Нина Спасовска (11) танцува како да лебди: „Со првото соло освоив 1-во место, во еден ден настапив 35 пати“

„Сум имала незгодни ситуации со костимите, да го згазнам или да повлечам некој дел од костимот додека играм, а ми се случило и да паднам на сцена. Од многуте циркони и сите додатоци кои се ставаат на фустаните, се лизнав и паднав. Но и тогаш во секундата станав и продолжив да играм како ништо да не се случило“, вели танчарката Нина Спасовска (11), која е наша гордост.

nina-spasovska-11-uspeshna-tancharka-so-prviot-solo-tanc-osvoiv-prvo-mesto-vo-eden-den-nastapiv-35-pati-a-sum-padnala-i-srede-tanc-01.jpg

Нина Спасовска (11) од Скопје е VI одделение во основното училиште „Мирче Ацев“ во населбата Ѓорче Петров. Веќе 5 години Нина танцува во студиото Dancers United, а специјалност ѝ се Cha cha cha, Samba, Jive, Rumba, Paso Doble.

Во изминатите години, Нина учествуваше на многу натпревари, некои од нив и на светско ниво, и освои бројни награди.

Во разговор за CRNOBELO.com, младата танчарка ни раскажа за своите почетоци и за предизвиците со кои се соочува, но и за љубовта кон танцот.

nina-spasovska-11-uspeshna-tancharka-so-prviot-solo-tanc-osvoiv-prvo-mesto-vo-eden-den-nastapiv-35-pati-a-sum-padnala-i-srede-tanc-03.jpg

Нина ни раскажува за љубовта кон танцот:

Кога почна да се занимаваш со танц?

Почетокот на мојата приказна е многу интересен, случаен, дури неверојатен. По завршувањето на прво одделение, бевме со моите родители во еден ресторан во чија близина има спортска сала и во моментот се случуваше танцов натпревар.

Додека ние седевме, доаѓаа насмеани девојчиња во костими, нашминкани, исполнети со убава, позитивна енергија и сето тоа ни привлече внимание.

За кратко се најдовме во спортската сала и гледавме десет различни видови на танци.

Кога заврши групата на Dancers United, која тогаш најмногу ми се допадна, на моите родители им реков јас сакам да танцувам како нив.

Се сеќавам, мојата мајка веднаш отиде до групата, се информираше за нивното танцово студио и од септември, кога веќе имав шест години почнав да танцувам латино токму таму.

nina-spasovska-11-uspeshna-tancharka-so-prviot-solo-tanc-osvoiv-prvo-mesto-vo-eden-den-nastapiv-35-pati-a-sum-padnala-i-srede-tanc-04.jpg

Дали танцуваш сама или некогаш играш и со партнер?

Како на почетокот, така и денес, пред сè танцувам во формација, меѓутоа многу брзо по моите почетоци, од клубот ми дадоа можност да танцувам и сама во Solo Show категорија, така што сега напоредно сум во неколку категории.

Досега не сум играла со партнер, меѓутоа желбата постои, посебно по натпреварот во Варшава каде еден од моите тренери Никола Дамовски со својата партнерка Анастасија Бановиќ го освоија третото место на светско ниво, успех на кој посебно се радувам.

Инаки, специјалност ми се Cha cha cha, Samba, Jive, Rumba, Paso Doble.

nina-spasovska-11-uspeshna-tancharka-so-prviot-solo-tanc-osvoiv-prvo-mesto-vo-eden-den-nastapiv-35-pati-a-sum-padnala-i-srede-tanc-05.jpg

Каде сè си се натпреварувала и можеш ли да ми наброиш некои најзначајни награди што си ги освоила и која ти е најдрага?

Прво почнав да се натпреварувам во Скопје, државен натпревар кој никогаш нема да го заборавам затоа што со првата соло кореографија го освоив првото место.

И така почна сè. Следуваа златни медали, пехари од светски, европски натпреварувања кои беа во Атина, Темишвар, Осијек и последниот златен медал со групата во Варшава.

Сите досегашни награди, признанија и искуства ми се посебно драги, чувството кога ги прогласуваат победниците не се опишува со зборови.

Кога ме прогласија за победник во мојата категорија соло во Темишвар и Осијек, каде во конкуренција беа поголеми и поискусни девојки од мене, плачев од среќа. Веројатно тие моменти никогаш нема да ги заборавам.

nina-spasovska-11-uspeshna-tancharka-so-prviot-solo-tanc-osvoiv-prvo-mesto-vo-eden-den-nastapiv-35-pati-a-sum-padnala-i-srede-tanc-06.jpg

Исто така, морам да го издвојам и огромното искуство што го стекнав на последното светско првенство кое се одржуваше во Варшава, меѓутоа во Solo Open категорија.

Ова ми беше прво искуство во Solo Open и презадоволна сум од резултатите што ги постигнав во сите пет танци.

Во оваа категорија настапив 35 пати во еден ден затоа што имав многу голема конкуренција, од  околу 80 танчарки, а најголемиот успех ми беше во Paso Doble, каде го освоив 12-то место на светско ниво.

Она што е најважно дека ова не е само мој успех, ова е успех на сите кои веруваа и веруваат во мене, на целото мое семејство, целиот тим, на моите тренери кои се вложуваат 100%, почнувајќи од Сара и Нермин Кочан, Никола Дамовски и Евгенија Арсова која ме тренира лично и во група повеќе од две години, а на која сум ѝ посебно благодарна затоа што за секој натпревар ме подготвува психички, физички со посебна кореографија и е тука за мене во секој момент.

nina-spasovska-11-uspeshna-tancharka-so-prviot-solo-tanc-osvoiv-prvo-mesto-vo-eden-den-nastapiv-35-pati-a-sum-padnala-i-srede-tanc-07.jpg

Што е најважно за некој да е успешен на ова поле? Што оценуваат судиите највисоко – техниката или кореографијата?

Вежбање и само вежбање - така ме учат тренерите, така и правам, така гледам и од најуспешните кои што се дел од клубот.

Но, од последните натпревари и самата сфатив дека треба многу дисциплина, редовно спиење, здрава храна и смиреност.

Јас ја имав таа среќа да тренирам со повеќето тренери од клубот. Секој од нив си има своја техника, пристап, пренесување искуство и знаење.

Многу научив од сите и на сите сум им многу благодарна за комплетната поддршка изминатите години.

nina-spasovska-11-uspeshna-tancharka-so-prviot-solo-tanc-osvoiv-prvo-mesto-vo-eden-den-nastapiv-35-pati-a-sum-padnala-i-srede-tanc-08.jpg

Морам да кажам дека поминавме и две години танцување од дома за време на короната и тоа беше најтешкиот период, ама и време кога внесував музика и танц во домот.

Последните две години за моите кореографии, со кои постигнав врвни успеси, е задолжена Евгенија Арсова која постојано ми напоменува дека сè е важно за натпреварите, од самото стапнување на сцената до поклонувањето на самиот крај на танцот.

А најдобро кај судиите поминуваат оние кои имаат добра техника, кореографија, изведба и музикалност.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg