Бев на концерт на Данијела Мартиновиќ во Скопје: Се соблече боса, се расплака и ѝ се поклони на публиката

Кулминација на вечерта беше кога Данијела излезе на бис за да ја испее евровизиската Neka mi ne svane. Публиката пееше погласно од неа, а таа само слушаше и уживаше со кренати раце - на крајот ѝ се поклони на публиката.

bev-na-koncert-na-danijela-martinovikj-vo-skopje-se-sobleche-bosa-se-rasplaka-i-i-se-pokloni-na-publikata-01.jpg

Данијела Мартиновиќ одржа два концерта во Македонската филхармонија (17 и 18 март) за кои долго ќе раскажуваат и зборуваат сите што дојдоа да ја слушнат и гледаат во живо.

Хрватската џебна Венера направи шоу за паметење и уште еднаш покажа дека е доволна таа самата на сцената за со својата енергија да ја стане на нозе целата сала.

Данијела пееше два часа, танцуваше, а дури и се соблече боса среде концерт за да ѝ биде „позгодно“ да скока, како што рече.

Но, да почнам од почеток - како си поминав на концертот на Данијела во Скопје?

bev-na-koncert-na-danijela-martinovikj-vo-skopje-se-sobleche-bosa-se-rasplaka-i-i-se-pokloni-na-publikata-02.jpg

Мислам дека досега сум била на десетина концерти на Данијела, уште од времето кога пееше во групата „Магазин“, па до денес.

И иако досега треба да ми е нормално и очекувано, секојпат ме изненадува енергијата што оваа пејачка ја носи во себе и ја дели со својата публика.

Данијела излезе на сцена со широка насмевка и крената рака.

bev-na-koncert-na-danijela-martinovikj-vo-skopje-se-sobleche-bosa-se-rasplaka-i-i-se-pokloni-na-publikata-11_copy.jpg

Во долгиот розов фустан и со русата коса, таа потсетуваше на Мерилин Монро, кога ја пееше Diamonds Are а Girl’s Best Friend во филмот Gentlemen Prefer Blondеs.

Застана пред микрофонот и, ми се чини уште не почна да пее, а публиката беше на нозе и веќе пееше со неа.

„Ви благодарам за љубовта што ми ја давате сите овие години. И во деновите кога ми беше најтешко, вие ме кревавте. А јас живеам и пеам за вас - мојата публика“, рече таа на почетокот на концертот.

bev-na-koncert-na-danijela-martinovikj-vo-skopje-se-sobleche-bosa-se-rasplaka-i-i-se-pokloni-na-publikata-03.jpg

Цели два часа таа не застана. Додека се нижеа нејзините најголеми хитови, скокаше и пееше, ја анимираше публиката, раскажуваше за нејзиното пријателство со Оливер Драгојевиќ, но и анегдота за првата средба со Кемал Монтено.

„Тој ѝ беше омилен пејач на мајка ми. Кога ми се јави еден ден и ми рече ‘Здраво мала, Кемо овде’, буквално паднав на земја од возбуда. Ме викна да одам кај него во студио да пробаме една песна, а ми вети и дека ќе ми купи пуканки.

Е па, пуканки не ми купи никогаш, но песната што ја направивме и денес ми е меѓу омилените“, кажа таа и ја испеа Ovako ne mogu dalje.

bev-na-koncert-na-danijela-martinovikj-vo-skopje-se-sobleche-bosa-se-rasplaka-i-i-se-pokloni-na-publikata-04_copy.jpg

Нејзината енергија ја чувствуваше секој во публиката. Не постоеше човек што не запеа барем еден рефрен.

Имаше и такви кои се симнаа пред бината, па тука почнаа да се вртат и да играат, понесени од музиката.

„Не знам зошто се мачам со штикливе. Позгодно ќе ми биде без нив“, рече таа среде концерт, па се соблече боса и продолжи да пее.

bev-na-koncert-na-danijela-martinovikj-vo-skopje-se-sobleche-bosa-se-rasplaka-i-i-se-pokloni-na-publikata-7.jpg

А публиката како маѓепсана пееше со неа. Kога неколкумина дојдоа да ѝ донесат цвеќе, Данијела застана, се изгушка со нив, се фотографираше и сето тоа го правеше со толкава леснотија и шарм, што ми се чини дека секој уште денес пак би отишол на нејзин концерт.

Иако атмосферата беше прекрасна од првата до последна песна, кулминација на вечерта беше кога излезе на бис за да ја испее евровизиската Neka mi ne svane.

bev-na-koncert-na-danijela-martinovikj-vo-skopje-se-sobleche-bosa-se-rasplaka-i-i-se-pokloni-na-publikata-066.jpg

Публиката пееше погласно од неа, а Данијела само слушаше и уживаше со кренати раце. На крајот, таа ѝ се поклони на публиката.

„Ме расплакавте. Но, поради вечери како оваа ќе пеам додека можам“, кажа таа и вети ново дружење наскоро.

Концертите на Данијела Мартиновиќ во Скопје беа во организација на „Авалон продукција“, како дел од нивниот јубилеј „30 години Авалон“.

bev-na-koncert-na-danijela-martinovikj-vo-skopje-se-sobleche-bosa-se-rasplaka-i-i-se-pokloni-na-publikata-08.jpg

bev-na-koncert-na-danijela-martinovikj-vo-skopje-se-sobleche-bosa-se-rasplaka-i-i-se-pokloni-na-publikata-46.jpg

bev-na-koncert-na-danijela-martinovikj-vo-skopje-se-sobleche-bosa-se-rasplaka-i-i-se-pokloni-na-publikata-10.jpg

Повеќе фотографии во галеријата:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

А. Ј. | Црнобело / Фото: М. Јанакиевски

Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Каде е и што прави денес Угро? „Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Инаку, моментално сум...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg