Црна венчаница, зурли од Галичник: Мартин и Катерина направија уникатна свадба во Сули ан во Скопје (фото)

„Бидејќи сум архитект по професија, а и романтична душа, со Катерина едногласно се согласивме дека ќе правиме свадба комплетно во наша организација и на уникатно место. Па, така шетајки се по Старата скопска чаршија наидовме на Факултетот за ликовни уметности во Сули Ан и оттука почна сѐ“, раскажува Мартин Лазаревски од Скопје за CRNOBELO.com, а споделува и како на уникатен начин ја запросил саканата во црква во Дојран.

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-01.jpg

Мартин Лазаревски од Скопје со својата сакана Катерина направи нековенционална свадба во Сули ан во Скопје.

Сули ан е сместен во внатрешноста на Старата скопска чаршија. Во него, денес се сместени Музејот на Старата скопска чаршија и Ликовната академија.

На свадбата невестата носеше бела, но и црна венчаница, а потоа гостите се почестија со црна торта и се забавуваа на одлична музичка програма, надополнета со зурли од Галичник.

За деталите од свадбата, како и за нивната љубовна приказна Мартин споделува за CRNOBELO.com:

„Љубовта со Катерина се роди пред сè со моите симпатии кон нејзе, откако случајно наидов на неа на социјална мрежа пред речиси две години.

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-40.jpeg

Иако двајцата сме по карактер доста специфични (како и секој од нас нели, но ние сме особено специфични, мора да кажам) по долгите разговори сфативме од сам старт дека спојката на нас двајца е навистина она: „Ќе ти се појави човекот еден ден!“

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-21.jpeg

И ете се појави!

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-29.jpeg

Па, така по недолго размислување и толкување на работите, знаевме дека сме еден за друг.

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-25.jpeg

Минатата година околу септември ми се јави вујко ми од Америка кој ми кажа: „Сине, доаѓам на кратко во Македонија, те молам организирај сите да ги видам на ручек и притоа не кажувај на никого дека доаѓам“.

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-16.jpeg

Мене тука ми се роди идејата за сѐ што ќе се случува, па така на 29.10.2022 организирав „тајна“ просидба во Црковниот Храм Свети Илија во Дојран (тоа е местото каде што првпат отидовме со Катерина заедно на викенд), па и симболиката ми беше таа дека зборот пред Бога е најсилен во амбиентот на самата црква, но и што архитектот на црквата е од Папрадиште, велешко, од каде што потекнува мојата сопруга.

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-31.jpeg

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-45.jpeg

Па, така организирав во тајност од сите до последен ден за некој да не ме издаде и притоа беше изненадување за сите, но најмногу за Катерина.

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-41.jpeg

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-44.jpeg

Таа мислеше дека оди на туѓа свадба, сѐ додека не влезе во црквата и сфати за што станува збор.

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-42.jpeg

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-36.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ана и Мартин направија луксузна свадба во стилот на „Убавицата и ѕверот“, со 700 бели рози, музика н... „Пред да отидеме во ресторанот, моравме да направиме кратка пауза, па со Мартин ...
Данијела Мартиновиќ за CRNOBELO: „Со Јосип го пронајдов својот мир“ „Јосип ме изненади со еден прекрасен романтичен гест - многу сакам цреши и дрвја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg