Лола Астанова, најсекси пијанистката во светот: „Ми годи овој епитет, едвај чекам да ја вкусам македонската храна“

Поради вашата професијата и брзиот начин на живот имате време за љубов или тоа е (скоро) невозможно?

Секогаш одвојувам време за важните работи во мојот живот надвор од музиката, така што, да, има можност и за љубов.

Прашање е само да се најде време и да се одржи тој баланс помеѓу работата и забавата.

kje-go-prifatam-trofejot-najseksi-pijanistka-zvuchi-zheshko-no-jas-ne-se-dozhivuvam-taka-intervju-so-lola-astanova-pred-koncertot-vo-skopje-09.jpg

Имаше моменти кога ве поврзуваа со Стјепан Хаусер од 2Cellos и романтично и професионално. Дали сте и понатаму во контакт, настапувате ли понекогаш заедно?

Со Стјепан заедно направивме дуетски проект и среќна сум што видов дека започнавме тренд за кул нови дуети во инструменталниот свет, бидејќи тоа беше возбудливо и револуционерно.

Но, деновиве двајцата сме фокусирани на сопствените соло проекти и немаме планови за заеднички настапи.

Но, како што велат, никогаш не вели никогаш!

kje-go-prifatam-trofejot-najseksi-pijanistka-zvuchi-zheshko-no-jas-ne-se-dozhivuvam-taka-intervju-so-lola-astanova-pred-koncertot-vo-skopje-02.jpg

За вас велат дека сте најсексапилната пијанистка на светот... Се сеќавате ли како се чувствувавте кога првпат го слушнавте ова? Дали ви се допадна?

Ќе го прифатам тој трофеј... Звучи прилично жешко.

Но искрено, не се гледам себеси на тој начин и не размислувам за себе во такви услови.

kje-go-prifatam-trofejot-najseksi-pijanistka-zvuchi-zheshko-no-jas-ne-se-dozhivuvam-taka-intervju-so-lola-astanova-pred-koncertot-vo-skopje-04.jpg

Настапувате во високи потпетици, секси фустани и оставате силен впечаток кога сте на сцената. Дали ве критикуваа на почетокот поради тоа што сте смела и различна?

Кога си свој, што е важно што велат критичарите?

Критичарите секогаш ќе најдат нешто да критикуваат, а јас само сакам да го правам она што сметам дека е правилно и искрено за мене.

А таа искреност е она со што луѓето навистина се поврзуваат, и покрај тоа што го кажуваат критичарите.

kje-go-prifatam-trofejot-najseksi-pijanistka-zvuchi-zheshko-no-jas-ne-se-dozhivuvam-taka-intervju-so-lola-astanova-pred-koncertot-vo-skopje-17.jpg

Имате ли стилист за вашиот сценски изглед или самата ги избирате фустаните?

Генерално, јас самата го создавам својот изглед и ги избирам моите модни комбинации.

Добивам различни парчиња облека и од дизајнери и секогаш ја ценам нивната креативност, но таа мора да одговара на мојата личност за да можам да ја носам.

kje-go-prifatam-trofejot-najseksi-pijanistka-zvuchi-zheshko-no-jas-ne-se-dozhivuvam-taka-intervju-so-lola-astanova-pred-koncertot-vo-skopje-08.jpg

Изгледате неверојатно. Како го одржувате вашето тело во добра форма? Која е вашата дневна рутина?

Добра генетика, здрава исхрана и вежбање.

Не следам строги диети и не се „убивам“ во теретана секој ден...

Всушност, уживам во добра храна и никогаш не би се откажала од јаглехидратите, на пример.

Но, тоа што постојано правам ситници за себе, всушност, ми помага на долг рок. Клучот е во доследноста.

kje-go-prifatam-trofejot-najseksi-pijanistka-zvuchi-zheshko-no-jas-ne-se-dozhivuvam-taka-intervju-so-lola-astanova-pred-koncertot-vo-skopje-10.jpg

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Фото: Приватна архива/Инстаграм



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Јелена Карлеуша за CRNOBELO: „Еден ден ќе станам светска ѕвезда“ „Ника и Атина се скромни девојчиња, така ги воспитав. Пред Ника да почне да сним...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg