Данијела Мартиновиќ за CRNOBELO: „Со Јосип го пронајдов својот мир“

„Јосип ме изненади со еден прекрасен романтичен гест: Дрвјата со цреши ми се омилени, па кога се подготвуваше теренот околу куќата што ја градам, во тој простор имаше 2 стари стебла со цреши. Тој не дозволи да се откорнат, туку инсистираше да останат“, вели Данијела во интервју за CRNOBELO.com.

danijela-martinovikj-za-crnobelo-so-josip-go-pronajdov-svojot-mir-01.jpg

Хрватската џебна Венера, Данијела Мартиновиќ, има насмевка со која ќе ве разоружа, а додека разговарате со неа, не можете да престанете да ја гледате во очи, бидејќи со својот поглед и глас ве маѓепсува.

И за сето тоа време се смее искрено, на глас, исто како што го прави тоа на своите концерти, но тогаш наместо со еден, својата насмевка и енергија ги дели со стотици, па и илјадници луѓе.

Но, ефектот е секогаш ист - Данијела е емотивна, а секој од публиката си заминува под толку силни импресии, што има впечаток дека таа пеела само и единствено за него.

danijela-martinovikj-za-crnobelo-so-josip-go-pronajdov-svojot-mir-02.jpgВо разговор за CRNOBELO.com

Својата интима пејачката ја сподели и во нејзината автобиографска книга „Tuširanje duše“ (Туширање на душата), а во интервјуто за CRNOBELO.com, освен за книгата, зборуваше и за својот партнер Јосип Плавиќ, но и за куќата од соништата, која ќе биде наскоро изградена:

Во Македонија одржавте два прекрасни концерта, полни со емоции и добра енергија. Но, како си поминавте вие, бидејќи на вториот концерт во еден момент се расплакавте, а оставивте публиката да пее наместо вас… Лесно ли ве понесува таа еуфорична атмосфера што се случува поттикната од вашите песни?

Како не, многу лесно ме водат емоциите. Јас и на концертите кажав дека публиката е таа поради која и понатаму пеам, творам. Публиката и нејзината љубов ми помогнаа многу во моментите кога ми беше најтешко во животот и вечно ќе бидам благодарна за тоа.

Секојпат кога ќе се случи такво нешто како на концертите во Скопје, јас сум понизна и уште поблагодарна и си велам во себе: „Боже, фала ти за овој момент, што ми дозволуваш да имам вакво искуство“.

danijela-martinovikj-za-crnobelo-so-josip-go-pronajdov-svojot-mir-03.jpg

Ќе ве видиме ли наскоро на промоција на вашата автобиографија?

Организаторите на настани постојано ми нудат да имам концерти некаде, но потребен ни е организатор и за да може да ја промовирам книгата.

Па штом некој ќе дојде со понуда да ја преведе книгата на македонски, да ја испечати и да ја промовираме, веднаш ќе прифатам, бидејќи не сум во можност самата да го организирам сето тоа.

Ќе дојдам со отворено срце. Ќе летам, верувајте.

danijela-martinovikj-za-crnobelo-so-josip-go-pronajdov-svojot-mir-07.jpg

Зошто го избравте токму овој наслов?

Работите околу книгата се случуваа со еден неверојатен тек. При пишувањето, мој ментор беше еден од нашите најдобри писатели, Бранислав Глумац, кој има 86 години.

Тој е најзаслужен на насловот „Tuširanje duše“. Јас можеби никогаш не би се осмелила да ставам ваков наслов.

Јас станувам многу рано, особено кога не пеам, некаде околу 5 часот наутро. Го сакам тоа чувство да гледам како се буди новиот ден, ми создава среќа.

А и Бранко е ранобудник, па јас знаев да го побарам и во 6 часот наутро, да му читам дел од текстот што сум го напишала.

Во еден момент му реков: ’Бранко, ова мое пишување е туширање на душата. Така се чувствувам'.

Ми кажа веднаш да го запишам ова што го кажав: „Тоа е генијално, тоа може да биде насловот“.

Сосема случајно го избравме и ете, на крајот остана книгата да се вика така.

danijela-martinovikj-za-crnobelo-so-josip-go-pronajdov-svojot-mir-11.jpg

Дали ви беше лесно да ја напишете својата животна приказна, да раскажете работи кои луѓето не ги знаат за вас?

Мислам дека кога работите во животот се прават без никакви калкулации и од срце, тогаш тоа води кон добри цели. Јас само го слушав својот внатрешен глас.

Сфатив дека има нешто многу посебно во тој чин на пишување.

По ова, им велам на луѓето дека треба да пробаат да пишуваат и дека не е важно што ќе ’излезе од нив‘ сè додека е тоа искрено.

Јас почнав да пишувам со намера тоа да не го покажам никогаш никому.

Но, потоа почнав да разговарам со Бранко, а тој веќе ги имаше видено моите поетски записи, па срамежливо му кажав дека пишувам уште нешто.

Кога ги прочита тие страници, ми предложи да напишам книга, бидејќи имам што да раскажам.

А јас знаев да седнам во својата фотелја во која се чувствувам најудобно, да го ставам покрај себе кафето, да гледам во украсните ангелчиња кои ми го разубавуваат просторот и да потонам во моментот.

Спроти фотелјата во која седев додека пишував, има часовник. Едно утро видов дека е 6 часот. Кога го кренав погледот, веќе беше пладне. Шест часа јас не дишев, не бев свесна дека постојам, јас шест часа бев нурната во полето на моето пишување.

Секој што имал некаква фаза на инспирација ќе сфати за што зборувам. Тогаш сфатив дека пишувањето нема врска со мене, но тоа едноставно морав да го канализирам низ себе.

danijela-martinovikj-za-crnobelo-so-josip-go-pronajdov-svojot-mir-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg