секогаш тука за советување и отпочнување со АРТ. Препорачливо е со терапија да се почне веднаш по откривање на вирусот, бидејќи терапијата може истовремено да биде и превенција.

Затоа е клучно ХИВ да се открие во раните фази, со редовни тестови кои ги нудат граѓанските организации, клиниката и другите здравствени установи, за да не се дозволи вирусот да премине во понапредните стадиуми.

Во Македонија има терапија, која е квалитетна и навремено обезбедена, а се зема од клиниката. Доколку се случи прекин во терапијата, вирусот може да мутира и терапијата да не делува.

Секое лице кое живее со ХИВ, поминува низ детални прегледи и проценки на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје, по што тимот одлучува каква терапија ќе му биде препишана.

Конкретно јас земам една таблетка на ден, која е составена од 2-3 различни супстанци кои делуваат на различни делови од вирусот и го оневозможуваат неговото размножување, што нè прави и недетектабилни за кратко време, обично од 1 до 6 месеци.

Има и лица кои земаат комбинација од две или три таблетки на ден, во зависност од нивната состојба и проценката од лекарите.

makedonec-28-zarazen-od-hiv-imav-nezashtiten-seks-se-ushte-ne-sum-spremen-da-im-kazham-na-najbliskite-deka-sum-pozitiven-04.jpg

Бидејќи сум медицинско лице и бев свесен дека веднаш треба да почнам со терапија, тоа го сторив неколку денови по добиените резултати од клиниката.

На почетокот пиењето на терапијата го поврзав со аларм кој го насловив „редовно“, а со цел да влезам во шема и да ми се создаде секојдневна навика дека пред легнување треба да испијам некоја си таблетка.

На вирусот не ни размислувам ни кога ја земам терапијата. Се чувствувам како да имам хронична здравствена состојба која успешно се третира со терапија и не влијае на секојдневниот живот.

На здравјето не внимавам повеќе од претходно, зашто и пред дијагнозата доволно внимавав. Физички сум активен, внимавам што јадам и пијам витамини.

Единствената разлика сега и пред дијагнозата е во тоа што ако сакам да се напијам од други лекови и суплементи, се консултирам со тимот од клиниката за да утврдат дали евентуално тие супстанции имаат меѓусебна реакција.

Со лековите кои се нудат во Македонија, и општо за ХИВ вирусот, доколку се земаат навремено, се живее нормален живот.

Важно е вирусот рано да се открие и да се отпочне со терапија колку што е можно порано.

И секако, властите да не помислуваат за кратење на буџети и необезбедување терапија за лицата кои живеат со ХИВ, како што било случај низ годините или за превентивните програми за ХИВ и другите сексуално и крвно преносливи инфекции.

Дали терапијата во Македонија е современа и достапна како во другите земји?

Да, во нашата земја има достапна терапија, која се обезбедува преку Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје.

Терапијата за ХИВ од 2011 година веќе не е донација, туку се обезбедува со буџетски средства на Министерството за здравство, во рамките на Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА.

Можеби сумата која се издвојува е многу пониска, но се надевам дека во иднина нема да има проблеми и ќе се надминат сите пречки, доколку ги има, како за редовната терапија, така и за превенцијата (преп и пеп), како и за останатите програми кои ги работат граѓанските организации, а се однесуваат на ХИВ и други инфекции.

makedonec-28-zarazen-od-hiv-imav-nezashtiten-seks-se-ushte-ne-sum-spremen-da-im-kazham-na-najbliskite-deka-sum-pozitiven-06.jpg

Која е пораката која сакаш да ја испратиш на лицата кои биле во ризик и треба да го направат ХИВ тестот?

Тестирајте се редовно доколку припаѓате на групите во ризик, или ако често практикувате незаштитени сексуални односи со еден или повеќе различни партнери, било тоа да е орален, вагинален или анален сексуален однос.

Тестот е единствената алатка за да го дознаете вашиот ХИВ статус, да го откриете навремено присуството на вирусот и да живеете нормален, квалитетен живот и да имате семејство, врски или да бидете во брак.

Едноставно, за да го живеете животот во сите бои, тестирајте се навремено!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Македонец кој живее со ХИВ, стана татко на ХИВ негативно бебе: „Моите стравови беа поголеми од оние ... „Кога ѝ кажав на сопругата дека сум ХИВ позитивен, нашата љубов уште повеќе се з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg