Црна венчаница, зурли од Галичник: Мартин и Катерина направија уникатна свадба во Сули ан во Скопје (фото)
По запросувањето продолживме во ресторан во Дојран, каде што сѐ беше декорирано во стилот на Амалфи со помош на моите пријателки Билјана и Силвана.
Потоа, како тема за размислување дојде делот каде да се прави свадба.
Бидејќи сум архитект по професија, а и романтична душа со Катерина едногласно се согласивме дека ќе правиме свадба комплетно во наша организација и никој нема за ништо да се вмеша.
Решивме дека свадбата ќе биде на уникатно место.
Па, така шетајки се по Старата скопска чаршија наидовме на Факултетот за ликовни уметности во Сули Ан и оттука почна сѐ.
Местото само по себе е непроценливо убаво и домаќински одржано, иако е старо. Но, ние обрнавме и големо внимание на декорациите и го надополнивме амбиентот со аранжмани од World of flowers.
По долго убедување ни овозможија датум за просторот и тоа беше 29-ти јуни 2023, па оттука почна сѐ.
Искрено, беше многу тешко и напорно, но на крајот резултатот беше совршен.
Ако треба уште една свадба би направиле со оглед на тоа колку убаво изгледаше и како ние си поминавме.