Кире Лазаров за татковството: „Ги пропуштав родендените на децата поради ракометот, но многу сум близок со двајцата“
Ги делат ли Благојче и Лана тајните со тебе или повеќе ѝ кажуваат на мајка им?
Во различни периоди од детството знаеја да бидат поблиски со мајка им, а во одредени периоди се поблиски со мене.
Мислам дека како растат, дека знаат повеќе да ми се отворат мене, отколку на мајка им.
Поделени сме - машките со машките проблеми, женските со женските проблеми.
Сега во овој период, ајде така да кажам, јас повеќе комуницирам со синот, а сопругата со ќерката.
Дали ти и Љубица си го споделувате меѓу вас трајните што ви ги кажуваат децата? Дали ако Благојче ти каже нешто во доверба, знаеш да ѝ прекажеш на неа, за да знае и таа сè?
Си ги споделуваме тајните од децата, но знам дека има и нешто што не треба да знам, па го прифаќам тоа, особено кога се работи за нашето девојче Лана.
Но, мислам дека знам многу работи.
Така функционираме и имаме доверба меѓу нас.
Колку од својот карактер препознаваш во карактерот на своите деца? Кој личи повеќе на тебе?
По карактерот ќерката е повеќе на мене, а синот е карактерно повеќе на Љубица.
Кој ги бираше имињата на децата?
Мојот покоен татко се викаше Благој, па сакав и јас, но и целата фамилија да му направиме чест и да го крстиме синот по него.
Родителите имаат направено многу за нас, а нему му беше многу драго што внукот го носи неговото име.
А името Лана го одбравме сами со сопругата, бидејќи во тој период живеевме во Хрватска, а ова беше модерно име, па се решивме да ја крстиме така.
Се гордеат ли со тебе како татко?
Мислам дека тоа нема никогаш јавно да го кажат, но во себе се навистина горди.
Прочитајте и Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ја завршам кариерата“
Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело / фото: Приватна архива / Инстаграм