Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме да живееме заедно“
Знае ли некогаш да те искритикува, да каже дека нешто не ѝ се допаѓа?
Да, таа знае да ми биде најголемиот критичар, но и да ме пофали кога мисли дека треба.
Таа и пред да ми стане девојка нема пропуштено моја емисија, и ме знаеше од претходно и ми кажуваше каков сум бил.
Па и сега знае да седне во недела и да ми рече да гледаме G Carpet, а знае да ми сугерира и за гости и за прашања, и за моето однесување.
Колку време го спремаше запросувањето?
Во животот сум живеел во различни држави и во Европа и во Азија, сум спремал различни настани, концерти, сум работел многу работи, кои не биле поврзани само со јавна работа, но биле многу одговорни.
Но, седмицата пред запросувањето ми беше една од најтешките, бидејќи имав измешани емоции и не знаев дали ќе биде сè во ред, не со неа, туку целата организација со виолинистот Виктор Ангелов, со ресторанот во Рим.
Но мислам дека Марс и Венера се споија за да ни испадне сè како што треба, и пак ќе кажам, ова е Божја волја, фала му.
Кој ти помогна со изборот на прстенот? Го бендиса таа? Точен ѝ е?
За да го купам прстенот отидов сам, а ми помогнаа луѓето од златарницата.
Гледавме фотографии од нејзината рака. Бидејќи е одбојкарка, има голема дланка, прсти, па според фотографија решававме, ама прстенот ѝ е точен.
Ја шокираше ли малку кога клекна на колена?
Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од мојот потег.
Знае дека сум темпераментен, но и дека знам да сменам расположение бидејќи сум Рак со подзнак Лав.
Од мене може да очекува сè. Таа е заљубена во Рим, а пред да заминеме ми кажуваше дека патувањето таму ѝ било желба од мала, која немало кој да ѝ ја исполни.
Мислам дека вечно ќе го памти моментот кога ја запросив.
Свадба – кога, каде, имаш ли кумови, што е спремно, а што ќе спремате допрва?
На 17-ти септември ќе правиме голема свадба, всушност, тоа ќе биде голема журка, ќе биде една од поубавите, поградските и поголемите свадби во Македонија.
Ќе биде на rooftop во новото диско „Клик“ во Штип, ќе има многу гости од естрадата, од политиката, од бизнисот, од судството, спортот, модата, бројни функционери и јавни личности, со огромна агенда, и многу македонски пејачи кои ќе се менуваат на „саат време“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





