Македонец (28) инфициран од ХИВ: „Сè уште не сум спремен да им кажам на најблиските дека сум позитивен“

Кои беа најголемите стравови со кои се соочи во првиот момент? Дали тие се намалија со текот на времето или се и сега присутни?

Првите стравови ми беа на кого треба да соопштам, какви здравствени услуги би добивал понатаму поради мојот ХИВ статус, а да не се поврзани со вирусот.

На пример: како би одел на заболекар, како би ми се извршила некоја итна хируршка интервенција или, пак, како би се третирала некоја друга акутна состојба.

Иако не треба да се размислува на овие теми, барем во некои поразвиени земји, за жал кај нас сè уште има дискриминација која често произлегува од самите здравствени работници кои не се доволно едуцирани во врска со ХИВ и недетектабилноста и непреносливоста на вирусот при давање други здравствени услуги.

Исто така, страв ми беше и при изборот на матичен лекар, да најдам некој со кого отворено ќе можам да разговарам.

Тој страв го надминав со помош на тимот од клиниката, кои ми препорачаа посензитивен матичен лекар од Скопје (мислам дека имаат и во сите останати градови, но јас сепак го избрав Скопје).

Стравовите со текот на времето, со поддршката која ја добиваме како лица кои живеат со ХИВ, полека исчезнуваат, преку разговор, обуки и слично, а голема помош ни е специјализираниот тим од центарот за ХИВ при Клиниката.

Дали беше во врска/брак кога дозна дека си ХИВ позитивен и како вирусот влијае на партнерската или на идните врски?

Да, бев во геј врска, меѓутоа, кратко потоа раскинавме. Сметам дека присуството на ХИВ не би требало да биде пречка поради што ќе се прекине врската, особено ако еден или двата партнера земаат терапија.

Ова не треба да е пречка ни да се одржи врската, да се имаат односи, да се биде во брак или да се имаат деца кај хетеросексуалните партнери.

makedonec-28-zarazen-od-hiv-imav-nezashtiten-seks-se-ushte-ne-sum-spremen-da-im-kazham-na-najbliskite-deka-sum-pozitiven-03.jpg

Дали доби емоционална поддршка од пријателите, семејството или околината?

За жал, досега не сум го споделил мојот статус со никого, освен со тимот на клиниката, со претставници на здруженијата кои ни организираат обуки за различни компоненти поврзани со ХИВ вирусот.

Во моментов имам партнер кој исто така е носител на ХИВ вирусот и е со недетектабилен вирусен товар, што ни ја олеснува комуникацијата, споделувањето на искуствата и поддршката.

За споделување на статусот со семејството, блиските и останатите, во оваа фаза не сум спремен и сметам дека не би имало некоја поголема причина, бидејќи живееме нормален живот исто како и лицата кои не се носители на ХИВ.

Од здруженијата на граѓани, како што се ХЕРА и Заедно посилни, добиваме комплетна поддршка, добиваме психосоцијална поддршка, едукативни материјали во врска во новите истражувања и трендови за ХИВ, другите сексуално преносливи инфекции, имаме можност за врснички едукации, споделувања искуства и знаење преку различни организирани настани и тесната соработка што ја имаат здруженијата на граѓани и Советувалиштето за ХИВ/СИДА при клиниката за инфективни болести.

Учествуваме во различни активности организирани од овие организации, а меѓусебното вмрежување и поддршка се многу значајни.

Каква улога имаа здравствените работници и колкава поддршка ти беа кога ја дозна дијагнозата, но и отпосле?

Како што споменав, јас се тестирав во Советувалиштето на Клиниката за инфективни болести во Скопје, каде што работи специјализиран тим составен од психолог, социјален работник, доктори и медицинска сестра.

Тие ја имаат клучната улога и веднаш откако ќе се потврди дијагнозата, тие започнуваат со психо-социјална поддршка.

Потоа ги прават сите неопходни тестови, тестови за други инфекции, како и редовни месечни контроли, на еден, три и шест месеци, што е особено важно за следење на вирусното оптоварување, недетектабилноста на вирусот, состојбата на имунитетот и CD4 клетките (кои се директно нападнати од ХИВ).

Откако ја дознав дијагнозата, во периодот што следеше, ја имав нивната комплетна поддршка. Направив детални испитувања, а потоа и првата контрола каде што се констатира недетектабилноста (намалувањето на вирусните копии во крвта) и порастот на имуните клетки.

Тимот од клиниката се грижи и за советување и навремено отпочнување со антиретровирусна терапија, која ја игра клучната улога и ни овозможува долг и квалитетен живот исто како и лицата кои немаат ХИВ.

Тие соработуваат и со граѓански организации, па така нè спојуваат со едукатори, нè едуцираат како да се придржуваме до терапијата и сите потреби кои произлегуваат од нашата нова состојба.

За дијагнозите кои не се поврзани со ХИВ, сум немал поголемо искуство. Но, низ разговорите со пријателите, тие ми споделиле и позитивни и негативни искуства кои ги имале кога добивале здравствени услуги надвор од заболувањата кои може да ги предизвика ХИВ, особено во напреден стадиум.

Тоа можеби значи дека останатите здравствени работници треба почесто да се едуцираат и да ги следат трендовите за терапијата и ХИВ.

Можеби светла точка и точка за ставање крај на дискриминацијата и стигмата кон лицата со ХИВ, се новородените 7 бебиња во Македонија кои се ХИВ негативни, а нивните родители, или еден од нив, е носител на ХИВ инфекцијата.

Тие се на терапија која го потиснала вирусот и затоа не гледам причина зошто и ние не би добивале здравствени услуги како и сите останати лица, без да бидеме трн во окото и да имаме посебен третман кај здравствените работници.

makedonec-28-zarazen-od-hiv-imav-nezashtiten-seks-se-ushte-ne-sum-spremen-da-im-kazham-na-najbliskite-deka-sum-pozitiven-02.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Македонец кој живее со ХИВ, стана татко на ХИВ негативно бебе: „Моите стравови беа поголеми од оние ... „Кога ѝ кажав на сопругата дека сум ХИВ позитивен, нашата љубов уште повеќе се з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg